Увек сум бил про-вакцинација, барем до 2019 год. додека се креваа теории против фармациските куќи за некаков сајд ефект на денешните (познати) вакцини и оние кои ги примаме сите. За нив барем со сигурност можеме да кажеме дека знаеме што примаме и ги знаеме (во најголем процент) сите ефекти и реакции.
Али за оваа сум апла скептик и сум 100% сигурен дека нема да се вакцинирам, барем не во следниве година/две.
Денешнава вакцина е спроведена со комплетно ново, генетски модифицирано „решение“ кое нема ни 6 месеци истражување. Нема доволни резултати и тестови и башка не се пројдени сите анализи на животни (не се пројдени ич...). Бог знае какви ефекти може да има пример после година,3,5,10. Не сум од тој тип на луѓе што паѓа у трансеви ама ако сме реални, ова е некако избрзано. Кој сака нека си се вакцинира немам ништо против и не се расправам воопшто, но јас лично нема теорија, бар во моментов.
Глупи се: анти-ваксерите, оние што не и веруваат на науката, оние што веруваат во фејк-њуз сајтови и оние што немаат капацитет да направат сопствена проценка, а споделуваат фејк-њуз приказни со теории на заговор - само затоа што на нив им звучат интересно.
Да се надоврзам на ова. Баш поради фактот дека и верувам на науката и знам да изгуглам и читнам по некое документче, гледам дека е премногу исфорсирано и агресивно презентирано како 95% сигурна вакцина (зборам за Pfizer), а не е така. Немаат доволно тестови и анализи, не знаеме контра ефекти, не знаеме какво е тоа ново решение со „генетски„ модификации кое никад не им е користено предходно, немаме доволна бројка на тестови на животни... У принцип многу сме далеку од масовно вакцинирање а нема бе ни една година (нема ни пола година реални тестови).
А истово ова, секој нормален биоинженер и микробиолог (кој не зависи од продажба) ќе ти го повтори и образложи многу подобро од мене.