Не е точно, а и не знам од каде ти дошла таквата помисла, затоа што ја не цитирав некој цитат од филмот или од книгата, туку од Библијата.
Еве уште неколку библиски стихови кои недвосмислено потврдуваат дека Блажената Марија имала и други синови и ќерки по девственото раѓање на Исус:
"Додека Тој уште им зборуваше на мноштвата, ете, мајка Му и браќата Негови стоеја надвор и сакаа да Му зборуваат. И некој Му рече: „Еве, мајка Ти и Твоите браќа стојат надвор и сакаат да Ти зборуваат.” А Тој во одговор му рече на оној, кој му кажа: „Која е Мојата мајка, и кои се Моите браќа?” И ја протегна Својата рака кон Своите ученици и рече: „Еве ја Мојата мајка и Моите браќа; зашто, кој ја врши волјата на Мојот Татко, Кој е во небесата, тој Ми е брат, и сестра, и мајка.”
(Матеј 12:46-50)
"А некој друг од апостолите не видов, освен Јаков, братот Господов."
(Галатјаните 1:19)
"Зашто ни Неговите браќа не веруваа во Него."
(Јован 7:5)
"Потоа слезе во Капернаум, Тој и мајка Му, и Неговите браќа, и Неговите ученици, и останаа таму неколку дена. "
(Јован 2:12)
"Тогаш Неговите браќа Му рекоа: „Замини оттука и оди во Јудеја, та и Твоите ученици да ги видат делата, што ги вршиш;"
(Јован 7:3)
"И (Јосиф) не се доближи (сексуален однос) до неа (Марија), додека таа не Го роди својот првороден Син и Го нарече Исус."
(Матеј 1:25)
"И кога влегоа во куќата, се искачија во горната одаја, каде живееја: Петар и Јован, Јаков и Анрдеј, Филип и Тома, Вартоломеј и Матеј, Јаков Алфеев и Симон Зилот, и Јакововиот брат Јуда. Сите овие еднодушно и постојано беа во молитва, заедно со некои жени и со Марија, Исусовата мајка, и со Неговите браќа."
(Дела 1:13,14)