Дали доволно вежбаме?

  • Креатор на темата Креатор на темата dino-jr
  • Време на започнување Време на започнување

Дали доволно се движите?

  • Вежбам секој ден

    Гласови: 19 41,3%
  • Вежбам 2-3 пати неделно

    Гласови: 14 30,4%
  • Пешачам по 3-4 километри дневно

    Гласови: 6 13,0%
  • Пешачам по 7-8 километри неделно

    Гласови: 4 8,7%
  • Возам велосипед/ролери/скејт

    Гласови: 8 17,4%
  • Одам со автобус/такси/кола/мотор

    Гласови: 4 8,7%
  • Времето претежно го поминувам пред телевизор/компјутер

    Гласови: 5 10,9%
  • Вежбање? Движење? Што е тоа?

    Гласови: 2 4,3%
  • Ќе кликнам без врска

    Гласови: 4 8,7%

  • Вкупно гласачи
    46
Вежбам секој ден на орби трек :) бидејќи правев операција поради оштетен менискус и ногата ми ослабна па така последниве 2 месеци константно вежбам, а треба и да продолжам уште подолг период, ем здраво, ем ќе ојачаш нешто плус :pos:
 
Не сум активна за жал.Планирам сега летото да се позанимавам со тој проблем.Инаку секој ден пешачам по еден саат.Пола сат пешки до факултет и пола назад.Некогаш одам и по два пати на ден на факултет.Ама треба и во пракот да се потрча или точак,ролери да се возат.
 
...секој ден пешачам по еден саат...Ама треба и во пракот да се потрча или точак,ролери да се возат.

Целосно се согласувам, и јас практикувам пешачење, ми го освежува мозокот (меѓу другото), а не лошо ни планинарењето, па макар и на Водно.
 
Мислам дека сум доволно физички активен. Возам велосипед или пешачам и често играм фудбал со другарите..
Посебно во лето не се влегува дома :)
 
Мислам дека сум доволно физички активен. Возам велосипед или пешачам и често играм фудбал со другарите..
Посебно во лето не се влегува дома :)
Еве и ја исто како meazza:smir:, сосем исто не се влага дома летово.
 
Не вежбам, а и не планирам оти ме мрзи. Ете така! :)
 
Се обидувам неделно отприлика 4-5 пати да одам на фитнес, пешачам скоро секој ден 2-3км сакала или нејќела, и се обидувам во секојдневието да сум физички активна, наместо лифт секогаш идам по скали, секогаш се симнувам една станица порано од трамвај и пешачам накај дома итн.
 
Oprah changed my life...

Беше топол априлски ден и јас со мојата фамилија ја гледавме Опра на тивито, гостинот кај неа имал добиено срцев удар поради дебелината, потоа дојде друг гостин кој имаше проблеми во семејството поради тоа што го празнел фрижидерот секојдневно, дури успевал да го крши катанецот на фрижидерот со хебла и...


Ок, вежбам последниве неколку години сум претерано физички активен. Околу 4/5 часа дневно посветувам на спортот и тоа. Трчам, возам, вежбам, играм баскет, супер си сум. И подобро се осеќам со сопствената кожа.
 
не вежбан ич
мрза невидена :)
 
Вежбав повеќе порано, сега не толку.Некогаш ќе речам ќе вежбам дома ама по некој ден оставам.Инаку додека беше школска година школото ми е далеку и пешачев секој ден по најмалку 10 км.
 
Секој ден по 10километри со точак. После тоа со два тега од по 7кила ги кревам во серии и така.
Секој ден вака... :)
 
од понеделник до сабота сум по 1 саат дневно во теретана недела возам велосидед од Ченто до влае и назад а за трчање 3 пати неделно
Ама кога сум дома цело време сум пред тв или компјутер е ова не ми чини зошто само нешто грицкам така да вежбањево ми е џабе
 
еври факинг деј .. неможам а да не отидам да се издувам, секој ден одам во теретана но малку е , навечер трчам, возам ролери, точак или едноставно шетам по 4-5 километки , ако седам дома ке збрлавам немам каде да ја потрошам енергијата, + на топлово едноставно ке паднам во кома ако не си ги задоволам потребите...
 
Не вежбам доволно,пошто ме мрзи и немам кондиција,брзо се задишувам и се заморувам...На Факултет одам пешки,ама не секогаш...па ако сумирам ми се берат само 3-4 сати пешачење неделно,шо е ептен малку...ама сега си најдов вежби на интернет,па планирам да вежбам секој ден,за да си ја подобрам кондицијата и да се осеќам поздрави и посвежо.(како порано кога многу повеќе се движев.:))
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom