Хмм, ти би сакал да не се замараме со Србија, ама со Косово - без соменение - да, да се замараме. Би можел да добиеш сличен одговор: тие другите ВАШИТЕ или да ги речам ТВОИ косовски браќа не се МОИ не ги признавам шќиптарите како мои браќа и не ме интересира занив.... шќиптарите ми се само соседи, добри соседи и ги почитувам ама внатрешните проблеми НЕКА СИ ГИ РЕШАВААТ САМИ ние немаме што да бараме таму.....
За жал, не е така. Добробитта и благосостојбата на шќиптарите е и наш интерес. Исто како што наш интерес е и добробитта и благосостојбата на србите. Не можеме ние да одиме напред ако околу нас владее криминал, дрога и мизерија. Не можеме да живееме во мир ако во соседството се пука. Ќе напредуваме тогаш, кога меѓу Србија и Косово ќе има разбирање и соработка.
Вие и вашите косовски браќа, опијанети од американската сила што ја имате зад грб, се замислувате дека и самите сте семоќни и дека Србија можете да ја смачкате како црв, без воопшто да чувствувате никаква грижа на совеста. Но, не е така.
Точно е дека србите во многу нешта се однесоа нефер кон нас, но тоа никако не смее да биде причина во своите постапки да бидеме водени од омразата кон нив, или пак од омразата кон вас, шќиптарите; и, како македонци, не смееме да се однесуваме како суштества без морал, кои само на силата и се восхитуваат...