Луѓе голема полемика кренавме во врска со стоматолозите..., како и да е.., поради тоа ја отворив темата секој нека ги каже своите искуства и мислења...Сите сме во право...делумно или целосно...:salut:
Eпа ако треба да се кажат искуствата,јас ќе почнам

.
Јас сум дете на стоматолог и забен техничар,никогаш сум немала проблем со забите,немам никаков кариес,одржувам хигиена,се додека не појдов да ми направат рендген снимка.Оттогаш мојот живот стана напорен

!
Март месец оваа година ми извадија премоларен(вишак)заб од долната вилица,измеѓу 4ката и 5ката внатре кај нивните корења.Не болеше операцијата,ни потоа не ме болеше ништо,само што морав да држам мраз и по 3 дена почнаа да ме нервираат конците

.
Во Јуни веднаш кога завршив со школо,ми извадија горна лева 8ка(поради немање простор)со метод на корнење во операциона сала бидејќи беше сложен процес.Исто така лесно поминав,но при корнењето ми скинаа капилар и имав модрица на образот едно 4 дена.
Еве сега,на 13 Август ќе ми ја извадат и десната горна 8ка и верувам дека и тоа дај боже ќе помине лесно.
Ќе гледаат да ми ги спасат и долните две 8ки,ако има место.Ако не,ќе ги вадам и нив,за да носам протези што помалку.
Сепак и по толку посети на операционата сала,јас немам никаков страв,увидов дека ништо не боли и дека нема причина зошто да паничам:smir: