Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Можеме вака до утре :pos2: не треба да се верува на се што ќе се напише во весник,искрено ја знам фудбалери кои плаќаат само за да ги има во новини...како и да е доколку таа му била идол или слично не гледам ништолошо во тоа...не се гради патриотизмот на таков начин јас мислам така...
Лошо, лошо.
А што ако, Лени Барби ве замоли да ги размените дресовите...
Сигурен сум дека тој не барал сите весници да се тамуПатриотизмот се гради насекаде и во секое време!
Не е проблемот што се сликал со неа,проблемот е што тоа мора ли во сите весници да го има!
Нека се слика и фотосесии нека прави со неа,но не мора да го има тоа во весници.
Тоа е делот со самопотценувањето.
А тоа со фудбалерите,не го пишуваше нигде,јас лично ја гледав утакмицата и тепањето меѓусебе кој да му го земе дресот на Тоти,подоцна на Чех и слично.
Сами од себе правиме кловнови и будали.Никој друг.
Сигурен сум дека тој не барал сите весници да се тамуКрејзи не сфаќаш дека тоа се продава без разлика дали сакаш или не...тој има задача да напише нешто јако без разлика дали е точно тоа или не...а не гледам лошо во неговата желба да има слика и со Ивановиќ...кажав погоре доаѓа еве Лени и ти што нема да се сликаш со него зашто он е попознат од тебе или...?
Не знам до кога нашиве спортисти ќе шетаат низ светот како екскурзијанти а не како спортисти кои би дале се од себе за да постигнат врвни резулати. Јас проблемот го гледам во тоа што и двајцата се спортисти, значи овој со тоа што отишол да се слика со Ивановиќ го покажал својот непрофесионализам. Тој е таму за да ја претставува Македонија и има можност ако има талент (а не верувам баш) да постине резултати со кои што можеби во иднина и тој ќе стане славен. Така да според мене тој самиот се понижува со тоа што оди да се слика со спортист на друга држава.
Абе чоек зошто е лошо да се слика со пријател спортист и слично. Забрането му е? Ако сака да се слика ќе се слика. Тоа е исто ај сеа том круз дошол сите ќе се сликаат со него. Зошто тогаш не идете да се сликате со тони Михајловски ако е за така. Домашен е.
Ама човеку не е до сликањето.Нека се сликаат де,убаво е тоа.
Само да не се преценува другата позната личност,а нашата да се заборави некаде во тој текст.
Поентата е дека ако се сликал,не треба медиумите да направат којзнае каква фама од тоа.