Нахално се однесуваат. тераат лични политики, неорганизирани се и поделени на фили и мани! Итн.
5 долари ќе дадам, а ако треба и уште 5 за државата!
Не е све сјајно но во последните години се направи голем напредок и мислам засега добро се организирани Македонците иако има уште многу простор за напредок.
Иначе тоа со 5те долари само кажува колку почит имат за дијаспората во Македонија, едноставно немат.
Ја можам барем за Германија да кажам дека имаше доста помош 1991 и 2001. Ко стана Македонија независна македонските клубови збираа пари за Македонија, збираа донации праќаа лекови итн. Тоа све се организираше во клубовите имаше сериозни организации ко црвен крст каде што можам да кажам дека парите стигнаа до последна Марка но имаше и други, македонски организации каде што дојде до проневери на парите. Огромни суми во тоа време беа проневерени во Македонија, пари која дијаспората ги донираше. Познавам луѓе кој беа одговорни во Македонските клубови и кој ми потврдија дека скоро секоје македонско семејство донираше пари а не тоа 5 долари туку 3-4 цифрени суми. После сфатија дека многу пари не стигнаа каде што треба. Кикс 1!
Потоа многу Македонци имаа интерес за инвестирање во Македонија и државата, тоа морам да кажам, им овозможи брзо да регистрират фирма. Многу луѓе избрзаа и ризикуваа и изгубија големи суми, тоа време беше тотален хаос а од сето тоа на многу луѓе само им остана регистрацијата за фирма. Кикс 2!
А после се прашувате зошто се послабо даваат пари? Прашајте ги тие што ги лапнаа!
Сепак во 2001 ко беше војната клубовите имаа редовни состаноци со цел како да и помогнеме на Македонија. Во тоа време многу Македонци дојдоа, нели сите се плашеа што ќе биде од Македонија. И тогаш огромен број луѓе донираа пари и тоа пак 3-4 цифрени суми. Нели секој колку што може или сака. Со тие пари беа купени лекови ама и на фамилиите на загинатите војници им беа дадени пари.
После сите превари Македонците надвор од Македонија сепак дадоа пари оставаќи ги сомнежите дали ќе стигнат каде што треба на страна.
Овие се само ситни примери но пак ќе кажам после сите превари и лаги, па и омраза против дијаспората, тие сепак во глобала прават нешто за Македонија. А после ќе правиме шеги за дијаспората...
И на крај само да запомнам дека дијаспората е најголем инвеститор во Македонија. Секоја година 1 милијарда долари трансфери и плус пари што ги трошат ко ќе се тука. А да не беа тие пари?
Сепак се прашувам зошто толку луѓе се против тоа да гласат дијаспората, па без неа можеби Македонија немаше повеќе ни да постојт.