Дали навистина сѐ е толку штетно како што се тврди?

  • Креатор на темата Креатор на темата lakiforza
  • Време на започнување Време на започнување
Темата е како храната и другите фактори битни за живот имаат влијание на должината на животот, односно колку се штетни. Не дали имале лекарства од типот на парацетамол и слично. Тоа време се умирало од банални работи, тоа е точно, ама од причина што владееле војни и терор од државите во кои се живеело. Прашањето е, ако се е толку сјајно како што овде некој сака да го прикаже зошто на пример Марко Поло забележал дека некои Јоги живееле по 150 год. пред некои 5 века на пример.
Ок јас онака само како факт го наведов тоа.

Еве за храната што имам да кажам. Не е спорно дека балансирана исхрана која воедно не е заразена од пестициди и други штетни влијанија е важен фактор за долг живот.

Понатаму под други фактори би ги навел водата, физичката подготвеност и психолошки фактор т.е стрес.

За првите две денес како и пред сто години имаш избор дали ќе јадеш храна со пестициди или здрава храна, за водата исто така, физичката подготвеност е прилично независна од временскиот период дури денес имаш и повеќе услови за такво нешто.

Според мене најголемиот и најбитниот фактор денес е стресот на кој сме изложени кој е неспоредливо поголем од пред 10 20 30 години.

Денес сме бомбардирани со информации, очекувања за успех па дури и самиот систем капитализмот е насочен кон тоа „квантитет пред квалитет“.

Уште нешто заборавив сигурно генетскиот фактор т.е генетиката игра голема улога во целава приказна.

П.С Тоа за Марко и јогите би го земал со резерва колку што знаеме може и во кучешки години да сметале они, чисто сумњам дека имале унифициран систем како што имаме денес.
 
Сакав еднаш да отворам и ваква тема- За штетноста и за животта,но што би одбрале
100 години здрав живот во Порече,Мариово,Осогово,Малеш...со домашно месено лепче, тазе козјо млеко, шумски јагоди ...
или половина од тоа ама до гз на сити молови,сендвичарници,кладионици,кафичи,фабрики,булевари и раскрсници.
 
Се е релативно, особено кога се зема да се дискутира за вака општа тема и особено кога се генерализира.
Дали се работи за акутна штетност на нешто, дали хронична долготрајна изложеност. Дали тоа е токсин од ботолинум, чија средна смртоносна вредност е 1-2 нанограми на килограм телесна тежина и убива директно со акутна изложеност, или се работи за дискусија за штетните ефекти на кујнска сол на пример, која кај срцеви болесници предизвикува задржување на натриум и вода кое може да придонесе за понатамошни проблеми.

Генерално земено, прифатено е дека секоја нова промена која не била воведена во текот на адаптирањето, ќе има свои непредвидливи ефекти врз организмите, тоа е цената на модерната угодност и практичност.
Само еден пример, чистата вода, фрижидерите, одвојување на санитарниот одвод, предизвикале и тоа во временски тек, пократок од еден век драстично да се промени квалитетот на водата и храната, повеќе нема гомна, бактерии и паразити во водата која се пие и намалени се шансите од инфективни заболувања предизвикани од микроорганизми.
Ама тоа имало своја цена, ако до пред помалку од век, а и денес во третиот свет, немало човек без паразити во цревата, па дури и цели возрасни глисти, денес во отсуство на нив, телото, кое си има механизми да се забавува со нив, да биде зафатено цело време борејќи се со бактериите и глистите, денес во недостаток на нив, да се врти кон нештетни надворешни фактори, што е основа на алергиите.
Е сега, кој нормален би рекол, вратете ги глистите на трпезите?

Исто кога сме на дискусијата за должината и квалитетот на животот, несомнено е дека модерното живеење имало позитивен придонес и врз двете варијабли.
Вие кои лаички спомнувате како во селото на баба ви живееле до 70-80 години, имајте во предвид дека тие биле само еден мал процент од населението кое било родено и живеело, чист пример на селекција. Прашајте ги колку браќа и сестри им умреле како бебиња.
И за тие јогините, очигледно тоа е само едно недоразбирање, ама и навистина да имало таков случај, не е ништо фрапантно, тоа бил еден од стотици илјади кои се селектирале претходно и умреле долго пред денешниот просечен очекуван животен век и кои не ги спомнале во забелешките.

Ова е само еден график за структурата причините за смртност во Америка во 1900 и во 2010.

123456.png
 
Не знам за другиве болести, ама искрено у тој период да умирале толку малку луѓе од канцер у 1900та ми е нереално.
Повеќе би рекол дека и тогаш ги имало многу повеќе од таа бројка, може не колку денес, само се работело за мисдијагнози.
 
Прегледај го приврзокот 96359
И во денешно време повторно се навраќаме на природно лечење (алтенативно со: чаеви, тинктури, сокови итн.).
И незнам што толку против ГМО сте тргнале. Моменталниот проблем кај ГМО-то е што не е доволно напреднато, истражено. А, самата замисла како ГМО е ок. Е сега тоа што некој може да го злоупотреби па да те убива со храната е друго. Денес можеби месото е проверено пред да стигне на трпезата. Но повеќето месо е од животни кои немаат изодено 1 м во животот, немаат апнато едно растение, туку се нонстоп затворени и хранети со концентрати.
Водоводите во некои градови се сеуште со азбестни цевки,
Електрониката којашто не опкужува има негативно влијание врз човечкото тело.

Но сепак не сме принудени на ништо од тоа. Наш е изборот,

Не е точно дека е недоволно напреднато или недоволно истражено. Ова се застарени информации.

Пример, студиите кои поврзуваа ГМО пченка со рак се повлечени од пред 6-7 месеци за повторно истата да ја понуди истиот научник во различен магазин.

ГМО семиња комерцијално се продаваат веќе 20 години а се тестираат од многу поодамна.
Досеа милиони луѓе имаат јадено ГМО без никакви штетни последици.
Ова не значи дека нема апсолутно никаков ризик, туку дека ризикот е многу мал.

Понатака, постојат високи стандарди и строги протоколи за одгледување, чување, производство и продажба на ГМО. Не иде туку така.

Се работи за државни одобренија и екстензивно тестирање и секакво сито и решето пред уствари да започне производство.

Не е точно дека "научниците благе везе немаат какви мутации можат да настанат."
Уствари, ненамерни мутации де факто постојано се дешаваат во природата, така да во контролирани услови шансата за тоа можда е и arguably помала.

Животните денес се хранат со многу поквалитетна храна од порано во поглед на нутриционистички вредности и пропратно се подобро чувани во подобри, похигиенски услови.

Тоа со електронските направи и електромагнетно зрачење е одамна дебанкиран мит.
Еден куп истражувања се праени на таа тема и не е најдено евиденција која потврдува значајно штетно влијание врз човечкото тело од страна на дозите ЕМР од електронски направи ко мобилен.

Азбестните цевки стануваат опасни кога заштитната облога е оштетена и притоа азбестот се запекува, односно лесно се рони.[DOUBLEPOST=1403933143][/DOUBLEPOST]
На wikipedia шансите нешто да е точно/неточно се 50-50. А статии за USA не важат за остаток од светот.

Прегледај го приврзокот 96339

Како успеа од сликава да ги дедуцираш бројкиве?
 
Последно уредено:
Сакав еднаш да отворам и ваква тема- За штетноста и за животта,но што би одбрале
100 години здрав живот во Порече,Мариово,Осогово,Малеш...со домашно месено лепче, тазе козјо млеко, шумски јагоди ...
или половина од тоа ама до гз на сити молови,сендвичарници,кладионици,кафичи,фабрики,булевари и раскрсници.
Без струја вода и канализација, со полско ВЦ 30 метри зад куќа во кое ќе трчаш по калта во дождлив ноември во 11 навечер, ќе се капиш во корито со потурување со сапун од маст и пепел, и на лето ќе готвиш на оган, целиот ден од 5 сабајле ко ќе станеш до 11 вечер ко ќе легнеш ќе ти биди со цел да ископаш, навадиш, изретчиш, посадиш собереш, ожнееш, однесеш добиток на пасење, напоиш исчистиш шталата измолзиш подготвиш млеко за сирење однесеш жито на мелење замесеш леб собериш дрва запалиш оган, заколеш иискубиш и исчистиш кокошка... Многу романтично си го замислувате селскиот живот, и денес со механизација не е лесен а камоли онака “природен како на времињата“ нема време за читање, филозофирање, уживање, нема “ќе си земам 3-4 дена боловање“, “ќе си земам 10 дена одмор“ “денес ми се излежава“ и во сабота и недела и за празник, добитокот сака паша, вода, чистење, постелување.
Тоа шо го опиша ти е селски туризам, да појдеш и в село со фотоапарат и некој да ти прави сирење, одгледа зеленчук и овошје замеси леб запали оган... Порано само богати чорбаџии и турски аги така живееа. Шо мислиш зошто ко им се пружи прилика да го напуштат селото и “здравиот живот“ секој шо можеше - така и направи?
 
Не знам за другиве болести, ама искрено у тој период да умирале толку малку луѓе од канцер у 1900та ми е нереално.
Повеќе би рекол дека и тогаш ги имало многу повеќе од таа бројка, може не колку денес, само се работело за мисдијагнози.
Најверојатно е точен податокот. За неоплазма треба серија од мутации, што значи почеста е кај постари пошо живеат доволно долго за да ги дочекаат мутациите.
 
Не знам за другиве болести, ама искрено у тој период да умирале толку малку луѓе од канцер у 1900та ми е нереално.
Повеќе би рекол дека и тогаш ги имало многу повеќе од таа бројка, може не колку денес, само се работело за мисдијагнози.
а кузнај колку дијагнози беа точно поставени во 1900
 
Летче 3 - еве денес што чув пред кооперација во поречка Белица.
Благоја(тупарко)го отпишале на клиникиве во Скопје и го донеле тука в село со комбе и цревата за дишење во уста,
го оставиле,ама овој за инат на медицината не да умрел за една недела како му рекле туку се повратил - оживел,
и ене го сега како прч се шета по се уште единствената незагадена река во Македонија таму,продал некое нивче,си купил кола и коза. И ќе продолжи да живее без Рамстор и Веро и аква паркови и барок.
На Скопје повеќе не мисли, Скопје е ламја.Колку дочекава лица пензија.што работеа во Охис,железара,пелагонија,алумина.
Поверојатно тоа ќе им се деси на печалбарите во Дојчланд, таму ја работат само работата,немат таму ниви и фолии.
 
Какви времиња дојдоа, да ти е страв да јадеш, а не па друго..... највеќе од се ми пречи е тоа што ГМО храната ја има се повеќе и повеќе по пазарите.....
 
Значи најважно ми беше да потенцирам пошто гледам не сте ме разбрале доволно али добро е пак се отвори дискусија добра,не мислев за храната или како поим за штетно ГМО или пестициди или незнам што,него просто за ете секојдневно на интернет статии има пиши на пример јабуката е штетна и одма имаш милион информации за тоа дека е штетна,тоа го лупнав пример,тоа што ме натера да ја постирам темава случајно налетав на статија една дека мастиките без разлика општо сите мастики orbit,airways и други дека биле штетни,е сега на кој начин,беше објаснето дека и тие што се без шекер содржат аспартам супстанца која се користи во диеатална кока кола мастики и слично за да даде благ вкус без притоа да се користи шеќер,кога џвакаме мастика телото се информира дека нешто ќе влезе во желудникот и истот се спрема за дигестија со тоа што лачи желудочен сок и останати течности кои се лачат без потреба и предизвикуваат чиреви и други заболувања...Слични такви заебанции беа карфиолот канцероген,10 овошја што можат да убија и незнам што друго...Значи не се обрнува внимание на ГМО или пестициди туку само се гледа некој да извади информација која ке ве лупне од земја,,е сеа со која цел не се знае за публицитет ,пари и слично не знаеме...
 
А што сте се сите запнале со тоа "ГМО ХРАНАТА" и само "ГМО ХРАНАТА"? Од каде толку сте сигурни дека ГМО храната е штетна? Не викам дека не е, можеби е но сеуште не е докажано какви последици остава по здравјето на луѓето.

Студиите покажуваат дека американците годишно во просек јадат повеќе ГМО од нивната телесна тежина

http://stopgmomk.wordpress.com/2014/01/08/студиите-покажуваат-дека-американци/
 
A ti kako ekspert gi zema amerikancite za reper i relevantna nacija pa bas za GMO a?
 
@UpaDown ти и твоето другарче @Heresy Escalates големите експерти можете комотно да се убиете со вашето белосветско размислување еве ви неколко причини
1.Зашто во денешно време има повеќе срцево болни и инфаркт што понапред не било замисливо за млад човек од 20 до 30 год
2.Зашто се повеќе луѓето денеска се жалат на висок притисок болки во глава
3.Зашто дебелината се повеќе зема замав и ке се смета за број еден лекарски проблем во иднина
4.Зашто се повеќе има болни од шеќерна болест дијабетес
5.Зашто се повеќе луѓето бараат алтернатива во одледување на сопствена исхрана
6.Зашто денеска храната ако ја оставиш два дена се расипува што понапред не било замисливо за твоја информација градски момак и експерт прашај што е мукеница.
7.Зошто се повеќе има скандали со расипано млеко т.е состојки забранети за употреба па ако логички размислуваш значи све пиеш само млеко не пиеш
8.Зошто има се повеќе заболени од рак покачени триглицериди маснотии во крв што понапред било научна фантастика
9.Зошто денеска се повеќе млади умираат што понапред и покрај тешкиот живот на живеење достигнувале во просек до 80 години.
10.Зошто денеска постојат болести што понапред не ни постоеле и покрај како што викаш нехумани услови за живот ама изгледа лоша претстава имаш живот на село city boy лоши филмови гледаш
11.Зошто денеска се повеќе бараат алтернативи во природни лекови и се плаќаат огромни суми на пари за природно лекување.
Имам уште милион причини да ти наборојам краток е овој форум
 
едитирано од модератор

И порано луѓе умирале од рак само што не сме биле способни да го дијагностицираме ракот. Ниту пак порано сељаците ко тебе биле спамани постојано со заплашувачки видеа за ракот.
Најчести причини за дијабетис се генетска сусцептибилност и автоимуни реакции.
Луѓето пристапуваат кон алтернативна медицина пошто се глупи, неписмени, и преплашени од дискавери тезгароши.
Пристапуваат кон одгледување на своја рака пошто мислат дека нивните примитивни методи се боље од сите прехрамбени стандарди.
Ова со млеково ти нема благе везе со темата. Еден "скандал" од кој никој не умре.
Ова со расипувањево уште помалце. Денес имаш конзерванси кои спречуваат храната да се расипе и да трае подолго од вообичаено. Ова што го збориш е нелогично.
 
Последно уредено од модератор:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom