Дали го поддржувате ставот на Груевски да не излезе на ТВ дуел?

  • Креатор на темата Креатор на темата Ајсшутер
  • Време на започнување Време на започнување

Dali go podrzuvate stavot na Gruevski da ne izlezi na duel?

  • da

    Гласови: 105 48,2%
  • ne

    Гласови: 113 51,8%

  • Вкупно гласачи
    218
нема за шо да си губи време Груевски за дуел
има попаметни работи
а рада нека скока колку сака
беше смешна од почеток сега веќе станва досадна
добар потег би бил на Груевски ако ја игнорира
 
ЉуБчо со ДПМНЕто му овозможи на Киро “едноокиот мозок“ да стапне и да не заглави до “дрт“,итоа на “трета мајка“ а четврта не можеше да има според уставот.:toe:
Не оспорувам , тогаш тоа бугарско копиле го искористи моментот да игра со националните чуства , и најде овци збунети кои не разбраа како ке ги стриже.За Бубе не ми кажувај , го знам кога беше тежок клошар без банка во џебот . И немој да кажеш дека тоа што го напиша треба да ги ослободи од одговорноста ѓубрињата како Киро , Бранко ,Фрчко и др. Сега не е исто време , овците се шишани многу за 17 години , само гледај кој се тие во СДС има ли разлика ,дај бе уште истиот Рошавиот ги води за рака, или сакаш да кажеш дека Грујо е исто што беше Љубчо , немој , нема врска едно со друго , ако си искрен.
 
ок, секој има право на свое мислење. Само чудно е да навиваш за некој чие најголемо дистигнување е пополнување на прашалник. :toe:

Другар, тој прашалник и не беше така едноставна задача како што ја претставуваш. Како и да е , немала можност да се докаже и повеќе, еднаш била член на влада и делот за кој била задолжена го завршила успешно.

Има магистрирано во Америка, незнам точно на кој универзитет, за меѓународни односи. Токму делот за кој сега зборуваме:), електро има завршено како еден од најдобрите студенти во генерацијата. Елоквентна е и ме восхитува тоа е што е борбена. Одличен тимски работник, многу битна работа за еден премиер, зашто ако не слушаш други тешко државата тогаш, а што морам да признаам и сегашниов премиер во тој дел е успешен.

Значи сума сумарум, ја гледам како покомпетнтна личност од Груевски за премиер на Македонија.
 
Да, прашалникот е многу едноставна работа која секој менаџер може да ја истера до крај.

Знача рада е електроинжинер со познавања од меџународни односи? Најмногу за што тоа би ја квалификувало е министер за надворешни работи а не премиер.

Но ај да речеме рада е експерт за нато/еу (иако ова е далеку од вистината). На Македонија и треба човек кој се разбира од економија.

нато и еу не се цел сами за себе!

нато,еу водат кон поголем еконоски раст

со Груевски имаш поголем економски раст директно.

Грешка е пак да се избере гарнитура која нема поим од економија! нато и еу само допринесуваат за растот, на начин што охрабруваат дел од странските инвестиции, но они нема да ја оправат економијата со лоша гарнитура!

Џабе и нато и еу ако гробарите на Македонската економија се вратат на власт!

ПС Не заборавај која е цената за нато-еу во моментов. рада е спремна да го продаде името, и во тоа се состои целата нивна "меџународна политика". Да ги цитирам "Само мал напор е потребен за Македонија да влезе во нато-еу". :uvo:
 
Да, прашалникот е многу едноставна работа која секој менаџер може да ја истера до крај.

Знача рада е електроинжинер со познавања од меџународни односи? Најмногу за што тоа би ја квалификувало е министер за надворешни работи а не премиер.

Но ај да речеме рада е експерт за нато/еу (иако ова е далеку од вистината). На Македонија и треба човек кој се разбира ор економија.

нато и еу не се цел сами за себе!

нато,еу водат кон поголем еконоски раст

со Груевски имаш поголем економски раст директно.

Грешка е пак да се избере гарнитура која нема поим од економија! нато и еу само допринесуваат за растот, на начин што охрабруваат дел од странските инвестиции, но они нема да ја оправат економијата со лоша гарнитура!

Џабе и нато и еу ако гробарите на Македонската економија се вратат на власт!

ПС Не заборавај која е цената за нато-еу во моментов. рада е спремна да го продаде името, и во тоа се состои целата нивна "меџународна политика". Да ги цитирам "Само мал напор е потребен за Македонија да влезе во нато-еу". :uvo:

Види, ако она не е економист, не значи дека државата нема да има економски раст. Тоа е во најмала рака смешно да го тврдиме. За премиер да бидеш треба да си одлучен човек, и пред се кадровит. Односно да ги поставиш правите луѓе на правите места и тие да си ја бркаат работата, а ти да одиш по светот и да ја претставуваш државата и да собираш пријатели и лобисти.

Друга работа, немојте да се залажуваме дека ќе ни се случи "преродба" без ЕУ и НАТО. Едноставно така стојат работите сега, едноставно многу се ретки инвеститорите кои би влегле со својот капитал во држава која е меѓуетнички кревка , а згора на се надвор од двете најголеми меѓународни организации. Едноставно тоа е мишн импосибл!!

Прашањето е дали да се прифати одредена промена на името за меѓународна употреба , односно да се замени фиром. И во овие 15 години додека не нарекуваат фиром ние сме Македонци, и така стои во графата за националност во ООН, ако ние се избориме за сето тоа да остане така, односно националноста МАКЕДОНСКА, и јазикот МАКЕДОНСКИ, тогаш не глеам зашто да се договори тој компромис за сметка на членство во тие две организации. Значи повторувам, тема на разговор да би било само името за меѓународна употреба, а не националноста и промена на уставот!!! Е тука нема разговор!! И верувај дека нема таков херој кој би се дрзнал да преговара за тоа!!

И проблем плус ни се Албанците, кои колку и да не ги сакаме неможе тој проблем да го избегнуваме. Значи они се решени да живеат во НАТО држава. Значи може и да се случат поделби на Македонија ако во скоро време не се реши овој спот, ЖАЛНО , АМА ТАКА СТОЈАТ РАБОТИТЕ, ЕДНОСТАВНО НЕ СМЕ МОЌНИ НИШТО ДА ПРОМЕНИМЕ!!!
 
Аман бе. вие многу уплашени.:shok:

Прво, раст е можен без нато-еу, и тоа висок раст. Кина, Индија, Русија, ај ќе речеш они се големи земји, ама во азија имаш еден куп мали земји (сингапур, тајван и сл.) кои успеале во тоа што ти го нарекуваш мишн импосибл.

Е сега види ти они каде се, а ние на сред европа да не можеме да имаме таков раст? :uvo:

И ај не се плашете толку. :smir:
 
Епа тука ќе се види умешноста на македонската дипломатија и севкупната активност на идната македонска влада, која и да е(иако јас навивам за Шеќеринска:smir:) , тука ќе биде борбата да им се стави на знаење на земјите кои би ја подржале гејлада во тие намери дека тоа би било исклучително лош потег

Па Шеќеринска навива за Гејлада, бре Curva! Таа го бара истото што го бара и Бакојани - за што навиваш ти?

CurvaSud_Milan напиша:
Има магистрирано во Америка, незнам точно на кој универзитет, за меѓународни односи.

Ако ти е важна дипломата, Циле Тупурковски има докторирано во Америка, на меѓународно право, па пак во политиката го одигра потегот со Тајван како последен пацер.

obicen30 напиша:
со Груевски имаш поголем економски раст директно

Ја правиш истата грешка како и CurvaSud_Milan. Економскиот раст во последната година не е резултат на структурни промени и зголемено производство, туку на зголемена потрошувачка по воведувањето на платежни картички, т.е. еднократна појава и како таков не може да се одржува без понатамошно задолжување, што си има свои граници, т.е. тој раст не зависи од личноста на Груевски, и грешка е да се промовира како резултат на неговата експертиза во економијата.
 
Аман бе. вие многу уплашени.:shok:

Прво, раст е можен без нато-еу, и тоа висок раст. Кина, Индија, Русија, ај ќе речеш они се големи земји, ама во азија имаш еден куп мали земји (сингапур, тајван и сл.) кои успеале во тоа што ти го нарекуваш мишн импосибл.

Е сега види ти они каде се, а ние на сред европа да не можеме да имаме таков раст? :uvo:

И ај не се плашете толку. :smir:

Не е работата за плашење, тоа е реалноста.

А споредбите со Кина, Индија и Русија се во најмала рака смешни и нема да ги коментирам. Тајван е со 23 милиони жители, ние 2 милиони, плус ја имаат Кина со милијарда и пол до нив, значи крај на прикаската , за Сингапур незнам мн. мн. , но верувај дека неможе да се развиеме без НАТО и ЕУ, па прво и основно, тие пари што ги ветува Ставревски за земјоделците до 2012 , отприлика 460 милиони евра мислам беа, се пари од ЕУ. А НАТО ни е потребно заради сигурнаста на инвеститорите, еве стај се ти во улога на инвеститор:

Имаш 100 милиони евра предвидени за инвестиции, твоите советници ти ги предложуваат Македонија, Бугарија и Романија како дестинации за инвестирање, под претпоставка дека и трите земји ти нудат независно судство, решен катастар и сите други пропратни работи, но во Македонија, плаќаш данок од 10%, во Бугарија од 15% а во Романија 12%.

... Следно прашање ќе ти биде, кои од овие земји се членки на НАТО и каква е безбедносната ситуација во трите земји, и тука следува, Романија и Бугарија се членки , Македонија не е , плус има одредени проблеми на меѓуетничко ниво. Која би била твојата одлука за дестинација за инвестирање?

Мојата ќе ти ја кажам, во овој случај Романија!

Гледаш сеа зашто ни треба НАТО?
 
Ја правиш истата грешка како и CurvaSud_Milan. Економскиот раст во последната година не е резултат на структурни промени и зголемено производство, туку на зголемена потрошувачка по воведувањето на платежни картички, т.е. еднократна појава и како таков не може да се одржува без понатамошно задолжување, што си има свои граници, т.е. тој раст не зависи од личноста на Груевски, и грешка е да се промовира како резултат на неговата експертиза во економијата.

Не е точно. Лани имаше зголемување на извозот од 40%, значи фактички имало зголемување на производството. Македонија е далеку од потрошувачко општество, повеќето од нас крпиме крај со крај, нема простор за некаква јака потрошувачка.

И да, зголемениот раст е дело на Груевски, и не е случајно што секогаш кога Вмро е на власт економијата цвета. :salut:
 
ЖАЛНО , АМА ТАКА СТОЈАТ РАБОТИТЕ, ЕДНОСТАВНО НЕ СМЕ МОЌНИ НИШТО ДА ПРОМЕНИМЕ!!!

Ако не сте моќни, што тогаш се плеткате таму кајшто не ви е местото? Оставете работите да ги брка тој што може.
 
Не е работата за плашење, тоа е реалноста.

А споредбите со Кина, Индија и Русија се во најмала рака смешни и нема даги коментирам. Тајван е со 23 милиона жители, ние 2, плус ја имаат Кина со милиарда и пол до нив, значи крај на прикаската , за Сингапур незнам мн. мн. , но верувај дека неможе да се развиеме без НАТО и ЕУ, па прво и основно, тие пари што ги ветува Ставревски за земјоделците до 2012 , отприлика 460 милиони евра мислам беа, се пари од ЕУ. А НАТО ни е потребно заради сигурнаста на инвеститорите, еве стај се ти во улога на инвеститор.

Имаш 100 милиони евра предвидени за инвестиции, твоите советници ти ги предложуваат Македонија, Бугарија и Романија како дестинации за инвестирање, под претпоставка дека и трите земји ти нудат независно судство, решен катастар и сите други пропратни работи, но во Македонија, плаќаш данок од 10%, во Бугарија од 15% а во Романија 12%.

... Следно прашање ќе ти биде, кои од овие земји се членки на НАТО и каква е безбедносната ситуација во трите земји, и тука следува, Романија и Бугарија се членки , Македонија не е , плус има одредени проблеми на меѓуетничко ниво. Која би била твојата одлука за дестинација за инвестирање?

Мојата ќе ти ја кажам, во овој случај Романија!

Гледаш сеа зашто ни треба НАТО?

Ајде сега изговори, изговори. Тајван ја имал Кина, епа ние ја имаме цела е.... еу на граница и имаме договор да можеме слободно да извезуваме таму. Сега ами?

Никој не расмислува така... Била во нато-еу и такви глупости...Тоа има многу мало влијание. Ти и твоите не се разбирате од економија. Ако понудиш доволно бенефиции, ќе дојдат тука а не таму.

Македонија без нато имаше 240 милиони странски инвестиции лани, и оваа бројка само ќе расте. Овие што вложија тука луди ли се??? Знаат каде е парата.

И меѓу овие 3 земји нормално би ја одбрал Македонија.
 
Ако не сте моќни, што тогаш се плеткате таму кајшто не ви е местото? Оставете работите да ги брка тој што може.

Другар, ова го кажав како општа состојба во која се наоѓа Македонија, и не мислев на некој конкретно дека не е моќен, туку на целокупниот народ и на сите политички "елити".(а верувам дека ме сфати, ама јас да појасно за секој случај)

И треба да се погледне на реалноста во очи, а не само со главата во зид. Ако има друго решение, тогаш кажи го , ако има такво јас ќе бидам најсреќниот човек, ама реалноста е друга и кога тогаш ќе мора да го прифатиме тоа.
 
Нема во нато-еу обезличени! Тоа е решението! :pishtoldz
 
и не мислев на некој конкретно дека не е моќен, туку на целокупниот народ и на сите политички "елити"

...хмм, демек, како народ сме генетски инфериорни? Ова ми личи на пропагандна порака, составен дел на психолошката операција “деморализирање на непријателот“. Точно е дека меѓу политичките елити има такви коишто се дебело платени да ги спроведуваат овие операции врз масата експериментални глувци, ама, кажи ми за тебе лично, ти плаќа некој за да шириш дефетизам, или го работиш онака, волонтерски?
 
Ајде сега изговори, изговори. Тајван ја имал Кина, епа ние ја имаме цела е.... еу на граница и имаме договор да можеме слободно да извезуваме таму. Сега ами?

Никој не расмислува така... Била во нато-еу и такви глупости...Тоа има многу мало влијание. Ти и твоите не се разбирате од економија. Ако понудиш доволно бенефиции, ќе дојдат тука а не таму.

Македонија без нато имаше 240 милиони странски инвестиции лани, и оваа бројка само ќе расте. Овие што вложија тука луди ли се??? Знаат каде е парата.

И меѓу овие 3 земји нормално би ја одбрал Македонија.

Добро, очигледно не размилсуваме на иста бранова должина и џабе би било да се продлабочува дискусијава , нема да стигнеме никаде.

И само за уште ова би ти одговорил и тука ќе прекинам. Да точно дека може да извезуваме во ЕУ, ама знаеш колку македонски компании имаат сертификати за извоз во ЕУ? Немаме технологија ние за таму да извезуваме, а ако дојде странец, ја купи фабриката, инвестира во нејзе, во нови технологии, е тогаш ќе може да извезуваме, да, ама додека дојде тој странецот шо праиме? Пак се вртиме во круг, пак ни треба НАТО за да дојде тој странец, и неможеш да кажеш дека тоа има мало влијание, кога сите познавачи на економијата го тврдат спротивното!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom