pearl напиша:
Инаку, за примерот со цвеќето што го даде RealGirl, повлечена е погрешна паралела уште од старт, на погрешна основа е поставена споредбата, ама ај да не го тупам, ќе си премолчам
Со тебе сум, истото го забележав, само кој да објаснува.
Вие па, сите се фативте за примерот со цвеќето.
Има мала цака во прашањево.

Љубов оди заедно со освежување на врската, не одат едно без друго. Ако го/ја сакаш, секако дека ќе се трудиш одвреме-навреме да ја подосвежуваш врската, а не само да препуштиш се на случајот. Кога некој е вљубен, не му е сеедно за саканиот.

И во никој случај нема да седне мирно и спокојно без да се замара за сите мали детали кои би донеле освежување, оставајќи се во рацете на чувствата, пошто нели, само љубов е доволно.

Кога си вљубен, и среќен со она што го имаш, правиш се што можеш да го задржиш такво какво што е, и во никој случај не се потпираш на случајноста, спонтаноста или она “нека биде ко што било пишано„.

Напротив, се трудиш да не го изгубиш, да го доизградиш, да го направиш уште подобро... И тоа не затоа што сметаш дека така би било подобро за твојата врска, туку едноставно си иде само по себе, затоа што си заљубен...
Спонтаноста не секогаш не носи до среќа. :wink:
Или со ваши зборови...

Имаш стотици цвеќиња во двор, ама само едно за кое си посебно поврзан, и го сакаш повеќе од другите.

Сите други ги оставаш слободно и спокојно да си растат под сонцето, чекајќи го дождот, полевајќи ги од време на време, затоа што знаеш дека се тука, нема кај да бегаат, а и да овене некое од нив, не е толку страшно, имаш уште многу други слични на него... Ама ова твоево, “посебното“, секој ден го полеваш со вода, му ги чистиш лисјата, со часови го гледаш и му се восхитуваш, го засолнуваш ако надвор има бура, ќе му пееш (па нели е докажано дека на музика побрзо растат?

), се радуваш на секое ново ливче, секоја нова латица... Сакаш секој ден да расте се повеќе и повеќе... Се грижиш за него повеќе отколку за останатите, зошто знаеш дека ако еден ден (не дај боже

) овене, а толку било убаво... Ќе бидеш тажен и скршен, како што не би бил за останатите цвеќиња...
Примеров може делува глуп, пошто јас толкава љубов кон едно цвеќе досега не сум видела

Ама мислам дека се разбравме.
