Дали мислите дека некои луѓе се предодредени да бидат заедно?

Не постои таква предодреденост. Тоа е само илузија, која во прекумерна мера може да биде многу штетна.
 
не е точно јас и мојата девојка сме родени еден за друг :vozbud::vozbud:
 
Знам само дека за секого на планетава има некој, ама тоа е повеќе статистика отколку прашање на судбина. :)

Никој не е предодреден за нешто. Се раѓаш единствено со предуслови за физички и психички карактеристики, ама се` што ти се случува понатаму низ животот, сите луѓе кои ќе ги сретнеш и со кои ќе се врзеш, сите успеси што ќе ги доживееш на сите животни полиња, се не повеќе од резултати на твојот сопствен труд искомбиниран со условите во кои си се наоѓал.

Додај малце чиста случајност на се` ова и ете ти „предодреденост’ :)
 
Не би знаела дали има предестинирани работи, но сметам дека се додека не можеме тоа да го докажеме, не би имало причина да се потпираме на таквата теорија. Подеднакво исти шанси има и да е чиста случајност запознавањето со сродната душа. Повеќе ми е прифатливо верувањето дека ,,вистинскиот човек" за некого, живеел во друго време. Бидејќи времето е опширна категорија и постоечка категорија, а судбината се крие зад маска.
 
паа не баш ...
можи на прв поглед така да делуват, ама и двајцата ако не се потрудат, не да се предодредени, шо сака нека се нема да успеат да бидат заедно
 
Сродни души не постојат. Постојат само луѓе кои неизмерно ги сакаме
 
Да бидат предодредени некои двајца да се сретнат-можеби, всушност да верувам во тоа. Но, да бидат предодредени да бидат заедно... хммм,тешко да не речам невозможно.
 
Mislam deka sudbinata ima zamesano prsti vo seto toa ....za nekoj da bidat predodredeni za da bidat zaedno:pipi:
 
Драпај си .... (Моето резимирано мислење за цела тема)
 
Во суштина стварно ваквите работи ми се живи глупости , љубов на прв поглед, засекогаш заедно , среќни краеви и сл. , но имам бифши што веќе една година не правам муабет, а се сакавме многу , иако ретко функциониравме ( незрелост, гордост и сл. глупости) и денес и после толку сакање , мразење, нервирање , дел од мене ми вика дека моето место е крај него ( колку и лудо да звучи ) , иако јас во догледна иднина не би му простила некои работи, сепак има цела планина од пречки меѓу нас, но јас го имам тоа чувство ... дека тој е тој.
 
:) Даа!!! Верувам дека е така! Дека некои луѓе се едноставно родени еден за друг.
 
И јас верувам дека некои луѓе се предодредени еден за друг:):)
Сродни души сте слушнале:back:
 
Да да. Постојат такви луѓе, но ретко кој можат да се најдат и да останат заедно...
 
Верувам дека некој се предодредени но не сите. Прашањето е кој одредува и дали тие двајца можат да речат не и да изберат друга опција. Каква е последицата од таков чин? Многу е комплицирано и не верувам дека постои конечен одговор.

Во суштина се се сведува на тоа дали некој ти се допаѓа или не и дали по интуиција чувствуваш дека тоа е тоа, се друго е небитно и би требало да биде ирелевантно :smir:.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom