Дали кога сте во врска имате додворувачи?

  • Креатор на темата Креатор на темата kod
  • Време на започнување Време на започнување
Ми се случувало,ништо страшно.Не верувам дека има некоја што била во врска а за тоа време да немала други додворувачи.Ми пријдувале,ама коа ќе има кажам дека сум зафатена не ме замарале повеќе.Исто и на дечко ми коа ќе му пријде некоа не се лутам зашо најверојатно не знаела...ама многу се нервирав порано коа неговата бивша постојано беше околу нас,му звонеше,излегуваше каде што бевме ние,постојано доаѓаше да му прави муабет за да го тргне од мене,едноставно не разбираше од збор па на крај мораше да се скара со нејзе за да не остави на мира.Значи не ги опрадувам додворувачите кои знаат и намерно пробуваат да наштетат на врската
 
Па секогаш е така. Нема нема и кога ќе фатиш дечко ете ти ги сто души на врата. Ќе почнат да ти се пуштаат.Свашта :kesa:
 
ми се има случено тоа, но кај мене е друг случај, бидејќи јас и дечко ми сме далеку еден од друг, па затоа никој не ни ја сфаќа озбилно врската... инаку во тој случај или го кулирам типот тотално, или му викам на културен или не културен начин ( зависи до тоа колку е досаден) „ ај марш ве молам“, или па го оставам да видам до кога ќе ми се пушта, поточно до кога ќе сфати дека стварно имам дечко.
 
имам ...

Но ако во врската имам се ,тогаш не ни ги забележувам...
 
да ми се имаат додворувано и кога сум во врска.Но со два збора ги откачувам иако некогаш има и некои поупорни :smir:
 
Не ми се има случено да ми се додворуваат зошто повеќето знаат дека сум во врска. Е сега ако некогаш ми се случи и тоа ќе гледам културно да го откачам и да му дадам до знаење дека сум зафатена.
Иначе се деси на дечко ми да му се пушта бившата, да му се јавува намерно и да му кажува дека го сака со цел да не’ скара, ама залудно се трудеше, не и’ успеа планот. :hihihi:
 
Ми се нема случено или јас не сум приметила.Едно од тие двете сигурно е.Иако мислам дека е првото.Ваљда.:)

Не знам какво е чувството,али сигурно е непријатно.Ако ми се случи тоа,културно ќе го одбијам нормално.Ако продолжи да напнува ќе бидам подрска и готово.
 
кога сум во врска, ми се пуштаат, а кога не сум , нигде ги нема, веројатно тоа што сум сама не им е предизвик?!а, ми се деси да ми се запушти еден тип додека бев као у полуврска, незнаев ни ја што праам, ама го одбив, иако флерував и јас, да бидам реална:kesa:
 
Секогаш е така, другите стануваат љубоморни и тоа ти е.
 
Да. Ми се случило и да се обидат пијана да ме фатат на препад и ради тоа да 'забораам' дека иам у животов некој битен, и не успеа!
 
Аа, на пијано се обиделе, не дека не, ама тогаш сум крајна кучка,и можам и испад да направам ако сум загрозена од некој поупорен.
 
Абе има луге на кои воопшто не им е гајле дали си во врска или не...тие си ја бркаат нивната работа. Тоа е најчесто така затоа што во голем дел случаи на многу луге ’не им седи мирно газето’ и додворувачите на крај си го добиваат тоа што го сакаат.:zlo:

Ама за срека постојат и такви кои се срекни со тоа што го имаат до нив и не се замараат со други...:love2:

Најчеста причина за тоа дали ке успее играта на додворувачот или не, е стабилноста на врската. Ако таа е стабилна никој нема да успее да ја разбие...а тоа секако зависи од волјата и намерите на љубените...:nesum:

(Труло јаболко нема долго да стои свежо...само прашање на време е кога ке го изгуби надворешниот сјај!:kesa:)
 
Ja si fativ decko so trenira kung fu. Ama nikoj ne mi se pusta! Otkoga se fativme samo edno dete mi se pustase, pa koga me vide so nego zbor ne mi rece...
 
Повеќе од обично. Натпреварувачки дух стапува на сила, конкуренцијата е очигледна и нападот настапува.
Сакаме да го имаме она кое (навидум) не можеме да го добиеме.
 
Имам додворувачи ама сум завртена накај тој што ми значи многу повеке од нив и го сакам
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom