Мистичен
Човек
И кажа ли Љубчо Георгиевски збогум на политиката. Своето заминување го најавил синоќа на промоцијата на негова книга во Софија?
„Сега кога ја завршувам својата политичка кариера сакам повторно да бидам писател”, изјавил Георгиевски во Софија.
Но нешто го попишмани. Сега тврди, неговата изјава била погрешно пренесена од агенциите, а ќе објаснел кога ќе се врати.
ВМРО Народна прво ја потврди веста, за веднаш потоа јавно да ја демантира.
„Според зборовите на Г. Љубчо Георгиевски изјавата е извадена од контекст, тој навистина рекол дека ќе се посвети на поезијата и на литературата, но не на сметка на политиката”, изјаво Весна Јаневска, в.д.претседател на ВМРО-НП. Јаневска не даде даде одговор и дали Георгиевски, кој сеуште важи за неформален лидер на ВМРО Народна, ќе се кандидира за претседател на партијата на престојниот конгрес.
Неофицијално дознаваме дека тој во повеќе разговори со членови од раководството ги убедувал дека нема да истрча на челната позиција.
Дали официјално заминал или не, Георгиевски по изборите во 2006 година како да исчезна од политичката сцена. По подолг период на отсуство пред една недела видно освежен се појави во собраниските клупи, но само да се поздрави со своите колеги.
Ретко се јавува со политички став за некое прашање, а од јавноста сосем се повлече по скандалот со неговиот нов бугарски пасош.

!
. Мислам дека новинарите знаат што е причината и затоа го оставаат намира, а можеби тој самиот си го плаќа новинарскиот рекет. За сега треба да го оставиме човекот во мир...