Прегледај го приврзокот 96359
И во денешно време повторно се навраќаме на природно лечење (алтенативно со: чаеви, тинктури, сокови итн.).
И незнам што толку против ГМО сте тргнале. Моменталниот проблем кај ГМО-то е што не е доволно напреднато, истражено. А, самата замисла како ГМО е ок. Е сега тоа што некој може да го злоупотреби па да те убива со храната е друго. Денес можеби месото е проверено пред да стигне на трпезата. Но повеќето месо е од животни кои немаат изодено 1 м во животот, немаат апнато едно растение, туку се нонстоп затворени и хранети со концентрати.
Водоводите во некои градови се сеуште со азбестни цевки,
Електрониката којашто не опкужува има негативно влијание врз човечкото тело.
Но сепак не сме принудени на ништо од тоа. Наш е изборот,
Умирале заради тоа што медицината заостанувала - луѓето претежно живееле во руларни средини. Пак ќе прашам, дали доколку сега некој го живее стариот начин на живот во такви услови но со оваа медецина, ќе живее помалце или подолго?
ќе живее многу подолго. Видете со зголемување на популацијата, загадувањето на почвата, намалување на шумите итн инт. обработливото земиште се намалува, па целата храна за општеството се произведува на ограничена територија. Проблемот е природната околина, инстектите и штетниците кои ги има на секоја обработлива почва стануваат се поотпорни на отровите со што ги прскаме растенијата. Аналогно на тоа за неколку години таа почва нема да биде ни обработлива ни ќе може да се сади нешто таму. Штетниците ќе развијат таков имунолошки ситем што ни цијанид нема да ги убива. (Најбрзо мутираат баш оние инсекти што ги напаѓаат житните култури, а секако тука се и покрупните животни како зајаци, кртови и слично) Оттука ние со поминување на времето ќе јадиме се повеќе прскана храна со отрови. Телото се повеќе и повеќе ќе прима отрови преку храната, а сите наредни генерации ќе имаат послаб имунитет и ќе се боцкаат со се поопасни вакцини. Од тоа нема бегање. Ќе биди преживување на најсилните.
Гмо е еден начин со кој би се спасиле од таа судбина, ама моментално е повеќе штетно отколку позитивно.
Истото се однесува и на животните, денес големите фарми ги клукаат животните со хормон за раст, со цел да го максимизираат профитот. Тоа пак директно влијае на нас. Имате забележано како линијата на достигнување на пубертет се намалува секога година? - Па имаме девојчина на 15 години со тело како 23 години. Машки пуштаат брада на 13 - 14 години. Тоа се тие девијации на телото поради отровите. Со тек на време ќе биде се полошо и полошо,
Е сега напредната технологија пак го исфрли факторот нечиста вода за пиење, што беше главна причина за високата смртност на луѓето во предходниот век. Исто така не заштити од некои болести кои биле многу чести во минатото . туберколоза и слични
Секако за големата смртност во предходниот век големо влијание имале и војните кои носеле болести на еден регион од сите страни на светот (борци од африка ќе донесат болест за која европјаните немаат развиен имунолошки систем). Телата во распаѓање на војниците и добитокот уште повеќе придонесуваат за ширење на болести. А тука е и хемискиот отров употребен во прва светска војна баш на балканов. Септички јами на секаде.
Органско производство не постои. Најчесто т.н. органски фарми купуваат земја далеку од останатите фарми, на места каде на таа почва се нема ништо предходно садено, штетниците се во мал број, а земјата не е прскана предходно. Аналогно на тоа растенијата растени на таа почва ретко дека би фатиле некоја болест, ама сепак за превентива и тие се прскаат со билки и отрови (најчесто само за ситни инсекти), но не толку многу колку останатите. Затоа таа храна е поздрава ама не и ПОСКАПА.
Според мене најдобро би било да се затворат границите за инмигранти од друг континент, тоа што си е наша земја ни е доволно нас, а црнцине од Нигерија ако имаат доволно храна нека си се размножуваат до милијарди. Истото важи и за индијци, кинези и индо кинези.
Најдобро би било за едно општество кога ќе си има природна населеност, земјата да нема суфицит ни дефицит на храна, со тоа обработливото земиште нема да се исцрпува до максимум. Ќе има ротација на културите и прескокнување на години. Нема да има потреба од зголемо производство на месо, со што ќе се намали употребата на недозволени супстанци во храната на животните.
Со напредната технологија, виско развиената медицина и здравата храна човекот може да живее многу повеќе него денес. Пример Јапонците.
Арно ама ова е утопистичко размислување. На капиталистичките шефови во Европа им требаат црнци, кинези и индијци за да работат за смешни плати. Наспроти нив и сите останати европјани се во ќар од имигрантите, само што колку ќе може една земја да ги издржи со храна сите тие луѓе. Еден ден Европа ќе биде преплавена со имигранти, Африка ќе има милијарди народ кои ќе немаат ни храна ни вода па спас ќе бараат во Европа и Америка. Индијци и Кинези ќе има насекаде. Се додека еден ден ќе почне да снемува храна. Е тогаш ќе биде интересно.