Дали и како ги искажувате/покажувате чувствата?

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
Е па вака сега... Прашањето ми е дали сте од оние луѓе кои се поживи, јасно покажуваат како се чувствуваат или сте поладнокрвни и не изгледате како да сте многу заљубени?

Како покажувате дека сте заљубени? Со пораки, јавување, гушкање, бакнување или на поинаков начин?

Дали ако некој е поладнокрвен и не искажува многу чувства не е заљубен или тоа нема врска?

Вие какви луѓе преферирате - они кои се поемотивни, кои искажуваат чувства или сакате поладнокрвни луѓе?

И дали сте од оние кои не обврнуваат внимание дали има луѓе во околина или не сакате многу покажување љубов во јавност?
 
Јас сакам да ги искажувам чувствата и кажувам како се чувствувам без разлика дали партнерот истото го чувствува или не.
Не можам да кријам, морам да кажам, инаку ќе ми биди неубо на душата.

Во врска со тие гушкањата, бацвањата..Да, сакам такви работи, ама да не биди претерано. Мислам сеа, нема смисла ако седите 100 души на маса и да земиш да се лигајш пред нив, то не.
А го нејќам ни она ладнокрвното, демек, срамота е да се бацваш пред јавност. Значи, некаде меѓу, сакам, ама да не биди многу нападно.

Вие какви луѓе преферирате - они кои се поемотивни,кои искажуваат чувства или сакате поладнокрвни луѓе?

И дали сте од оние кои не обврнуваат внимание дали има луѓе во околина или не сакате многу покажување љубов во јавност?

Шо знам. Сакам луѓе шо знат да искажат љубов. Нејќам ладнокрвни. Сакам да ми биди пријатно во нивно друштво, а ладнокрвните се некако многу тврди.

За покажувањето на љубов во јавност кажав погоре.
 
Искрено ако тргнам од себеси најголема мана ми е што незнам како да ги покажам чувствата и сум најладнокрвното суштество меѓутоа само онака однадвор.Тоа не значи дека несакам напротив премногу сакам да го искажам она што тлее внатре во мене ама до сега никако да успеам.Сакам гушкања и бакнежи но кога сме во друштво мислам дека тоа не е нешто неопходно.Можеме да се возджиме колку толку ќе има време и место и за тоа.Иначе сакам луѓе што покажуваат цувства ама да не биде тоа претерано:toe:
 
Е па вака сега..Прашањето ми е дали сте од оние луѓе кои се поживи,јасно покажуваат како се чувствуваат или сте поладнокрвни и не изгледате како да сте многу заљубени?

Ладнокрвна во никој случај...Би се ставила во тие поживите зашто кога сум заљубена нема личност што не го знае тоа.:)

Како покажувате дека сте заљубени?Со пораки, јавување, гушкање, бакнување или на поинаков начин?

Хмм...на начин на кој што можам.:toe:

Дали ако некој е поладнокрвен и не искажува многу чувства не е заљубен или тоа нема врска?

Според мене, има врска.Ладнокрвен за мене е некој што не чувствува ништо а камоли љубов.:toe:

Вие какви луѓе преферирате - они кои се поемотивни,кои искажуваат чувства или сакате поладнокрвни луѓе?

Па...не знам за какво преферирање зборуваш овде.Ако се работи за тоа какви личности повеќе ме привлекуват-мислам дека ладнокрвните но тоа не значи дека ми се допаѓаа таа особина, едноставно, ме привлекува...:toe::jaj:

И дали сте од оние кои не обврнуваат внимание дали има луѓе во околина или не сакате многу покажување љубов во јавност?

Обрнувам внимание :) Не знам ама некако не можам да се „ослободам“ ептен многу во друштво или јавност.:toe:
 
Е па вака сега..Прашањето ми е дали сте од оние луѓе кои се поживи,јасно покажуваат како се чувствуваат или сте поладнокрвни и не изгледате како да сте многу заљубени?

Како покажувате дека сте заљубени?Со пораки, јавување, гушкање, бакнување или на поинаков начин?

Дали ако некој е поладнокрвен и не искажува многу чувства не е заљубен или тоа нема врска?

Вие какви луѓе преферирате - они кои се поемотивни,кои искажуваат чувства или сакате поладнокрвни луѓе?

И дали сте од оние кои не обврнуваат внимание дали има луѓе во околина или не
сакате многу покажување љубов во јавност?

1.Не сум ладнокрвна,кога ќе видам дека е вреден да му ја покажам љубота и кога гледам дека ми ја враќа ја покажувам.Сакам неизмерно многу и уживам во тоа што го имам.

2..На секаков начин покажувам.Покажувам дека е значаен и дека секоја секунда многу значи за докажување и покажување...

3.Нема врска затоа што тоа е се до карактерот,некој е по опуштен за да каже многу работи а некој ќути но се докажува во вистински момент.

4.Искрено несакам лигуши кој секој момент го превртуваат во романтична сцена,сакам малку заплет,позитивно нервирање и караници кој само ја зацврстуваат врската и кои прават да биде поинтересна во смисол на водење инает,правење љубоморни сцени и со тоа покажување на љубовта која ја носиш во себе...едноставно, фаќање за најмала ситница.kiki: Секако дека сакам роматичари,и уживам во таков амбиент но се знае кога,во колкава мера како треба да се однесуваш,немора да е тоа секој момент додека сме заедно.

5.Љубовта ја покажувам секаде,секогаш и во секој момент ако ја чувствувам.Не претерувам се знае до каде се оди кога сме во друштво,и никогаш не оставам другарки кога сме во друштво за него.Го имам целото време на светот и немора моментот кога сме во друштво да го посветиме на нас,сепак мора малку и уживање ....

6.Секоја ситница ја покажува љубовта и посветеноста...svetce:
 
Е па вака сега..Прашањето ми е дали сте од оние луѓе кои се поживи,јасно покажуваат како се чувствуваат или сте поладнокрвни и не изгледате како да сте многу заљубени?

Како покажувате дека сте заљубени?Со пораки, јавување, гушкање, бакнување или на поинаков начин?

Дали ако некој е поладнокрвен и не искажува многу чувства не е заљубен или тоа нема врска?

Вие какви луѓе преферирате - они кои се поемотивни,кои искажуваат чувства или сакате поладнокрвни луѓе?

И дали сте од оние кои не обврнуваат внимание дали има луѓе во околина или не сакате многу покажување љубов во јавност?

За комуникација со луѓе немам проблем ама кога станува збор за чувствата тешко ги искажувам.Можам да чувствувам љубов а да не го кажам или покажам тоа.Тоа го сфаќам како одбрана и заштита на самата себе.Ако подолго време сум во врска тогаш покажувам и и скажувам љубов но се зависи дали и партнерот го прави тоа.Инаку јас можам да кажам тогаш и дека го сакам и порака даму пратам и да го гушнам но само ако знам дека тоа ќе ми биде возвратено ако не тогаш сум ладна.Не значи дека ако не кажеш дека не го чувствуваш тоа,јас сум пример.Едноставно има проблем со искажувања на чувствата а тоа е дел од карактерот.Не сакам партнерот да биде ладен но не сакам ни премногу емотивен.Сакам златна средина.Ако ја чувствуваме љубовта да ја покажеме.Последното прашање со околината баш и не го разбирам ама ќе кажам вака.Сто посто нема во јавност да се разлигавам и да се пипкам со партнерот но не е ништо страшно ако се бациме или ако седиме гушнати или ако се држиме за рака.Убаво е покажување на љубовта но се има своја мерка,време и место.:pipi:
 
Ахх , се понашам ладнокрвно многу , маана ми е тоа, ама ајде што да правам..Посакувам некогаш да се опуштам повеќе , да покажам повеќе нежност , ама шо знам .. глупаво ми е ...
Не ми оде од рака тоа покажување чувства..
А кога партнерот е во прашање , па сакам да биде поопуштен , дека ако се понаша ладнокрвно , ми станува сомнителен:)

Сепак нема врска мислам тоа дека ако некој е ладнокрвен , не чувствува ништо или не е емотивен..Се е тоа до карактерот.

ПС - морав да кажам супер е темава..
 
Јас кога ги покажувам чуствава, им правам една изложба.
 
Пред него можам да бидам колку сакам ладнокрвна, но одма може да забележи по фацата. Јас не ги кажувам ама ги покажувам. Многу сум комуникативна ама во такви случаи се срамам да се искажам. Но кога ке се ослободам тешко е да ме запреш.:toe:
 
Прашањето ми е дали сте од оние луѓе кои се поживи,јасно покажуваат како се чувствуваат или сте поладнокрвни и не изгледате како да сте многу заљубени?

Како покажувате дека сте заљубени?Со пораки, јавување, гушкање, бакнување или на поинаков начин?

Дали ако некој е поладнокрвен и не искажува многу чувства не е заљубен или тоа нема врска?

Вие какви луѓе преферирате - они кои се поемотивни,кои искажуваат чувства или сакате поладнокрвни луѓе?

И дали сте од оние кои не обврнуваат внимание дали има луѓе во околина или не сакате многу покажување љубов во јавност?

Па малку сум поладнокрвна кога станува збор за изкажување/покажување на чувствата.Не мора да значи дека ако си поладнокрвен не си заљубен,бидејќи некои потешко ги изразуваат чувствата или пак не знаат како да се искажат...Сакам луѓе кои што знаат да си ги искажат чувствата,но секако тоа да не биде претерано,некоја златна средина:) Како покажувам дека сум заљубена...уффф...тешко го покажувам тоа и на некој свој чуден начин што не знам да си го опишам,но дефинитивно не со пораки и јавување(добро повремено:) )Инаку не ми пречи искажување на љубов во јавност,нормално ако не е претерано,не обрнувам многу внимание на околината,туку на тој со кој што сум:pipi:
 
Е па вака сега..Прашањето ми е дали сте од оние луѓе кои се поживи,јасно покажуваат како се чувствуваат или сте поладнокрвни и не изгледате како да сте многу заљубени?
Па... На прв момент делувам ладно. Треба малку да се опуштам на почетокот.
Како покажувате дека сте заљубени?Со пораки, јавување, гушкање, бакнување или на поинаков начин?
Спонтано...
Дали ако некој е поладнокрвен и не искажува многу чувства не е заљубен или тоа нема врска?
Нема благе везе. Тој ако ја сака таа личност сепак ке покаже трошка чувства.
Вие какви луѓе преферирате - они кои се поемотивни,кои искажуваат чувства или сакате поладнокрвни луѓе?
Па хммм... тие што се природни, што не глумат.
И дали сте од оние кои не обврнуваат внимание дали има луѓе во околина или не сакате многу покажување љубов во јавност?
Сум за покажување но не премногу. Сепак треба да се има граница на контролирање. Како би се чувствувале тие околу парот кој страсно се бакнува нон-стоп???
 
Е па вака сега..Прашањето ми е дали сте од оние луѓе кои се поживи,јасно покажуваат како се чувствуваат или сте поладнокрвни и не изгледате како да сте многу заљубени?
Ниедно чувство не кријам, без разлика дали се работи за убаво или за неубаво. Не изгледам ладнокрвно ако сум заљубена. Не можам да скријам таква емоција кога самата ме тера да живнам и да ми светнат очите. Ако сум заљубена - ќе изгледам така. Ама сето ова кога точно ќе си ги препознам чувствата.

Crazy in Love напиша:
Како покажувате дека сте заљубени?Со пораки, јавување, гушкање, бакнување или на поинаков начин?
Многу има за опишување.

Crazy in Love напиша:
Дали ако некој е поладнокрвен и не искажува многу чувства не е заљубен или тоа нема врска?
Најверојатно нема врска, тие си знаат.
Ама партнерот ако ми ја докажува заљубеноста со ладнокрвност, не знам дали ќе успее да ми ја докаже.

Crazy in Love напиша:
Вие какви луѓе преферирате - они кои се поемотивни,кои искажуваат чувства или сакате поладнокрвни луѓе?
Луѓе кои ќе знаат мене да ми покажат што чувствуваат. Не мора на цел свет, доволно е јас да знам.

Crazy in Love напиша:
И дали сте од оние кои не обврнуваат внимание дали има луѓе во околина или не сакате многу покажување љубов во јавност?
Ако во јавност ме разлигави, тоа не мора да значи дека ми покажува љубов. Внимание и топлина може да се покажат на мнооогу начини. И најмал допир.

Абе ајде, кој може кон партнерот да се однесува ладнокрвно ако е заљубен во него?
 
Е па вака сега..Прашањето ми е дали сте од оние луѓе кои се поживи,јасно покажуваат како се чувствуваат или сте поладнокрвни и не изгледате како да сте многу заљубени?

Како покажувате дека сте заљубени?Со пораки, јавување, гушкање, бакнување или на поинаков начин?

Дали ако некој е поладнокрвен и не искажува многу чувства не е заљубен или тоа нема врска?

Вие какви луѓе преферирате - они кои се поемотивни,кои искажуваат чувства или сакате поладнокрвни луѓе?

И дали сте од оние кои не обврнуваат внимание дали има луѓе во околина или не сакате многу покажување љубов во јавност?

Како доста емотивна личност немам проблем со јавно искажување на чувства. Имало моменти кога сум ги прекрила затоа што ми било незгодно, можеби, но никогаш не сум се однесувала ладнокрвно кон некој за кого имам одредени чувства.

Не сакам кога некој се однесува ладнокрвно со мене. Ако ме сакаш, и ако те сакам покажи го тоа. Порака некоја, јавување во било кое време, изненадно појавување на врата..има мал милион работи кои може да ги направи заљубена личност.

Ладнокрвноста може единствено да ме оддалечи од него. Ќе мислам дека е незаинтересиран, дека сите други му се поважни од мене..Дури и во случаи кога е ладнокрвен кон сите би ми недостигало внимание од него. Вниманието и почитта се како нераскинливи делчиња од врската и љубовта, а никако не се вклопуваат со ладнокрвноста и неспособноста да се искажат емоции.
 
Цел живот ми зборат дека сум била ко мушко у врска со искажување на чувства - со клешти да ги влечеш. :ne_zboram
 
Е па вака сега..Прашањето ми е дали сте од оние луѓе кои се поживи,јасно покажуваат како се чувствуваат или сте поладнокрвни и не изгледате како да сте многу заљубени?

Дефинитивно си ги изразувам чувствата и лесно може да ми се прочита од лицето како сум расположен. Кога сум заљубен ми се познава колку-толку.

Како покажувате дека сте заљубени?Со пораки, јавување, гушкање, бакнување или на поинаков начин?

На кој начин ми текне на памет. Обично успева. :)

Дали ако некој е поладнокрвен и не искажува многу чувства не е заљубен или тоа нема врска?

Нема врска, ако не покажува често чувства не значи дека не те сака.

Вие какви луѓе преферирате - они кои се поемотивни,кои искажуваат чувства или сакате поладнокрвни луѓе?

Па емотивни, што покажуваат донекаде емоции, ама не премногу отворени како мене. Сакам малку јинг и јанг.

И дали сте од оние кои не обврнуваат внимание дали има луѓе во околина или не сакате многу покажување љубов во јавност?

Не обожавам покажување љубов во јавност. Некоја гушка, бакнеж или слично не е на одмет, спротивно баш е супер да се покаже на светот дека се сакате, но се друго си е за нас двајца и никој друг. Приватност.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom