Дали ќе гласате на изборите за студентски лидер?

  • Креатор на темата Креатор на темата ceasar
  • Време на започнување Време на започнување

ДАЛИ ЌЕ ГЛАСАТЕ НА ПРЕТСТОЈНИТЕ ИЗБОРИ ЗА СТУДЕНТСКИ ЛИДЕР?

  • ДА

    Гласови: 10 9,6%
  • НЕ

    Гласови: 79 76,0%
  • НЕ ЗНАМ

    Гласови: 15 14,4%

  • Вкупно гласачи
    104
  • Гласањето е завршено на .
Медо ти е тапа и наместен е на таа позиција само колку да не фаќа прашина фотељата, други стојат позади него. Што направил? Освен легендардната изјава за храната, ништо друго. Единствено, Самоил пред него што беше колку-толку работел, а колку гужви имало и како се гласало тогаш знаат некој од постарите студенти.
 
Годинава на 10 Октомври е најавена уште една добро позната циркузијада која ќе се случува на УКИМ.Ќе се избира нов студентски лидер според добропознатиот “изборен” модел.Новата марионетка ќе ја има светата задача како и сите негови претходници: задушување на секој критички процес кој се јавува кај студентите, пасивизирање и аполитизација на големата студентска маса, и секако она последното за него лично најважно, извлекување на добар материјален бенефит.

1__320x240_bojkot2.png

Веројатно на секој рационален студент му е познат овој таканаречен изборен процес т.е. доволно е јасно кој зошто и како ги поставува овие “независни” бранители на студентските права.Таа тема е веќе доволно дискутирана.Овде ќе се задржиме на нешто многу побитно т.е. на оспорување на концептот на нивниот “студентски парламентаризам” и нудење на некои нови решенија за студентското (само)организирање.Притоа постојат два моменти коишто треба да бидат запазени.

1.Самиот начин на кандидирање за студентски лидер е една огромна фарса т.е. е конципиран на таков начин за само привилегираното малцинство кое е блиско до одредени влијателни кругови да може да стигне до фотелјата.Во јавниот повик на СПУКМ стои дека “може да се кандидираат студенти од Универзитетот “Св.Кирил и Методиј”-Скопје (со минимум завршен IV семестар) кои ќе добијат поддршка од минимум 5 матични парламенти, 1/3 од вкупниот број пратенци на Студентскиот Парламент на УКИМ, или 3000 потписи од студентите на УКИМ.”

Одовде јасно произлегува тесната врска која треба да постои помеѓу кандидатот и студентските раководства(која е изразена во првите два услови за стекнување на кандидатура).Значи човекот кој треба да стане кандидат за лидер е проверен играч, човек од доверба за кој е сигурно дека добро ќе се вклопи во конформизмот на неговата позиција.Третиот услов е така поставен за неговото исполнување да е практично невозможно бидејќи тешко кој обичен студент би ги собрал потребните потписи за да успее да се кандидира.И самиот чин на гласање е изборна карикатура бидејќи се гласа за само еден претставник т.е. студентски лидер на УКИМ, а членовите на парламентот на УКИМ,студентските лидери на локалните парламенти на факултетите, и членовите на локалните парламенти се избираат зад затворени врати.Исто така не постои цензус за избор на лидер т.е. според некои податоци на последните студентски избори во 2009 година излегле само околу 18 проценти од студентите.

2.Вториот и побитен момент е моментот на плурализам во студентското организирање.Постојат поединци и организации кои сакаат да го следат “западњачкиот” модел на студентско организирање т.е. парламентот да стане вистински парламент со претставници од повеќе студентски и младински организации.Но дали на тој начин нешто долгорочно ќе се промени со состојбата на студентите?Одговорно тврдам дека тоа нема да се случи.Причините се јасни и видливи.Во таа бирократска структура дури и оние најискрените претставници би се загубиле во лавиринтот на моќта и за брзо време би се воделе од своите тесни и лични интереси.На тој начин плуралистичкиот парламент би станал само тренинг-камп за идните пре-опортунистички настроени кариеристи кои ќе го искористат студентскиот ангажман за лична добивка.Тие за брзо би заборавиле зошто некој ги гласал и на тој начин активноста и демократијата помеѓу студентите се сведува на обично заокружување.На крајот од краиштата на тој начин студентите ќе бидат принудени наместо на една организација да ги плаќаат од свој џеб каприците на повеќе организации.

-Вистинската алтернатива СТУДЕНТСКО САМООРГАНИЗИРАЊЕ

Единствената алтернатива на привилегираниот и елитистички парламентаризам претставува студентското самоорганизирање по пат на непосредна (директна) демократија.Тоа значи дека секој засегнат студент има еднакво право да се вклучи во дискусија, да партиципира, да гласа или на било кој начин да учествува во создавањето на одлуките кои него го засегаат.Тоа се отстварува преку студентски средби (пленуми) кои се неформални тела т.е. не постојат надвор од факултетот.На тој начин се постигнува деперсонализација т.е. работата не паѓа во рацете на лидери или претставници и со тоа значително се намалува можноста за манипулација.Покрај тоа студентите стануваат активни и свесни чинители во демократскиот процес на нивниот факултет, а не само пасивни и неми гласачи кои само се изјаснуваат за претходно подготвена идеја или агенда.Со тоа се афирмира критичкото размислување и согледување кај студентите.Секако дека овој модел може во пракса да предизвика одредени потешкотии особено во неговиот зачеток.Но сепак тоа не се некои несовладливи пречки.Со тек на време овој директнодемократски модел доволно добро би профункционирал како најлегитимен облик на (само)организирање и потполно би го исфрлил од игра гнилиот студентски парламент.

КАЖИ НЕ НА ПОДАНИШТВОТО КОН ЕЛИТИСТИТЕ
САМООРГАНИЗИРАЈ СЕ ! ! !
 
^^ Бојкот на изборите, како предавање празно ливче или воопшто неизлегување на изборите?
Ако се повикува на неизлезеност, фала, не, милион посто ќе го злоупотребат тоа и ќе гласаат во мое име. Подобро би отишла и би пополнила празно ливче отколку ова.
 
Дали сеуште ви запираат пари за овие лигушиве? Кога студиравме ние по 150 денари мораше да се уплати за нив иначе нема заверка.
 
Денес, или вчера кај мене во амфос дојде еден од кандидативе и нафрли набрзинка некаков си план.
Ветуваше некаки си попусти низ цела Македонија за студентите али не напомена како од тоа ќе бенефицира УКИМ. (А УКИМ не прави ништо за џабе.)
Ветуваше рехабилитација на сите студентски домови ама не напомена од каде пари за тоа.
Ветуваше дека неговата "влада" секогаш ќе им биде достапна на студентите ама не дозволи на крај да бидат поставувани прашања во врска детали околу неговата кампања.

Досега не сум имал контакт со СПУКМ ниту пак сум им плаќал арач. Си стојам на зборот само што за шмек решив дотогаш да не сменам гаќи.
 
Дали сеуште ви запираат пари за овие лигушиве? Кога студиравме ние по 150 денари мораше да се уплати за нив иначе нема заверка.
Беше факултативно. Јас не го платив.

Инаку ќе гласам за Чак Норис.
 
Дали сеуште ви запираат пари за овие лигушиве? Кога студиравме ние по 150 денари мораше да се уплати за нив иначе нема заверка.
Izborno e, ali dodeka ne vidam nekoe podobruvanje ne gledam zasto da platam.
 
Дали сеуште ви запираат пари за овие лигушиве? Кога студиравме ние по 150 денари мораше да се уплати за нив иначе нема заверка.
На ПМФ го укинаа лани плаќањето, уствари плаќаш само ако сакаш да бидеш член. Иначе 100 денари беше.
Интересна работа, укинаа плаќање за студентски парламент а тетратките (кои до лани ги плаќавме 100 денари) сега ги плаќаме 200... :rolleyes:
 
Eden od kandidative go polepil celo Elektro so posteri, se kladam deka Obama nema tolku posteri negovi niz USA.
 
Студенски сојуз признавам само оној од 97мата година, кога ја раздрмаа Македонија. Од тогаш умре и студенската организација. Тие редовно први дипломираат и се најголеми партиски активисти. Во оваа летаргија како се уклопени алал да им е.
Не им плаќајте чим не е задолжителна, среќа што и задолжението го симнале.
 
Дали сеуште ви запираат пари за овие лигушиве? Кога студиравме ние по 150 денари мораше да се уплати за нив иначе нема заверка.
Оваа година кога се упишував јас 250 беше, ама факултативно.
 
Еве ова се вика студенски сојуз:
Протести на студентите и средношколците во Италија

Текст: Макфакс
Свет | 05 октомври 2012
Илјадници студенти и средношколци излегоа на протестите кои денес се одржани во Рим, Милано, Неапол и Торино, против владините мерки за штедење кои го погодуваат и образованието, при што во некои градови дошло и до помали судири меѓу демонстрантите и полициските сили.
protesti-na-studentite-i-srednoshkolcite-vo-italija-104264.jpg
Младите Италијанци со транспарентни протестираа против намалувањето на буџетските средства за образованието што е одлука на претходната влада на премиерот Силвио Берлускони, додека на актуелниот премиер Марио Монти му забележуваат дека тие грешки не ги исправил.
Во краткотрајните судири меѓу демонстрантите и полицајците, четири припадници на безбедносните служби полесно се повредени во Рим, кога демонстрантите сакале да минат по улицата којашто не била најавена за одржување на протестите.
На Светскиот ден на учителите, италијанските средношколци и студенти ја обвинија владата на Монти и Европската унија дека наметнуваат образовен систем кој може да си го дозволат само богатите, поради високите цени на учебниците и цените за студиите.
Во Милано младите посебно се свртија кон банките, а во Торино пет студенти се полесно повредени во судирот со полицијата, додека 15 се приведени во полициските станици.
Протести имало и во другите италијански градови како Писа, Болоња, Фиренца и Палермо.
 
све е наместено...за џабе и бојкот и све.... :tapp:
 
Сакам да прашам дали имаат право од факултетот да го даваат мојот број на студентски парламент ?

Ми се јавуваат околу 4 и 30 часот со скриен број и ме прашуваат дали сте известени дека има избори, прво си помислив заради тоа што сум во студентски и да не објаснувам шо како го добив местото, но потоа едно другарче ми рече дека му ѕвонеле и на него, а не седи во студентски дом.
Цццц кој фејл се ваквите избори.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom