Дали Исус крштеваше?

  • Креатор на темата Креатор на темата Let 3
  • Време на започнување Време на започнување
Поентата беше дека Јован во своето евангелија еднаш вели дека Исус крштевал па потаму дека Исус не крштевал. Ако сега некој сака да сними филм за Исус по која верзија ќе оди. Кој дел од Јовановото евангелие треба да го отфрли како неточен?
Едно прашање..Кој ги крсти учениците?
 
Колку што јас знам да..веднаш по Исусовото воскресение...не џабе то го дадов цитатот од Матеј 3-11..прочитај го повторно....кого тоа го навестува Јован К. и кои ги крштеваше Апостолите?!
 
Да али таму не пиши дека мисли на Исус. Вели дека оној кој иди .....
Секако ти е познато дека Јован Крстителот не беше сигурен дека Исус е тој очекуваниот месија.
 
Да али таму не пиши дека мисли на Исус. Вели дека оној кој иди .....
Секако ти е познато дека Јован Крстителот не беше сигурен дека Исус е тој очекуваниот месија.
Одговорот бил повеќе од јасен...
Кога овие мажи дојдоа при Него, рекоа: „Јован Крстител нè прати при Тебе, велејќи: Ти ли си Оној, Кој треба да дојде, или да чекаме друг?” Во тој час исцели мнозина од болести, маки и зли духови, и на мнозина слепци им подари вид.
Тогаш ним им одговори: „Одете и раскажете му на Јована што видовте и чувте: слепи прогледуваат, хроми проодуваат, лепрозните се очистуваат, глувите прослушуваат, мртвите стануваат и на бедните им се проповеда Евангелието;
 
Одговорот бил повеќе од јасен...

Чек малце јас мислев дека Исус пошол лично кај Јована на реката Јордан и овој го крстил принзнавајќи го и познавајќи го Исуса за месија...
Сега излегва дека преку посредници комуницирале, дека Јован слушнал за некој Исус кој праел чуда па Исус му пуштил сведоци кои виделе чуда да му потврдат дека е тој оној вистинскиот.

Јован не бил 100% сигурен дека Исус е вистинскиот месија?
 
пред да почнам ако може кој ја превел ова библија и чиј благослов носи, на која црква??

Јас би ја „задлабил„ дискусијата во овој правец:
-а на која хартија е печатена?
-а со кое мастило е печатена?
-а на која технолошка линија е печатена?
-а која фирма е производител на таа линија?
-а кој фонт е корситен при печатењето?
-а во кој формат е вокоричена?
-а корците, твди се или меки?

И тн...
 
За жал не знам точно..преводот е вршен врз основа на листата што ти ја дадов
 
За жал не знам точно..преводот е вршен врз основа на листата што ти ја дадов

Во ред, мислам дека не е од МПЦ али ми е мака сега баш да проверувам низ текстот, инаку ги имам дома и од Константинов преводот, и со благослов на МПЦ и од В.С. Караџиќ од 1923 и од Бакотиќ и уште неколку нови завети од разни безимени преведувачи, така да многиу не ми требаат онлајн писмата.

Али во сите нив имаш Јован 3-22 Крштеваше и Јован 4-1 Не крштеваше
Самото крштевање (обредот) за првите христијани не беше од големо значеније затоа и не му се придава многу важност на тој чин та и св. Павле вели дека не крштевал и ако крштевал тоа изгледа не му било баш по воља. Крштевањето како обред е познат од дамнина, се користеше и во Месопотамија а и во митраизмот, така да христијаните се само продолжувачи на еден таков стар обред.
 
Секој им право на мислење..Моето е дека првите Христијани и те како се крштевале..почни од Исус..па натаму..
Марко запишал..
Кој ќе поверува и се крсти, ќе биде спасен; а кој не поверува, ќе биде осуден.
Како пишувал некаде меѓу 60 и 70 години од н.е...за време на војните мегу Рим и Евреите...мислам дека можеш да го вброиш во првите христијани..
 
Секој им право на мислење..Моето е дека првите Христијани и те како се крштевале..почни од Исус..па натаму..
Марко запишал..

Како пишувал некаде меѓу 60 и 70 години од н.е...за време на војните мегу Рим и Евреите...мислам дека можеш да го вброиш во првите христијани..

Како што и реков крштевањето не беше многу важно. Ако некој поверува и се крсти ќе биде спасен но за осуда не се споменува крштевањето. Само вербата. Значи ако не поверуваш ќе бидеш осуден а ако не се крстиш нема осуда
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom