Дали на партнерот му "буричкате" во мобилниот телeфон?

  • Креатор на темата Креатор на темата DimceY
  • Време на започнување Време на започнување

Дали на партнерот му буричкате во мобилниот телефон??

  • ДА

    Гласови: 89 24,5%
  • НЕ

    Гласови: 167 46,0%
  • Понекогаш

    Гласови: 107 29,5%

  • Вкупно гласачи
    363
А дали довербата е заснована врз то дали женската ти чепка или не ти чепка по телефонот?..
За мене е многу глупа и банална работа и не обрнувам никакво внимание. Ако ги прочиташе мојте постој ќе го заклучеше то.

Се жестиш сега и кон мене беспотребно. Коментарот на Сатори беше упатен кон членот medicinska. Која напиша дека го фатила дечкото како ја изневерува и пак е со него. Ироничниот коментар на Сатори е “на место“ според мене, бидејќи medicinka е сеуште девојка на момче кое ја изневерува.

Другото подолу во мојот пост е само надоврзување.
 
Не му го чепкам телефонот во смисла да читам пораки, да се обидам да откријам нешто што можеби крие од мене и сл.
Ако тој сака да ме излаже, да има контакти или било што со други, факт е дека може да го направи тоа на било кој начин, а ако не сака јас да дознаам многу нормално дека докази нема да остави. Но, тоа не е ни важно. Важното е дека ако јас постојано се сомневам во него и барам начини да откријам дали ме лаже, батали ја таа врска со таков ум.
 
~*~

Сатори, уште со патетиките? Дај молим те.

Абе девојче (цуро), ако ти се сметаш за неспособна и мораш да го контролираш дечко ти, океј, нема проблем, тоа си е твоја ментална состојба.
Али само, само се прашувам што ако он почне тебе да те контролира, па сите мали прљави тајни излезат на површина?
:retard:
 
На анкетата одговорив ПОНЕКОГАШ само затоа што да ми се случуваше да му буричкам по телефон порано, затоа што стварно ме грицкаше нешто, а можеби и тој ми даваше повод за тоа кога мистериозно зборуваше на телефон.Инаку воопшто не ми смета ако тој ми чепка по телефон, едноставно затоа што немам што да кријам ама мислам дека скоро секој кога е на почеток на врската заради тоа што малку знаеш за другиот можеби и превземаш некои вакви кгб-чекори, ама подоцна кога се знаеш, заедно си и имаш доверба нема потреба од вакво нешто.Еве и јас искрено долгоо немам испитано ништо.И исто непобитен е фактот дека чепкање по телефон или други вакви шпионски активности се знак за недоверба во партнерот.
 
Немам такви фрустрации
Секој од парнерите потребно е да има мал дел на своја интима,
Ако мегу нас постои, поштовање и доверба, мене ич не ме интересира нејзиниот мобилен, или со кого таа разговара или се допишува слично, во спротивно, ако се решам да ја контролирам и тоа во почетна фаза нормално дека ке и го разгледам малце мобилниот, подоцна другарките, што и како прави.
Но, реков пред се, тоа за мене е ситница, на која не помислувам и не би се замарал, :smir:
 
Али само, само се прашувам што ако он почне тебе да те контролира, па сите мали прљави тајни излезат на површина?
:retard:

Обично за да се откријат малите валкани тајни е потребно мнооогу повеќе од читање смс пораки:)
 
Никогаш досега, а и немам намера за понатака
 
Понекогаш да. Некогаш тоа е посилно од мене. А јас се противам на тоа он да буричка во мојот... :\
 
Понекогаш да. Некогаш тоа е посилно од мене. А јас се противам на тоа он да буричка во мојот... :\

И ти како мене си за еднаквост во секоја ситуација особено меѓу половите нели? “Двоен аршин“ не ни знаеш што значи како термин нели, а камо ли да го употребуваш во реалноста. :pos:

Ја имам таков еден другар... девојка му не смее да мрдне никаде и во состојба е да го запали светот само ако погледне некаде на страна. Во исто време тој има три други девојки. Велам како можеш така? Неговото генијално оправдување е... “Јас сум друго“. :zid: :pos:
 
Абе девојче (цуро), ако ти се сметаш за неспособна и мораш да го контролираш дечко ти, океј, нема проблем, тоа си е твоја ментална состојба.
Али само, само се прашувам што ако он почне тебе да те контролира, па сите мали прљави тајни излезат на површина?
:retard:

Хахахаха! :)
Сатори, не улази молим те. Да го контролирам дечко ми со то шо ќе му чепкам по телефонот? Веќе кажав. Кој нормален би чувал нешто во телефонот шо можи да му ја загрози врската?
 
Ја имам таков еден другар... девојка му не смее да мрдне никаде и во состојба е да го запали светот само ако погледне некаде на страна. Во исто време тој има три други девојки. Велам како можеш така? Неговото генијално оправдување е... “Јас сум друго“. :zid: :pos:

Whoaaaa, не сум отишла дотаму сеуште! Скраја да е бре! Кај ме споредуваш со типов :P
Не, сериозно, навистина сум за еднаквост (бар во најголемиот дел од работите), ама...хммм....паа...кхмгм..,чисто од љубопитност:kesa:
Тоа ме прави кучка? Хмм...
 
Тоа те прави себична, за кучка ќе мора и да плеснеш пар момци по пат и на дечко ти да му забраниш да има други броеви во телефонот освен роднини, блиски пријатели кои ги познаваш и нормално ТИ. (членки секако ќе се препознаат во напишаново, нормално е)

Врската функционира онака како ќе ја постават партнерите. Најчесто еден од нив во неа е “кучка“. Епа сега дали ќе сакаш ти да бидеш тоа... сама реши си. Ама на крај најверојатно или ќе малтретираш или ќе те малтретираат. Ако е се` во ред, значи сте исклучок кој го потврдува правилото...
 
Хахахаха! :)
Сатори, не улази молим те. Да го контролирам дечко ми со то шо ќе му чепкам по телефонот? Веќе кажав. Кој нормален би чувал нешто во телефонот шо можи да му ја загрози врската?

Јас колку што сватив Сатори не е за чепкање по мобилни,ниту Тамарче.Чему конфликт:helou:
 
Тоа те прави себична, за кучка ќе мора и да плеснеш пар момци по пат и на дечко ти да му забраниш да има други броеви во телефонот освен роднини, блиски пријатели кои ги познаваш и нормално ТИ. (членки секако ќе се препознаат во напишаново, нормално е)

Врската функционира онака како ќе ја постават партнерите. Најчесто еден од нив во неа е “кучка“. Епа сега дали ќе сакаш ти да бидеш тоа... сама реши си. Ама на крај најверојатно или ќе малтретираш или ќе те малтретираат. Ако е се` во ред, значи сте исклучок кој го потврдува правилото...

Воопшто не си компетентен да ме нарекуваш себична, ниту било како, кога ниту ме познаваш, ниту ја знаеш ситуацијата во мојата врска. Тоа што јас понекогаш му чепкам на дечко ми во телефонот (што е чисто онака, а не за да го контролирам), не значи дека он нема приватност, или дека јас го малтретирам, на било каков начин. Он никогаш не би ми забранил да го правам тоа, а јас го почитувам доволно за да знам што треба да отворам, што не. А плус, ти сигурно не си светец и знаеш и самиот дека сите би се нашле во „искушение“, само сега премногу мудруваш тука на форумов...
 
Чат пат си проверувам да не има нешто што не знам
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom