Дали ќе гласате на изборите за студентски лидер?

  • Креатор на темата Креатор на темата ceasar
  • Време на започнување Време на започнување

ДАЛИ ЌЕ ГЛАСАТЕ НА ПРЕТСТОЈНИТЕ ИЗБОРИ ЗА СТУДЕНТСКИ ЛИДЕР?

  • ДА

    Гласови: 10 9,6%
  • НЕ

    Гласови: 79 76,0%
  • НЕ ЗНАМ

    Гласови: 15 14,4%

  • Вкупно гласачи
    104
  • Гласањето е завршено на .
Доста е, утре да излезe 1 студент и да избере претседател за сите 50.000 од УКИМ!

  • Објавено: пред 2 часа
  • Прочитано: 613
  • Печати
Сподели со твоите пријатели!
Утре се одржува гласањето за нов претседател на Студентскиот Парламент при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
На гласањето може да излезе и еден студент и тоа да биде прогласено за легално, статутарно и важечко, доколку тој еден студент го даде својот глас за еден од тројцата кандидати. Традиционално, не постои утврден цензус за изборите, на кои избраниот претседател претставува 50.000 студенти на најголемиот државен универзитет.
Годинава, кандидати се Трајче Митрев од Стоматолошкиот факултет, Кирил Спироски, студент на Правниот факултети Шевал Нуредин од Економскиот факултет.
Денеска ВМРО-Народна партија, излезе со соопштение за манипулации во избирачкиот процес.
„Унијата на Млади сили на ВМРО-Народна партија директно се сомнева дека и после овој избор на чело на СПУКМ ке застане партиски човек, договорен и изгласан во жолтата куќичка на ДПМНЕ а не во холовите на факултетите на фер и демократски начин. Ние младите од ВМРО-Народна партија цврсто сме убедени дека Трајче Митрев како млад дпмнеовски кадар ке биде новиот претседател на СПУКМ кој треба да го продолжи делото на претходните претседатели и да протестира против Опозицијата.Форсирањето на Митрев со негови плакати,флаери логистика помеѓу самите студенти а и забавите по студентските домови каде што видно се веселеа на српска музика се само доказ плус дека добро излобирал во партиските ходници“ - реагираа денеска младите од ВМРО-Народна.
Од партиски извори на ВМРО-ДПМНЕ дознаваме дека би можело да биде извршена промена на победникот, по денешната прес-конференција на ВМРО-Народна партија.
 
Кажав Не на овие глупости. Ми дојдоа в соба во Гоце, ме прашуваа дали ќе гласам и убаво им залепив во фаца НЕ!
Се изненади човекот и ме праша зошто.
Реков прашање на личен избор.
Тој пак онака на крај извади некој заканувачки тон и ме праша да потврдам за која соба станува збор. Како да ми велеше, ќе видиш ти.

Највеќе што мразам кај овие дебили со 26 години кои не исчистиле прва година како што треба е диктатурата која сакаат да ја применуваат. Па добро бе ако ни требаше Хитлер немаше да го убијат. Што сакаат нека прават веќе. Не им ќутам ама за ништо. Нека дојдат со документ за исклучување, ама ќе си терам и по судски пат. Нивото на кое ни е дојдено државава е катастрофално.
 
Да не ти дојде тој со брада еден што се прави мн фин ?
 
вртеле од уким и на телефони, само не знам од кај им се дали од списоци од "партијата" или??? да не ви се јавија вас, мене не?
 
Јас платив минатата година кога бев бруцош и немав појма за што станува збор, па годинава не платив за СП. Според ова немам право на глас или грешка сум?
 
Јас платив минатата година кога бев бруцош и немав појма за што станува збор, па годинава не платив за СП. Според ова немам право на глас или грешка сум?

И мене ова ме интересира.. и јас мислам немам платено па незнам дали иам право на глас утре ?
 
Кирил е новиот претседател.
Излезеност испод 20% и сепак легитимни избори.
А 95% од студентите не ни знаеме како изгледа новиот претседател. :facepalm:
 
Кирил е новиот претседател.
Излезеност испод 20% и сепак легитимни избори.
А 95% од студентите не ни знаеме како изгледа новиот претседател. :facepalm:

Излезеност нема ни 15%, до 15:00 имало ~5,000. Инаку, Кирил е (треба) да биде... дошло до претумбации во партија, нешто им скипило, па се убацил Кирил од втор план. Кој и да е, сигурно дека ќе ќари многу, ама нека се потруди барем нешто да направи...
 
вртеле од уким и на телефони, само не знам од кај им се дали од списоци од "партијата" или??? да не ви се јавија вас, мене не?
На другар ми му се јавиле, не е член на партија ама е во парламентот нешо не знам... Причината била што цело време вртеле муабет да се заокружи двојка, денес се свртеле работите 3јка да се заокружи, не гласал и му се јавиле претставувајќи се дека се од централен штаб на ВМРО.

Он- јас не гласав :cool:
 
Значи јас излезен и ми звони упорно 5-6 непознат број и дигам и ме прашува дали гласа, му видам гласав, и ми вика за кој гласаше.:tapp: Незнам од кај број, ниту сум у партија, ни книшка ни ништо....:tapp:
 
Чим ви вртеле, ви го имаат бројот од студентски дом или од партија :)

Се надевам дека ќе биде полошо со новиот претседател, па и со тој после него исто полошо, па после уште полошо(јадење само во 8 сабајле), итн... Не заслужуваме повеќе...
 
И мене ми се јавија. Не еднаш, 4 пати. Два пати да ме потсетат дека треба да го поддржам реден број 2, два пати за да ме прашаат дали сум гласала. Dafuq си викам, од кај мој број.
Ама најјако беше ми се јавуваат сношти, и ми вели типот: Да го поддржиме под реден број 2, уствари чекај малце да прашам, ( и во позадина: Абе брат за кој број сега да им велам да гласаат?)
Се збунале и тие....
 
samo na clenovi na vmro im vrtele ?
 
^^ Од кај заклучи дека јас сум член??
Не сум партиски определена,затоа и не ми е јасно од каде им е бројот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom