Дали машките знаат вистински да сакаат?

Член од
10 септември 2009
Мислења
142
Поени од реакции
14
Дали машките знаат што е љубов? Знаат ли да сакаат само една и да не гледаат други? Постои ли љубов за нив или се им е само во сексот...
Се надевам на ств искрени одговори =)
 
Уште по никот се гледа дека некој те разочарал ^ ^.
Фактот што еден, двајца или тројца не ти се погодиле, тоа не значи дека сме неспособни за љубов.
Јас те уверувам дека знаат за љубов, и се целосно способни за тоа.
Колку години си??
Генерално гледано тинејџерите па и типци со 18-20 години, се неозбилни, додека женските секој со кој ќе се фатат за озбилно, го рачунаат за вистинскиот.
 
Мислам дека знаат вистински да сакаат!
Има машки кои познавам(вклучувајќи се и самиот себе)кои вистински сакаат,и не им е паметот само на секс..
 
Без генерализации:nenene:.
Најмногу ја мразам реченицава „Абе сите мажи/жени се исти“. Yes, sure.
Па чекај, уосталом како е создаден од прилика еве да речам...90 проценти од светов? Како се создават една фамилија? Само со желба за секс и после до крајот на животот ќе одгледуваат деца ради тоа што нив се’ им е сексот?
Одговорот е да. Имат мажи шо [читај!] знает да сакет.
 
^За жал на некој им е само во тоа,им кажуваат убави зборови додека не успеат во целта а штом ја остварат веке следниот ден се прават дека не ја познават, и што со тоа мислат дека прават?лесно е да се кажат тие два збора но сепак дали го чуствуваш тоа...делата можат да го докажат а не два обични збора...и ти Давор колку години си,дали си вистински заљубен или мислиш дека си?ако е така одлично е тоа...ретки се таквите денес да знајш...некои само сакаат забава и забава и забава и што ке постигнат со тоа?дали воопшто знаат делка со тоа повредуваат чуствата на девојката...зборувам во случај на оние кои паметот им е само во секс место да разгледат наоколу и да размислат што прават.
 
Аах вечниот сет прашања. Дали мажите знаат да сакаат? Дали сите жени се спонзоруши? Кој е почувствителен? Кој мисли само на секс? Кој мисли на секс а не кажува? Кој мисли на секс а уствари мисли на секс? Ми го подувте со половиве етикети, се осеќам ко црнец во Америка пред 200 години. Сте чуле за индивидуалност? Карактер независен од пол/раса/фризура/штознам каква поделба? Или ова е потсвесно признание за вашата потчинетост на колективниот мозок? Ама ај, добрата страна на темава е што ќе изникнат едно чудо сакачи кои ќе ја утешат нашата драга Разочарана... . :)
 
^За жал на некој им е само во тоа,им кажуваат убави зборови додека не успеат во целта а штом ја остварат веке следниот ден се прават дека не ја познават, и што со тоа мислат дека прават?лесно е да се кажат тие два збора но сепак дали го чуствуваш тоа...делата можат да го докажат а не два обични збора..

Добро, реков, мразам генерализации.
Реков имат мажи шо знает да сакет, имат такви шо НЕ знает. Не се сите исти.
Ај сеа ме повредиле мене 3ца дечковци ме изиграле, ми кажале фини зборој, па ме изневериле, па ми раскинале. [зборвам општо, ни за тебе ни за мене, не го сфаќај ова лично]
И сега водејќи се според то, сите мажи не знает да сакет?
 
Има една изрека која вика дека маж/машко сеедно, еднаш сака, и да, има машки кои сакаат, онака вистински со цела своја душа. Едноставно ко грав. Само финтата е да се најдете (како припаднички на понежниот пол) на тоа единствено место во неговото срце :smir:
 
Добро, реков, мразам генерализации.
Реков имат мажи шо знает да сакет, имат такви шо НЕ знает. Не се сите исти.
Ај сеа ме повредиле мене 3ца дечковци ме изиграле, ми кажале фини зборој, па ме изневериле, па ми раскинале. [зборвам општо, ни за тебе ни за мене, не го сфаќај ова лично]
И сега водејќи се според то, сите мажи не знает да сакет?

Па не ме сфати...зборувам во тој случај што на некои машки паметот им е само во секс и забава а некои знаат да сакат...само што како да погодиш кој е тој?како да го препознаеш?мене ме нервира тоа што место да размислат малку што прават и да сфатат дека повредуваат нечии чуства и си продолжуваат и понатаму,(јас иако сум повредена сепак пак можам да сакам и можам да простувам зашто сум таква на душа) па после женските лоши биле,абе ајде:tapp:...
 
Значи не е финтата да ме утешите или дека сум имала неколку дечковци кои не ми се погодиле па прашувам... туку генерално сите машки што ги знам, другари дечковци не е битно... гледаат само добро да си поминат, и што повеќе да искористат... затоа прашувам дали знае некој вистински да сака или не...
 
Ја знам.
Те чекам вечер у соба 304 у Континентал.
Be sexy...
 
не можиш за ништо да речиш дека 100% е така , апсолутно за ништо, а уште помалце во ваков случај. Знајме дека вие најголем дел од жените сте феминисти и дека во секоја ситуација кај шо треба и не треба глумите жртвени јагниња. Од друга страна, ние машките, секогаш сме прикажани ко некој узурпатори , дека сме безрбетници, дека не знајме шо е љубов и дека не знајме да сакаме ... нема везе муабетот. Колку шо мојш ти да кажиш примери за машко шо не знај да сака, јас можам исто толку примери да ти набројам за женски. Така да , не е поентата дали е машко или женско, туку поентата е во то шо чоек е. Дали е емотивец, дали има човечки вредности, дали знај да ја покажи љубовта, дали има респект кон партнерот ( ако го има колкав е ) итн итн.
Така да, Барби убо кажа , не е убо да се генерализира, во никој случај.
 
Значи не е финтата да ме утешите или дека сум имала неколку дечковци кои не ми се погодиле па прашувам... туку генерално сите машки што ги знам, другари дечковци не е битно... гледаат само добро да си поминат, и што повеќе да искористат... затоа прашувам дали знае некој вистински да сака или не...
има доста такви машки...но има и машки што знаат да сакааат

Yeah the bad boys are always catching my eye
(Ooh Way, Ooh Wah)
I said the bad boys are always spinning my mind
(Ooh Way, Ooh Wah)
Even though I know they’re no good for me
It’s the risk I take for the chemistry

еве што вика песнава :)

и да смени друштво ако ти смета нивното мислење :XD:
и од никот се гледа дека си разочарана од машките да не речам љубовта
 
хахаха не е само разочараноста од машките... поише може да се каже општо од луѓето
 
Ја знам.
Те чекам вечер у соба 304 у Континентал.
Be sexy...

Дено, не се заебавај, девојкава си има мака :)

До авторот на темата:
Прво, јасно е кажано дека генерализација во каков и да е контекст е празна и неоснована. Дали некој знае да сака, е исто толку индивидуално како дали некој знае да решава тригонометрија. Не сфаќај буквално, и не ме поправај дека едното е емоционална, а другото техничка работа. Еквивалентноста се базира на зборот знаат, умеат, можат.

Второ, јас баш би сакал да знам како и дали ти знаеш да сакаш. Да не се лажиме, си отворила тема по повод некое твое разочарување, и целта на тоа ти е... да го дознаеш она, што не сакаш да го знаеш. Поточно, мислам дека ни сама не знаеш што сакаш да знаеш. Сакаш да те утешиме дека знаеме да сакаме, или сакаш да ти кажеме дека сме говеда кои само бараат да го брцнат некаде? Дај ни твоја дефиниција за умешност за љубов, па да разговараме - конкретно за твојот проблем.

И сега, пошо заклучивме дека проблемот потајно сакаш да го гледаш индивидуално, уште едно прашање. Дали некогаш си се преиспитала и си побарала грешка лично во тебе? Дали некогаш си помислила дека луѓето кои „ги сакаш“ те разочаруваат, поради некоја твоја неправилна постапка, или однос?

Одговори ми на ова, те молам. Па да имаме основа за разговор на темава. Бујрум.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom