Не е работата за плашење, тоа е реалноста.
А споредбите со Кина, Индија и Русија се во најмала рака смешни и нема даги коментирам. Тајван е со 23 милиона жители, ние 2, плус ја имаат Кина со милиарда и пол до нив, значи крај на прикаската , за Сингапур незнам мн. мн. , но верувај дека неможе да се развиеме без НАТО и ЕУ, па прво и основно, тие пари што ги ветува Ставревски за земјоделците до 2012 , отприлика 460 милиони евра мислам беа, се пари од ЕУ. А НАТО ни е потребно заради сигурнаста на инвеститорите, еве стај се ти во улога на инвеститор.
Имаш 100 милиони евра предвидени за инвестиции, твоите советници ти ги предложуваат Македонија, Бугарија и Романија како дестинации за инвестирање, под претпоставка дека и трите земји ти нудат независно судство, решен катастар и сите други пропратни работи, но во Македонија, плаќаш данок од 10%, во Бугарија од 15% а во Романија 12%.
... Следно прашање ќе ти биде, кои од овие земји се членки на НАТО и каква е безбедносната ситуација во трите земји, и тука следува, Романија и Бугарија се членки , Македонија не е , плус има одредени проблеми на меѓуетничко ниво. Која би била твојата одлука за дестинација за инвестирање?
Мојата ќе ти ја кажам, во овој случај Романија!
Гледаш сеа зашто ни треба НАТО?