Дали лепите постери во вашата соба?

  • Креатор на темата Креатор на темата Мартин$
  • Време на започнување Време на започнување
Немам и нема ни да имам постери. Ги мразам многу. Некако ми изгледа невкусно во соба слики од еден куп батки.
 
Само што си ги одлепив ми ја реновираа собата и сите ги фрлив а изгледа нема ни да залепам пошо од тие шо ми беа останале си ги увиткав новите учебници :/ ...и сеа треба да давам пари за списанија а тоа некако не ми оди па ке се изгребам за некој постер од братучеди не бива така празна соба не личи на мене тоа :)
 
Неам многу постери...т.е вратата ми е цела, а на ѕид иам 2-3...што многу си ги сакам и неги вадам!:helou:
 
ако залепам постер кај мене дома, мојата слика ќе ја лепат по бандери:kesa:
 
Од секогаш сум имал барем по еден постер еве сеа ќе прикачам слики ќе видите што имам на ѕидовите :)
07112009320.jpg

07112009319.jpg
 
На вратата имам залепено голем постер од Trainspotting со уводните квоти. Имам уште неколку во план - Simpsons, Превртено и сл, али ќе видиме
 
Постери.. Тоа е детско за мене. Инаку како мал лепев само од Бекам зш ми е стварно типот легенда инаку сега не сепак глупо е вака со постери уште..
 
само од NOFX, Explited, Casualties, Chaos UK и Ramones имам по еден.
од експлојтед ми е најбољи:
exploited_fuckthesystem.jpg

имав и МаЈца порано ваква... Експлојтед рулс.
 
Коа бев мал цела соба ми беше излепена со постери од Темпо, 70% Звезда останатото репрезентација на СФРЈ
 
Имав порано коа бев помала,сеа не..
 
порани сите имавме постери во соба онака шема беше :pos2::pos2::pos2: едвај се доагаше до постери, а сега не е интересно тоа, што сакаш слика од кого сакаш си наоѓаш на нет и не ти треба постер
 
Не. Тапа ми е...

Си лепам добро сработени (мои) цртежи, графити, скици, карикатури.. на поголема хартија. :) Друго, не.
 
Имам неколку постери во собата:Милорад Чавич,Новак Џокович,Каролинчето наше:),Шакира,Ана иванович,Макли Сајрс(иако тој и Шакира се вишка и кај и да е ќе летаат)и секако од Тоше.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom