Дали Исус крштеваше?

  • Креатор на темата Креатор на темата Let 3
  • Време на започнување Време на започнување

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.280
Дали Исус некогаш крстил некого?
Тој бил крстен но дали тој самиот крстил некого?
 
Ова ќе да е за прашања за христијанството...чуму нова тема??

А не знам мислам не хехааа исус Кум:vozbud:

Лет3 имаш некои податоци за ова како и за појавувањето на господ во форма на гулаб кога исус бил крстен од јован??
 
Не Јован 4-1

Хмм
истиот евангелист еднаш вели дека крштевал друг пат вели дека не крштевал....
Што е точно?
Хм...Еве што Јован Крстител вели..
Матеј..3-11
Јас ве крштавам во вода за покајание; но Оној, Кој доаѓа по мене е посилен од мене, Кому јас не сум достоен да Му ги понесам обувките. Тој ќе ве крсти во Светиот Дух и оган.
 
Спрема Јован, 3-22 Исус крштеваше
Спрема Јован 4-1 Исус не крштеваше

Што е точно
Каде Јован згрешил?
 
Спрема Јован, 3-22 Исус крштеваше
Спрема Јован 4-1 Исус не крштеваше

Што е точно
Каде Јован згрешил?

Точно е и едното и другото, иако за рационалистите, тоа „звучи„ контрадикторно.

Имено, Христос Е Оној Кој ја зададе Светата тајна крштевање, а први кои крштеваа, беа Неговите Апостоли. Така и е „заокружена„ првата, ерусалимската Црква, составена од Апостолите Христови и оние 3(5) 000 јудеи, кои ги покрсти Св. Ап. Петар во Ерусалим.
 
Едноставно е во почетокот на својата служба Исус крштевал,за поѕоа тоа да им го проследи на неговите ученици...плус мислам дека следниве стихови ќе тија објаснат работата поубаво..

1Коринтајните 1-11 до 15

Имено, ми јавија, браќа мои, Хлоините домашни дека меѓу вас има препирки. Со ова сакам да кажам, дека секој од вас зборува: ‘Јас сум Павлов’, ‘Јас сум Аполосов’, ‘Јас пак Кифин’, а ‘Јас Христов’,
Дали Христос се раздели? Павле ли беше распнат за вас? Или сте крстени во Павлово име?
Му благодарам на Бога, што никого од вас не крстив, освен Криспа и Гаја,
за да не рече некој, дека сте крстени во мое име.
 
Значи не крштевал.
Како прво ете Јован вели дека НЕ крштевал, а после вели дека Крштевал (а пошто знаиме дека во евангелијата не е тоа што пиши туку она што некој друг ти вели дека требало да пиши) значи тоа второто дека крштевал аутоматски добива значеније дека НЕ крштевал.
Лесно е да се биди христијанин. Само треба да прифатиш апсолутно се што ќе ти кажат овластените толкувачи на зборовите.
 
Ќе ти текне, ај ти...
 
Во Јован 4-1 мислам е доволно добро објаснето...
Кога Исус научи дека фарисеите чуле оти Тој придобива и крштава повеќе ученици од Јована,
 
Едноставно е во почетокот на својата служба Исус крштевал,за поѕоа тоа да им го проследи на неговите ученици...плус мислам дека следниве стихови ќе тија објаснат работата поубаво..

1Коринтајните 1-11 до 15

Овде се зборува за раздорот во раното христијанство и неколкуте верзии на истото, Павле проповедаше своја верзија на религија која после стана позната под име христијанство, Аполон го проповедаше учењето на Јован Крстител кој беше еден вид ривал на Исуса, Кифа беше Петар и преставник на учењета на ерусалемската заедница под водство на братот на Исус - Јаков

Али тоа не објаснува две сосема спротивни реченици многу блиску во текстот на евангелијата во која истиот евангелист вели дека Исус крштеваше, а после тврди дека исус не крштеваше. Тие две изјави не можат да бидат подеднакво вистинити
 
Можат..
За оние кои веруваат и ја „контаат„ духовната логика, и тоа е можно. Кој не верува, за таквиот, ништо не е можно и се му е „сумњиво„.
 
Знам дека зборува за раздорот..поентата беше нешто друго...
 
Поентата беше дека Јован во своето евангелија еднаш вели дека Исус крштевал па потаму дека Исус не крштевал. Ако сега некој сака да сними филм за Исус по која верзија ќе оди. Кој дел од Јовановото евангелие треба да го отфрли како неточен?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom