Дали Марија имала деца после Исус?

Не е ни случајно тоа што ниту еден од Светиите не споменува никакво друго дете освен Него, кој е наречен и Единороден и Првороден, што значи дека после Христа, од Богородица никој друг не е роден.

Свети апостол Павле го спомнува Јаков, братот на Исус.

"А некој друг од апостолите не видов, освен Јаков, братот Господов."
(Галатјаните 1:19)

Потоа свети апостол Матеј ги спомнува сите 4 браќа на Исус и Неговите сестри:

"Не е ли Овој син на дрводелецот? Мајка Му не ли се вика Марија, а Неговите браќа: Јаков, Јосиф, Симон и Јуда? И Неговите сестри не се ли сите со нас?"
(Матеј 13:55-56)

И друга работа. Исус е наречен "Единороден од Таткото", а "Првороден на Марија". Исус никаде не е наречен "Единороден на Марија", туку нејзин "првороден" што алудира на тоа дека Марија си имала и второроден, третородена, четвртороден итн.
 
Св. Јован Дамаскин, во „Точно изложување на православната вера„ ги побива сите твои ставови. Но секако, тоа за тебе е небитно...

Плус тоа, Св. Јован е продуховен Свет Отец на Црквата па со таков ум толкува и пишува. Јован не рационализира. Згора на се, Јован се повикува и на сите свои претходнци-Свети Оци и на нивното сведочење, а несамо на своето мислење.
 
Св. Јован апостол, Св. Матеј апостол, Св. Марко и Св. Лука евангелисти, Св. Павле апостол, Св. Јаков апостол, Св. Петар апостол, итн. и на крај Св. ИСУС Господ во "Светото Писмо" (Божјоит Збор, Библијата) ги побиваат сите твои ставови. Но секако, тоа за тебе е небитно. За тебе е поважно што рекол некој човек од 8 век отколку што рекле Исус Христос и апостолите од 1 век.
Ок, секој со својата вера :)
 
Би додал-и со делата од таа вера.

А за мене лично, Светиите не се ништо „помали„ од Апостолите. Светите Кирил и Методиј, на пример, се именуваат и како „рамноапостоли„.

А веќе напишав дека Св. Јован Дамаскин се повикува пред се на своите претходници (што е честа и редовна православна пракса), на Оците од времињата пред неговото, така да е апсолутно небитно дали Св. Јован Дамаскин живеел и работел во 8-от век а Св. Василиј Велики во 4-от. Сите тие исповедаат иста вера и ист Бог.
 
MIKI1, не врзувај чворови и не ја мрси дускусијата непотребно. Едно нешто е кристално јасно. Твојата вера се човечките зборови на одредени ткн. "свети отци", а мојата вера е Божјиот Збор. Затоа реков: секој со својата вера, па се гледаме на Судниот Ден. Баш ме интересира кој ќе не пречека таму, дали Господ Исус Христос или пак Јован Дамаскин :)
 
Не ги извртувај зборовите: православната Црква исповеда второ Христово доаѓање и конечен Суд а не второ Јованово доаѓање. Но со Христа, на Судот ќе биде и Јован (Дамаскин), иако веќе го заработил своето место во Рајот.

Црквата православна не исповеда човечки зборови, туку ефектуирани Христови зборови во дела, а не испразна вера, комбинирана со световен комодитет.
 
Но со Христа, на Судот ќе биде и Јован (Дамаскин),

Аха, значи според твоето православно верување, Јован Дамаскин и Исус заедно ќе ни судат на Судниот Ден. :)
 
Не сум манијак па да му светам на секоја овца ...

Пиле, секој е манијак кој се противи на СОВРШЕНАТА ВИСТИНА!

Јагнето доли не е “секоја овца“!

Не те ли натераа силните книги што си ги читал, да се прашаш: Зошто оваа историска случка се случи баш со јагне?

Или можеби конзумираме нешто што ги заслепува очите и оглувува ушите за Гласот на Пастирот ?

Let 3, знај дека и покрај твоето одвратно антихристијанско однесување, те сакам и мислам понекогаш на тебе и во мојот приватен живот!

Еве на пример, на денот одкако ти пишав за мојот јудејски познаник (војник шаронов), за јудејката што е мажена со методист и нивната ќерка, кои со месеци не сум ги видел, ...

Значи ден после тоа спомнување со сите тројца од четворицата споменати, ми се скрсти патот! :helou:

Еве со војникот се гледам скоро дневно, ама со другите а нарочито со ќерката многу ретко а дента после споменувањето пак со сите тројца, во различно врееме и на различни места! :)

Прекрасна е Милоста БОЖЈА (ХРИСТОС)!

ХАЛЕЛУЈАХ!
 
Многу интересен пример, никогаш не би ми текнало на Доли...:bravo: Навистина, зошто баш јагне? Но ништо не е случајно за оние кои ги имаат отворено своите духовни очи:wink:
 
Let 3, знај дека и покрај твоето одвратно антихристијанско однесување, те сакам и мислам понекогаш на тебе и во мојот приватен живот!

Јас сум стрејт хетеросексуалец.
 
Јас сум стрејт хетеросексуалец.

Но пред сё си човек. Така!?
Е, како таков те сакам, бидејќи во мајчината ти утроба те создал БОГ преку мојот ГОСПОД, Кој за сите нас Го дарил својот СОВРШЕН ЖИВОТ!

Разбираш?

п.с. Што му доаѓа ова “стрејт хетеросексуалец“?
Навистина незнам точно што тоа значи! Звучи некако многу комплицирано :icon_eek:
 
п.с. Што му доаѓа ова “стрејт хетеросексуалец“?
Навистина незнам точно што тоа значи! Звучи некако многу комплицирано :icon_eek:

Koга маж сака маж и мисли на него то ти је хомосексуалност (педер по народски)
Кога маж сака жена и мисли на неа, то ти је хетеросексуалност (нормални по народски)

Различни сме во сфаќањата сакам да ти кажам. Не сакам да ти давам лажна надеж.
 
Koга маж сака маж и мисли на него то ти је хомосексуалност (педер по народски)
Кога маж сака жена и мисли на неа, то ти је хетеросексуалност (нормални по народски)

Различни сме во сфаќањата сакам да ти кажам. Не сакам да ти давам лажна надеж.

Јас нереков дека ти го сакам светогледот, речникот, јазикот, очите, рацете, гласот, газот, ... !
И покрај тоа што првото од твоите (горе набројаните) ми смрди исто колку што умее да смрди последното, тоа неменува ништо на фактот дека јас те сакам како БОЖЈО битие и како такво ќе те толерирам, ќе те карам, ќе те сослушам, ќе ти служам (колку можам и умеам).

Така јас мислев дека те сакам а не перверзно, како што мислиш ти!
 
Јас нереков дека ти го сакам светогледот, речникот, јазикот, очите, рацете, гласот, газот, ... !
А зошто не?!
Ме мислиш дека сум грд!?? Дека сум некоја ругоба !??
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom