Дали на партнерот му "буричкате" во мобилниот телeфон?

  • Креатор на темата Креатор на темата DimceY
  • Време на започнување Време на започнување

Дали на партнерот му буричкате во мобилниот телефон??

  • ДА

    Гласови: 89 24,5%
  • НЕ

    Гласови: 167 46,0%
  • Понекогаш

    Гласови: 107 29,5%

  • Вкупно гласачи
    363
Да.... Така дознав дека еден кретен ме вара... да не му претав по телефон никогаш немаше да дознаам дека се мувал со некоја гуска...
така да... да го оправдувам... како што поминува времето се повеќе и повеќе го оправдувам...
немаш појма како горам од желба на типот што моментално ми се допаѓа да му прокопам по телефон... чисто да видам што се дешава да не би била пак непријатно изненадена...
кога си со некого во врска нормално треба да имаш доверба во него... а ако го крие телефонот ко змијата нозете тогаш таа доверба ке ти се размрда.... веруј... од искуство
Си размислила ли дека пости и друг телефон кој што можеби никогаш нема да го дознаеш мислам ако некој сака да те вара ќе изнајде начин :smir:
 
Најмизерно нешто ми е тоа! Никогаш не ми се случило да му читам пораки, да проверувам повици и сл.
Мојов на почетокот ми буричкаше постојано, ама откако му кажав дека тоа ме нервира, и дека ако има нешто ќе му кажам ми го нема допрено мобилниот :)
 
гледам слики само и музика што има, за пораки не се замарам
 
Си размислила ли дека пости и друг телефон кој што можеби никогаш нема да го дознаеш мислам ако некој сака да те вара ќе изнајде начин :smir:
Е ова е повеќе одлика на женските....или пак марјан кајнив е маријана, во моб се е можно... но како што имаш напишано....мож и никогаш нема да дознаеш но вистината испаѓа на видело секогаш сакале ние или неќеле...
 
Toa si e negova privatnost ako saka da vidam nesto ke mi go pokazi toj a ne jas skrisno da se cackam po negoviot mobilen pa da se stresuvam da ne zabeleze ili da ne me vide.
 
Ма што имам да буричкам, ако до толку сум полна со недоверба ќе си седам сама дома.
 
Само неспособни жени имаат потреба да чепкаат по мобилниот на својот партер.
Патетично е да бидам искрена.
:retard:

Сатори, уште со патетиките? Дај молим те.
 
Јас не му буричкам. Еден другар мој и викаше на девојка му ако сака да најде нешто што не сака да го најде нека чепка. Ако крие нешто од мене само ќе си излезе на виделина. Нема потреба да му чепкам во моблниот. Добро сега кога ќе гледам слики си чепкам, ама никогаш пораки, повици и слично. А оставам да ми чепкаат, немам што да кријам.
 
Лејди Сатори напиша:
И сега посреќна си?
Поспокојна?
Сатори, уште со патетиките? Дај молим те.
Не би сакал да застананувам помеѓу вашите потенцијални или веќе постоечки проблеми, но коментарот е ептен на место.

И сега откако знаеш дека те изневерува и секој ден му го проверуваш телефонот, врската ти цвета? Би требало да раскинете, medicinska. А поврзано со чепкањто, повод за раскинување се наоѓа речиси во секоја ситница во модерното време. Во нормална денешна врска, партнерите имаат пријатели, се дружат и уживаат во животот независно еден од друг. Во таква ситуација секогаш може да се најде нешто доволно за раскинување и без чепкање во интимата.

Алал вера на оној кој во врската ќе влезе без минато, било какви емоции и со комплетна посветеност на партнерот. Тој има купено билет за рајот, може слободно да умре и ќе биде ангел. :angel1:
 
А дали довербата е заснована врз то дали женската ти чепка или не ти чепка по телефонот?..
За мене е многу глупа и банална работа и не обрнувам никакво внимание. Ако ги прочиташе мојте постој ќе го заклучеше то.
 
нормално дека не....ни му буричкам ни сакам да ми буричка во телефонот тој си е приватна работа.....зар усте некој тоа го прави?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom