Утре, 05.10.2011 во фоајето на Домот на АРМ - повеќе информации во дел од
следново интервју
Како претходница на вечерта ќе биде крводарителската акција во чест на Тоше. Какво е искуството од минатите години и каков одѕив очекувате утре?
- Одбележувањето на денот ќе ни започне со крводарителската акција која ќе се одржи во просториите на фоајето на Домот на АРМ во периодот од 10-18 часот. Ова ни е веќе трета акција во наша и организација на Црвениот крст на Град Скопје, правата се случи пред една година и беа собрани 224 едниници крв, втората акција се случи на 25-ти јануари на роденденот на Тоше и беа собрани 125 единици крв. Годинава очекуваме и се надеваме дека ова ќе биде најуспешна акција и дека ќе успееме да ја надминеме бројката на собрани крвни единици од предходните акции.