Дали е Бог видлив или никој го нема видено?

  • Креатор на темата Креатор на темата Soul-of-Space
  • Време на започнување Време на започнување
А дали Бог не е создаден налик на човекот?
Дали човекот не е дел од месото на Бог?
Дали човекот не е создаден од коските на Бог?
Дали човекот не е создаден од Бог налик на Бог?
Дали човекот се стреми да го достигне Бог?
Повторно се излетуваш и тоа на твој терен.
Христијанството нема врска со ова горе што го пишуваш,ако не ми веруваш посоветувај се со мики и чорбаџија.
Не ги познаваш елементарните работи на својата религија,јас ли треба да те учам :)
А дали ми Бог нема или има?знаеме ли или не знаеме?
Ако човекот е создаден налик на човекот тогаш има или нема?
Ви не ни знаете кој е бог зошто никогаш во животот нема ни да го видите,
односно ќе го видите како месечина пред вас така?

Бог нема потреба од горенаброениве работи,и тоа знаеме сигурно.
Барем ние муслиманите.
Човек кој верува дека Бог е 3 во 1,ми вели дека не знам кој е Бог. Апсурдно е тоа.
Според христијанството,Исус распнат на крстот вели: Боже зошто ме остави...
И ти сега ќе ме убедуваш дека Исус е бог и дека тој на самиот себеси вели: Боже зошто ме остави.
Или ќе ме убедуваш дека Исус е бог,а знаеме дека Бог е сезнаен.
Според библиски цитати кога Исус бил прашан кога ќе биде Судниот ден,одговорил
А за тој ден и час никој не ни знае, ни
ангелите небесни, ниту синот, а само
Отецот“.
(Марко 13:32, и Матеј 24:36)

Ако е исус бил бог требал да одговори на прашањево,бидејќи Бог е сезнаен.
Исус во молитвите обраќајќи му се на Бог вели: Нека биде вољата Твоја.
Не вели: Нека биде вољата моја,или нека биде вољата на сите тројца шо сме еден.
итн итн.
Ме мрзи понатаму да пишувам,засега за ова размислувај.
И научи си ги елементарните работи од својата религија.
Поздрав.
 
Повторно се излетуваш и тоа на твој терен.
Христијанството нема врска со ова горе што го пишуваш,ако не ми веруваш посоветувај се со мики и чорбаџија.
Не ги познаваш елементарните работи на својата религија,јас ли треба да те учам :)

Не не се излетувам туку ти се излетуваш и ми говориш за религија која не ја познаваш.
односно ми наметнуваш сопствњно мислење со предрасиди од сопственато!

Во библијата односно стариот завет пишува дека човекот е создаден налик на Бога, ''коски од моите коски''...

Нема потреба да ги прашувам и тие истото ќе ти го потврдат!

Бог нема потреба од горенаброениве работи,и тоа знаеме сигурно.
Барем ние муслиманите.

За тоа и те прашав од каде знаеte од баба Ванѓа?

Човек кој верува дека Бог е 3 во 1,ми вели дека не знам кој е Бог. Апсурдно е тоа.
Според христијанството,Исус распнат на крстот вели: Боже зошто ме остави...
И ти сега ќе ме убедуваш дека Исус е бог и дека тој на самиот себеси вели: Боже зошто ме остави.
Или ќе ме убедуваш дека Исус е бог,а знаеме дека Бог е сезнаен.
Според библиски цитати кога Исус бил прашан кога ќе биде Судниот ден,одговорил
А за тој ден и час никој не ни знае, ни
ангелите небесни, ниту синот, а само
Отецот“.
(Марко 13:32, и Матеј 24:36)

Ако е исус бил бог требал да одговори на прашањево,бидејќи Бог е сезнаен.
Исус во молитвите обраќајќи му се на Бог вели: Нека биде вољата Твоја.
Не вели: Нека биде вољата моја,или нека биде вољата на сите тројца шо сме еден.
итн итн.
Ме мрзи понатаму да пишувам,засега за ова размислувај.
И научи си ги елементарните работи од својата религија.
Поздрав.

Батка ама ич не те убедувам не ни имам намера било кого да убедувам и присилно да му наметнувам!

Тогаш одговори ми кој е Алах освен зборовите тој е семоќен сезнаен итн ..
Ете нашиот го знеш можеле и да го видат и а го допрат а кај вас?
 
Не не се излетувам туку ти се излетуваш и ми говориш за религија која не ја познаваш.
односно ми наметнуваш сопствњно мислење со предрасиди од сопственато!

Во библијата односно стариот завет пишува дека човекот е создаден налик на Бога, ''коски од моите коски''...

Нема потреба да ги прашувам и тие истото ќе ти го потврдат!
Та нели стариот завет бил неморален закон.
Зошто сега го земаш стариот завет ако пред некој ден рече дека со доаѓањето на Исус,стариот завет не важи. :)

За тоа и те прашав од каде знаеte од баба Ванѓа?
Знаеме од Кур'aнот,треба само да се земе и да се прочита.
Тогаш одговори ми кој е Алах освен зборовите тој е семоќен сезнаен итн ..
Ете нашиот го знеш можеле и да го видат и а го допрат а кај вас?

1) Аллах - Аллах е Оној, освен кој нема друг Бог. Аллах, кој ја има силата да создава работи (се).

2) Ер-Рахман – Благ, Милозлив, Оној кој има многу милост за верниците и неверниците во овој свет и посебно за верниците во идниот свет.

3) Ер-Рахим – Милозлив, Оној кој што има многу милост за верниците.

4) Ел-Мелик – Владетел, Кралот, Оној со потплона власт, Оној чијашто власт нама ништо несовршено.

5) Ел-Куддус – Свет, Оној кој е чист од било каква несовршеност, нема деца ниту непријатели.

6) Ес-Селам - Чист од маани, Изворот на Мир, Оној кој нема никаква неперфекција.

7) Ел-Му'мин - Кој ги потврдува ветувањата, Чувар на Верата, Оној кој за Себеси потврдил сведочел дека нема Бог освен Него.

8 ) Ел-Мухејмин - Кој дава сигурност, Заштиникот, Оној кој е сведок на сите кажувања и дела на Неговите створови.

9) Ел-Азиз - Кој на се внимава и се следи, Моќниот, Силниот, Поразувачот кој не е поразен.

10) Ел-Џеббар – Силниот, Оној што присилува, Оној во чијашто власт не се случува ништо освен она што е во Негова воља.

11) Ел-Мутекеббир – Силниот, Величествениот, Оној што ги нема својствата на створовите и кој не лихи на нив.

12) Ел-Халик – Створителот, Творецот, Оној кој сите работи ги доведува од непостоење во постоење.

13) Ел-Барѝ - Кој ствара прекрасно, Творецот кој ја има моќта да ги менува створените работи.

14) Ел-Мусаввир - Кој дава ликови, Обликувачот, Оној кој ги обликува Неговите створови во различни ликови.

15) Ел-Гаффар -Кој многу простува, Големиот простувач, простувачот, Оној кој ги простува гревовите на неговите робови повторно и повторно.

16) Ел-Каххар - Кој надвладува, Подчинувачот, Доминантниот, Оној кој има совршена моќ и не е немоќен оред ништо.

17) Ел-Веххаб - Кој многу подарува, Оној кој е даржлив во давањето на многу без нисто да бара назад.

18) Ер-Реззак - Кој дава обилна опскрба, Одржувачот,Снабдувачот.

19) Ел-Феттах - Кој се решава и отвара, Отворувачот, Олеснувачот, Судијата, Оној што на неговите робови им ги отвора (олеснува) затворените дуњалучки и верски проблеми.

20) Ел-Алим -Кој се знае, Оној во чиешто знаење ништо не недостасува.

21) Ел-Кабид - Кој стега, Задржува. Оној кој ја стeга, намалува опскрбата во Неговара мудрости кој ја зголамува со неговата дарежливост и милост.

22) Ел-Басит - Кој пружа, Зголемувачот, Оној кој ја намалува обскрбата по негова мудрост и ја зголемува и проширува по неговата дарежливост и Милост.

23) Ел-Хафид -Кој спушта, Понижувачот, Оној кој понижува кого што Тој сака со неговата Деструкција и воздигнува кого што Тој сака.

24) Ер-Рафи - Кој воздигнува, Оној кој унижува кого што Тој сака и воздигнува кого што Тој сака.

25) Ел-Муизз - Кој возвишува, Почествувачот, Тој воздигнува кого што Тој сака зашто нема никој кој што може да го деградира: Тој деградира кого што Тој сака зашто нема никој кој што може да го воздигне.

26) Ел-Музилл - Кој понижува, Тој воздигнува кого што Тој сака и понижува кого што Тој сака.

27) Ес-Семи - Кој све слуша, Сечујниот. Слуша со вечниот слух, нема уво ниту орган на слушање.

28) Ел-Басир - Кој се гледа; Оној кој гледа се со неговиот вечен вид без да има око или орган на вид.

29) Ел-Хакем – Судијата, Тоје е Владетел и Неговиот суд е Неговиот Збор.

30) Ел-Адл – Праведниот.

31) Ел-Латиф – Добриот, Суптилниот, Оној кој е љубезен со своите робови и се грижи за нив (им дава).

32) Ел-Хабир - За се известениот, Оној кој ја знеа вистината за сите работи.

33) Ел-Халим – Благиот, Простувачот, Оној кој им ја одложува казната на оние кои ја заслужуваат и можеби ќе им прости.

34) Ел-Азим – Величествениот, Моќниот.

35) Ел-Гаффур -Кој простува, Оној кој многу простува.

36) Еш-Шекур -Кој е благодарен, Оној кој цени, Оној кој дава голема награда за малку послушност.

37) Ел-Алијј– Високиот, Возвишениот, Највисокиот, Врховниот, Оној кој нема свосјтва на створовите.

38) Ел-Кебир – Великиот, Најголемиот, Големиот, Оној кој по статус е поголем од се друго.

39) Ел-Хафиз -Кој чува, Заштитникот, Оној кој заштитува кого и она што Тој сака.

40) Ел-Мукит - Кој пази и одржува.

41) Ел-Хасиб - Кој ги сведува сметките, Кој дава задоволство.

42) Ел-Џелил – Величествениот, Врховниот, Оној кој има Моќ и Слава на статусот.

43) Ел-Керим –Благородниот, Дарежливиот, Оној кој има Моќ и Слава на статусот.

44) Ер-Рекиб - Кој мотри на секој покрет. Ова значење е поврзано со неговото Знаење.

45) Ел-Муџиб - Кој ги прима молбите, Оној кој одговара на оној со потреба и го спасува оној кој му се обраќа за помош.

46) Ел-Васи - Кој со милоста и знаењето опфаќа се. Знајниот.

47) Ел-Хаким – Мудриот, Судијата над судиите, Онојкој е коректен во неговите дела.

48) Ел-Ведуд - Кој љуби, Оној кој ги љуби неговите верни робови и тие Го љубат Него.

49) Ел-Меџид – Славениот, Славниот, Оној кој има совршена Моќ, Висок Статус, Сочувство, дарежливост и Љубезност.

50) Ел-Баис - Кој проживува, Воскреснувачот од мртви.Оној кој ги вокреснува од мртви неговите робови за да добијат награда или казна.

51) Еш-Шахид - Сведокот на се.Не е одсатен од ништо.

52) Ел-Хакк - Врхоната вистина, Оној кој навистина постои.

53) Ел-Векил - Сеопшт створител Повереникот, Оној кој дава задоволство и на кого се ослонува.

54) Ел-Кавијј – Моќниот, најсилниот, Силниот, Оној со комплетна моќ.

55) Ел-Метин –Цврстиот, Оној со екстремна моќ која е непрекината и Тој не се заморува.

56) Ел-Велијј – Заштитник, Заштитнички пријател, Поддржувач.

57) Ел-Хамид – Фалениот, Вредниот на фалба, Фалениот на кој му следи фалење.

58) Ел-Мухси - Кој ги опфаќа и ситниците и им го знае бројот.

59) Ел-Мубди - Почетниот Творец.

60) Ел-Муид - Кончниот оживувач, Оној кој ги враќа назад суштествата по нивната смрт

61) Ел-Мухји - Давателот на живот.Го произведува човекот од семе во кое нема душа. дава живот со враќање на душите назад на истрошените тела на денот на воскреснувањето. Ги оживува срцата со светлото на знаењето.

62) Ел-Мумиту - Оној кој усмртува, Создавателот на смртта, Уништувачот.

63) Ел-Хајј – Живиот. Неговиот живот е поинаков од нашиот и не е комбинација на душа, тело и крв.

64) Ел-Кајјум - Одржувачот на се, Самоодржувачот, Оној кој останува и не завршува.

65) Ел-Ваџид – Богатиот, Богатиот кој никогаш не е сиромав. Ел ваџд значи богатство.

66) Ел-Маџид – Славниот, Благородниот.

67) Ел-Вахид – Единиот, Единствениот, Уникатниот.

68) Ес-Самед - Вечниот, Апсолутниот, постои без било што да му треба. Оној на кого секој му се обраќа, Господарот на кого се оослонува и враќа во случај на потреба.

69) Ел-Кадир – Семоќниот, Способниот, Оној што има Сила.

70) Ел-Муктедир - Кој се' може, Моќниот, Доминантниот.

71) Ел-Мукаддим - Кој унапредува, Оној што ги става работите на нивните вистински места, Тој убрзува што сака и успорува што сака.

72) Ел-Му'еххир - Кој запоставува, Одложувачот, Успорувачот, Оној кој ги става работите на вистинскотот место. Забрзува што сака и одложува што сака.

73) Ел-Еввел – Првиот, Оној чие што постоење е без почеток.

74) Ел-Ахир – Последниот, Оној чиешто постоење е без крај.

75) Ез-Захир – Јасниот, Манифестираниот.

76) Ел-Батин – Скриениот.Ношто не е над Него и ништо не е под Него, Тој постои мез место. Неговото постоење е јасно преку докази и тој нема ги нема заблудите на телесните својства.

77) Ел-Вали - Управителот. Власник на работите и управува со нив.

78) Ел-Мутеали – Севишниот. Тој ги нема својствата на креацијата, на створеното.

79) Ел-Берр –Доброчинителот. Изворот на секое добро, Праведниот, Љубезниот со Неговите створови, ги обсипал со неговата обскрб и меѓу нив оние кои што Тој сака им дал посебна милост и поддршка.

80) Ет- Теввабу - Кој го услишува каењето. .

81) Ел-Мунтеким - Кој не останува должен, Осветникот, Оној кој победнички ги надвладува своите непријатели и ги казнува за нивните гревови. Може да значи оној кој ги уништува.

82) Ел-Афувв - Кој простува. простува на таков начин што потполно го ибришува гревот.

83) Ер-Реуф – Сомолосниот, Оној со екстремна милост.

84) Малику-л-мулк - Господар на сите светови.Ја контролира власта и дава власт на кого што Тој сака.

85) Зул-Џелали ве-л-Икрам -Највеличествениот и Оној со најголема чест.

86) Ел-Муксит - Сеопштиот делител на правдата.

87) Ел-Џами - Кој собира сѐ. Ги собира суштестватна денот за кого нема сомнеж, Јовм удДин.

88 ) Ел-Ганиј - Богатиот, Самодоволниот. El Ghani- gh се изговара како француското "р".

89) Ел-Мугни - Оној кој обогатува.

90) Ел-Мани -Кој го одзема богатството.

91) Ед-Дарр - Кој ствара штета, нанесува штета на кого што Тој сакаи корист на кого што Тој сака.

92) Ен-Нафи- Кој ствара корист.

93) Ен-Нур - Сеопштата светлина, Светлината, Оној кој води.

94) Ел-Хади - Кој упатува, дава хидает.Со неговиот хидајет суштествата се усмерени кон она што е корисно за нив и се заштитени од она што е штетно за нив.

95) Ел-Беди - Створителот, Оној кој што створил се', без претходен пример.

96) Ел-Баки – Вечниот. Состојбата на непостоење е невозможна за него.

97) Ел-Варис - Конечниот наследник на сѐ.

98) Ер-Решид - Упатувачот на добро. Упатува на правиот пат.

99) Ес-Сабур - Стрпливиот. Не брза со пресметката. Не ги казнува грешниците бргу.
 
Hattab1
Aма само јас не можам да се разберам со тебе или и со другите имааш ваков проблем.
Те прашав кој е не што е!
Дали некогаш ако отидеш кај девиците ќе го видиш во својата природа и облик?
 
Hattab1
Aма само јас не можам да се разберам со тебе или и со другите имааш ваков проблем.
Те прашав кој е не што е!
Дали некогаш ако отидеш кај девиците ќе го видиш во својата природа и облик?

Јас не можам да го опишам подобро и повеќе отколку што Тој себеси се опишува кој е и што е.
Бараше одговор и бујрум,ете ти па читај си и изгледај го видеото,6 минути е.
 
Та нели стариот завет бил неморален закон.
Зошто сега го земаш стариот завет ако пред некој ден рече дека со доаѓањето на Исус,стариот завет не важи. :)

Не не сум рекол такво нешто,само ти не си разбрал,
стариот завет е надополнет со новиот завет!

Јас не можам да го опишам подобро и повеќе отколку што Тој себеси се опишува кој е и што е.
Бараше одговор и бујрум,ете ти па читај си и изгледај го видеото,6 минути е.

Ама ништо не одговори што те прашав или јас не те разбрав!
Како, значи твојот Бог не е вистински никој не го ни видел нит ќе го види или твојот бог е невидлив или Бог е Месечина или полу месечина?Изјаснисе во кого веруваш?

Hattab1
Дали некогаш ако отидеш кај девиците ќе го видиш во својата природа и облик?

Само на ова одговори ми зошто не ми е јасно?
Како може да верува некој во нешто што не го познава ни го видел нит ќе го види?
 
Само на ова одговори ми зошто не ми е јасно?
Како може да верува некој во нешто што не го познава ни го видел нит ќе го види?

Најголема награда за оние кои ќе влезат во џеннетот е гледањето во Аллаховото лице.
 
Најголема награда за оние кои ќе влезат во џеннетот е гледањето во Аллаховото лице.

Батка не можеш со свои зборови да опишеш не знам добро српски не можам да разберам што сака да каже.
Дали муслиманите ќе живеат и ќе го гледат алах во рајот во својата природа?
 
Батка не можеш со свои зборови да опишеш не знам добро српски не можам да разберам што сака да каже.
Дали муслиманите ќе живеат и ќе го гледат алах во рајот во својата природа?

Батка,кога се вака чувствителни теми можам да ти кажам само онолку колку Аллах кажал за себеси.
А не јас со свои зборови,не е научна фантастика да не можеш да разбереш,пола зборови се исти :)
 
Батка,кога се вака чувствителни теми можам да ти кажам само онолку колку Аллах кажал за себеси.
А не јас со свои зборови,не е научна фантастика да не можеш да разбереш,пола зборови се исти :)

Ха значи до мене е само јас вака трефнувам на вака чувствителни теми ?
(y)
 
Ха значи до мене е само јас вака трефнувам на вака чувствителни теми ?
(y)

Не,убави прашања постави.
А и ти дадов убав одговор,значи ова не се прашања каде јас можам свое мислење да дадам,а ти дадов преубаво видео.
 
Најголема награда за оние кои ќе влезат во џеннетот е гледањето во Аллаховото лице.

Овој типов од виедово што ја врши нарацијата, ептен знае што ќе кажат и верниците, а што ќе каже и Алах, од збор до збор:vozbud:

Лудница еј. Забавата е во кругот, а вие сте у кругот.
 
Овој типов од виедово што ја врши нарацијата, ептен знае што ќе кажат и верниците, а што ќе каже и Алах, од збор до збор:vozbud:

Лудница еј. Забавата е во кругот, а вие сте у кругот.

Веќе реков дека тоа што го кажува се зборови од Куранот,а не негови зборови.
 
Веќе реков дека тоа што го кажува се зборови од Куранот,а не негови зборови.

Нам не ни е битно дали е од куранот или од тетратка извадено зборувањето.
Дали некој го видел твојот бог? Каков е? Мора да се верува во твојот бог само? Се нема слика? Само Мухамед го видел? Ти?
Ова што ти го извади од твојата света книга, се атрибуции на твојот бог во кој веруваш и е дадено по примерот на египетските мистерии - буквално.
Види ја „Книга на Мртвите - Папирусот на Ани“ од Вилијам Баџ. Ова што го има во твојата света книга, го има во книга стара 3000 години пред настанувањето на исламот. Истите атрибуции се дадени за Озирис, Изида, Хорус, Сет, Ну итн ...

Да не копирам тука цели текстови со атрибуциите на тие богови... ќе си побараш да видиш, а и другите ги охрабрувам да пребараат. :)
 
Aj po pivo deka nema da razgleda :)

Mu davas protivreligiski sovet :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom