Дали Македонија треба да го признае Косово?

  • Креатор на темата Креатор на темата deteto18
  • Време на започнување Време на започнување

Дали Македонија треба да го признае Косово?


  • Вкупно гласачи
    77
Статус
Затворена за нови мислења.
БЕЗ ДЕМАРКАЦИЈА.........НИКОГАШ
После тоа......ќе размислиме......

Уште нешто кога сме веќе во законските рамки :

Според точката 9.d на резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите Нации, единствено експертите назначени од ООН можат да бидат надлежни за било какви прашања во врска со границата.

Значи : нема демаркација со косовските самопрогласени власти бидејќи автоматски се прекршува меѓународното право. :star:
 
Море, нема признавање, ни со демаркација ни без демаркација, ни со пари ни без пари, ни со америка ни без америка...
Немаат тие доволно голем поклон за нас, за да ние ја признаваме таа српска општина како независна држава..
Што ви паѓа на памет?
Косово-независна држава, како и некогаш косово-република, је,...
Што је баби мило - то јој се и снило!
 
Не треба да го признаеме Косово, поради ваквите уцени што ги прават....
Ама они тука губат, не ние...ние веќе имаме правено демаркација на таа граница со србите......ги имаме тие документи....
Работата е тоа што они ги немаат тие документи и им требаат, нивните документи се во Белград и тешко дека ќе ги добијат тие од србите.....
Ахтисари нив ги обврза на демаркација, не нас..
Јас барем така гледам на работите, логички...
 
Дури не влезат во ОН не треба да ги признаеме

Точно,побргу би го признале Тајван одколку Косово,барем ќе има некој долар повеќе во државната каса.:)
 
Хмм, ти би сакал да не се замараме со Србија, ама со Косово - без соменение - да, да се замараме. Би можел да добиеш сличен одговор: тие другите ВАШИТЕ или да ги речам ТВОИ косовски браќа не се МОИ не ги признавам шќиптарите како мои браќа и не ме интересира занив.... шќиптарите ми се само соседи, добри соседи и ги почитувам ама внатрешните проблеми НЕКА СИ ГИ РЕШАВААТ САМИ ние немаме што да бараме таму.....

За жал, не е така. Добробитта и благосостојбата на шќиптарите е и наш интерес. Исто како што наш интерес е и добробитта и благосостојбата на србите. Не можеме ние да одиме напред ако околу нас владее криминал, дрога и мизерија. Не можеме да живееме во мир ако во соседството се пука. Ќе напредуваме тогаш, кога меѓу Србија и Косово ќе има разбирање и соработка.

Вие и вашите косовски браќа, опијанети од американската сила што ја имате зад грб, се замислувате дека и самите сте семоќни и дека Србија можете да ја смачкате како црв, без воопшто да чувствувате никаква грижа на совеста. Но, не е така.

Точно е дека србите во многу нешта се однесоа нефер кон нас, но тоа никако не смее да биде причина во своите постапки да бидеме водени од омразата кон нив, или пак од омразата кон вас, шќиптарите; и, како македонци, не смееме да се однесуваме како суштества без морал, кои само на силата и се восхитуваат...

Празна реторика... така неоди ... мене Албанците ни ми се браќа ни сум бил во нивно друштво ни пак ми требаат.... америка исто така нималце не ме инспирира со нејзината моќ, грижа на совест немам за што да чувствувам пошто ништо не сум погрешил....а ако е точно дека србите биле доста нефер спрема РМ а е повеќе од точно далеку од нефер (еден од многуте окупатори и озурпатори) тогаш зошто мене да ми е гајле занив? и по 3ти пат ке те прашам ДАЛИ НА НЕКОЈ СРБИН МУ Е ГАЈЛЕ ШТО ТЕБЕ НЕ ТЕ ПРИЗНАВААТ КАКО ДРЖАВА, ИМЕТО НА ДРЖАВАТА или НАРОДОТ кој живее тука? кога ќе ми одговориш на ова може да продолжиме со дискусија дотогаш со празна реторика ... фала немора.

Мојот морал и мојата преданост не е насочена кон србија и не зависи однеа туку од и за ова парче земја кое ни остана....
 
Ако не се призвае Косово,дали албанското малцинство во МК нема да опражни натиск врз владата на МК?
 
Па немаше и легална осново Косово да се отцепи,па видехме шо стана.Да брани бог.За све треба да е готов Балканот.
 
и по 3ти пат ке те прашам ДАЛИ НА НЕКОЈ СРБИН МУ Е ГАЈЛЕ ШТО ТЕБЕ НЕ ТЕ ПРИЗНАВААТ КАКО ДРЖАВА, ИМЕТО НА ДРЖАВАТА или НАРОДОТ кој живее тука?

Па, Шешељ, на пример. Единствениот досега кој на суд ги обвинил Солајна и “твоите европски пријатели“ дека не признаваат македонски народ и јазик.

Инаку, ниту твоите шќиптарски браќа не се баш претргнати од борба за македонското име и нација. Мислам дека, објективно ценето, се подалеку од србите во признавањето на Македонија. Па, ако навистина односот кон Македонија, а не генетската поврзаност, ти е критериум на чија страна си, тогаш не можам да ти ја разберам логиката.
 
Па немаше и легална осново Косово да се отцепи,па видехме шо стана.Да брани бог.За све треба да е готов Балканот.

Па затоа и Србија се противи на една таква нелегална одлука на самопрогласување. Ама кур ме боли мене за Србија : за Македонија е одлуката нелегална и тешко на тој што ќе го прекрши македонскиот устав. А колку што ми е мене познато - темава се однесува на правото НА МАКЕДОНИЈА да го признае или не Косово.

Затоа не мешајте баби и жаби :wink:
 
Da!Srbija vse poveke shte se izolira pokraj Kosovo,a na Makedonija izolacija ne i trjabva.Sega platiha na rusite s NIS,posle moze i proizvodsvoto i prenosa na struja da dadat i drugo nemat.Rusite gi izostavjat za da ne tarpjat megunarodni negativi,a i veke njama da ima s kakvo da plakaat i taka.
 
Па, Шешељ, на пример. Единствениот досега кој на суд ги обвинил Солајна и “твоите европски пријатели“ дека не признаваат македонски народ и јазик.

Инаку, ниту твоите шќиптарски браќа не се баш претргнати од борба за македонското име и нација. Мислам дека, објективно ценето, се подалеку од србите во признавањето на Македонија. Па, ако навистина односот кон Македонија, а не генетската поврзаност, ти е критериум на чија страна си, тогаш не можам да ти ја разберам логиката.

Истиот оној Шешељ, што присуствуваше на Прохор Пчински на 2 Август 91,92 или 93 година беше, со својата дружина пукајќи во воздух “за да се има предвид каде сме, што сме и од кој сме зависни“?Истиот оној Шешељ кој изјавуваше дека Македонија ќе ја порази за 3 дена?За него пишуваш?И да е вистина тоа што го пишиш да го изјавил, убеден сум дека го направил со задни намери, знаеме сите какво мислење има за нас македонците тој, затоа chill out!Не треба да заземате страна за Косово (колку и да е возможно тоа е друго прашање)Исто така жално но вистинито е дека каков и да е изборот на Македонија во врска со Косово, во секој случај губиме..Ако го признаеме Косово, Србија има голема веројатност да си ги повлече претставниците и да ги залади односите со Македонија..Доколку Македонија не го признае Косово, ќе најдат рачка нашиве албанци тука да кренат зољи и калаши во воздух и да има дестабилизација, закани уцени и слични работи.Ќе се искомплицира процесот на демаркација на границата.Ниту албански ниту српски движења, и завземање ставови туѓи!Треба да излеземе свој став и тој да го туркаме...И да не им веруваме на србите, без разлика дали сме “роднини и пријатели“
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom