Дали имате достоинство?

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Локација
Дома
Веб-сајт
www.trn.blog.mk
Прашувам, пошто очигледно некои немаат...

Ќе се исфрли ли некогаш тој комплекс на деминутивен назив за Македонците „Македонче“, „македончиња„....?!

Јас би посочил, зошто нема:

1AA5CD679B0B3646AC73E73C396BCD47.jpg


Весниците дополнително потпомагаат во омаловажување.

Главен наслов како нашиот олимпиец успеал да се допори и да се слика со Ана Ивановиќ, и цел текст за тоа како тој е најсреќен човек на светот што успеал да е слика покрај неа....

Срамота. Дебилизам. Конечно мора да се научи Македонецот дека е во ред да се има свое ЈАС.
 
Мислам дека претеруваш, јас не го следам спортот (ама баш ич) али знам која е Иванковиќ, а тој Ристевски - прв пат слушам за него. Иванковиќ е симбол на врвен спортист а не на националност, јас до скоро мислев дека е Хрватка таа.
на сликата нит гледам дека Ана кренала три прста нит дека мавта со кокарда... едноставно сликање со колега спортист.
Вака ако продолжиме не ќе треба пред натпревар да се поздравиме со спортисти од Бугарија, Србија или Грција.
 
Најверојатно чоекот нема, свесен е дека за џабе е отиден и ја користи приликата да се сликне со некоја позната фаца без да си мисли на неговото достоинство со тоа и уште еден потег да не омаловажуваат "мекедонче" "македончиња"....Но како да се научи, кога кај нас има висок коефициент на кретенизам
 
Едноставно не го гледам проблемот. Најдобра женска тенисерка во свет е зошто да не се поздрави и слика ако може. Цело време некој вика така срамота и после кога доаѓа англија или некој друг одма трчате по тренинзи да зимате и да се сликате со бекам и слично. Потполно иста ситуација. Плус и двајцата се спортисти и нема ништо лошо.
 
на сликата нит гледам дека Ана кренала три прста нит дека мавта со кокарда... едноставно сликање со колега спортист.

За кое сликање е направена цел а сторија ко да е тоа врховното достигнување на спортистот од пристигнувањето негово во Пекинг!

АЛО!
 
А бе тоа е единствената вест од пекинг каде може да се спомене Македонија а уште олимпијадата не е почната, дневни весници има овде 5-6 а пазар мал, а бе се е ударна вест. Остај то новинарите за парче леб го пишат.
 
Се сликал со путка ... што е толку страшно не знам :toe: ....... која сака нека е, тие се отидени да учествуваат на олимписки игри а не политики или било што да расправаат
 
За кое сликање е направена цел а сторија ко да е тоа врховното достигнување на спортистот од пристигнувањето негово во Пекинг!

АЛО!

Пак за ова ќе пишам луѓее што ви е и вие да бевте ќе ја испостиравте цела кајгана со слики и слично ќе се фалевте. Плус зошто да не го пишува во весник за тоа дека се сликал. Ај да ве видам дали ќе читавте ако имаше некоја друга сторија во весник за него. Никој не обрнува внимание на Македонските спортисти. Ај не ги бива сепак покажете малку дух и подржете ги. Стално читам по весници пишува издвоиле пари за овие спортисти за оние прашувам некој читаше бе не гајле ми е и за тоа и за тој. Вака барем некој ќе разбере дека постои Македонски олимпиец во пекинг и дека се сликал со Ана Иванович
 
И јас така мислам, кога Цеца би дошла во Скопје би го наполнала стадионот и сите сложно на српски би ги пееле нејзините песни..... али и то не го сметам како недостоинство.
 
За кое сликање е направена цел а сторија ко да е тоа врховното достигнување на спортистот од пристигнувањето негово во Пекинг!

АЛО!


Се надеваме дека нема да остане на тоа достигнување, зошто тоа е стварно брука, чоекот нека се слика со кој сака ама немора толку гордо во дневен весник да го има така видно пресреќен зш застанал до ана ивановиќ:uvo:
 
Абе што мислите вие, зошто одат нашите спортисти во Пекинг? :)

Инаку, среќа што Ивановиќ не е 15цм повисока од него : ))
 
Леле луѓе ај ме мрзи сеа да се расправаме овде. Македонија не е којзнае што, не е огромна и не е многу позната во светот барем по спортот. Сега во весник кај нас што би сакале порадо да читате. Овој го ограбил оној, станко го утепал зоки или некој си друг. Кај нас на фудбалски меч ги претепале играчите. Ајде де што и фали на веста добра си е, подобро тоа да го читам него политикине како едниве ги навредуваат другиве.
 
Ај да ве видам дали ќе читавте ако имаше некоја друга сторија во весник за него. Никој не обрнува внимание на Македонските спортисти.
Тука е и проблемот, што и во овој случај весниците не му обрнале вниманите на спортистот, туку на Ана Ивановиќ, и тоа како овој шутраков бил „најсреќен човек на светот“ што се сликал со неа!
[vladimir];1550962 напиша:
Се надеваме дека нема да остане на тоа достигнување, зошто тоа е стварно брука, чоекот нека се слика со кој сака ама немора толку гордо во дневен весник да го има така видно пресреќен зш застанал до ана ивановиќ:uvo:
ФАЛА ШТО МЕ РАЗБРА!!!
 
Не гледам ни јас лошово ова :toe: можеби тоа што насловот е некако омаловажувачи да но факт е дека Ивановиќ беше 1 на ВТА а нашиот пливач штотуку влезево спортот што се вика,сепак ова мислам е дека нема некоја вест поголема од ова па нешто да се напише
 
Тука е и проблемот, што и во овој случај весниците не му обрнале вниманите на спортистот, туку на Ана Ивановиќ, и тоа како овој шутраков бил „најсреќен човек на светот“ што се сликал со неа!

ФАЛА ШТО МЕ РАЗБРА!!!

Абе ја те сваќам што мислиш ама сепак немам никаков проблем со тоа и да е најсреќен чоек на свет пак кога ќе дојде во македонија никој нема да го знае затоа подоро преку ана иванович да го разберат кој е.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom