Дали дебелината е болест?

  • Креатор на темата Креатор на темата Мари
  • Време на започнување Време на започнување
Не знам колку може да се каже дека е болест дека тие кои се подебели имаат повеќе апетит и тешко е да ослабат а тие шо се послаби имаат малце апетит и тешко е да се здебелат како што е и тешко да се ослабе.
 
Ок, може да се каже дека е и до психата но може и до љубовта кон храната. Некои луѓе јадат многу само кога се нервозни, некои се навлечени на благо, некои јадат расипана храдно и така... Порано имав 95 кг а сега имам 78. Можем да кажем дека не сум имал проблеми со психата туку едноставно си ја сакав храната порано.
 
Ок, може да се каже дека е и до психата но може и до љубовта кон храната. Некои луѓе јадат многу само кога се нервозни, некои се навлечени на благо, некои јадат расипана храдно и така... Порано имав 95 кг а сега имам 78. Можем да кажем дека не сум имал проблеми со психата туку едноставно си ја сакав храната порано.
Да, ама со оглед на тоа дека имаш 16год. и сеуште си во пубертет, период на интензивен раст и развој, и логични се варијации во тежината.
Ние не зборуваме за "проблеми со психата", туку за примарна дебелина, која е резултат на зголемен внес на храна од потребното, (иако е сепак дискутабилно дали обезитас и не е резултат на некои внатрешни конфликти, како невозвратена семејна љубов и компензација на истата со храна, итн...) и секундарна дебелина - како последица на низа болести...
Барем јас така ја разбрав темава...
 
За мене дебелината не е болест. Многу големо влијание има и тоа како се хранеле кога биле помали. Нивниот желудник е проширен и мораат да внесуваат поголемо количество храна.
 
Zavisnost za kolkava kolaza stanuva zbor ako e nad 180 veke preminuva vo patoloska pojava a za oslabuvanje samo jaka vojla ,a ako se pomiris so kilogramite posle sami si se talozat.
 
дебелината може да е болест предизвикана од тироидна жлезда некои кои имаат споро работење се дебелеат или од некое друго хормонално пореметување,

но има луѓе кај кои дебелината прешла во болест поради неконтролирано јадење на се и сешто.
на тв пред некое време гледав едни две девојчиња близначки на 12 години кои биле многу дебели, мајката влеше дека неконтолирано јаделе неможела да ги спречи и нормално почнале да се деблеат што тоа преминало во болест и неконтролирано јадење, децата завршија на доктор ситуацијата станала сериозна и ги ставиле на диета ги научиле да јадат доволно колку треба да не се прејадуваат и секако на тоа следуваа и позитивни резултати, ослебеа колку штое е потребно и доволно за нивна возраст.
 
Зависи во кој случаеви.Има негде каде што луѓето се дебели од болест и неможат да ослабат.
 
Дебелина од непрестано јадење не е болест, до сега не сум слушнал никој да каже: Не ми се иде на работа/школо денес , вчера закачив некој дебелина, или вчера изедов една торта и сега дебелинава ме мачи.

Дебелина е избор, а изборот е дали да престанеш да јадеш за тројца или да имаш контрола над тоа што го внесуваш во телото.

А за тие што имаат Дијабетис или некоја друга болест од која може да се здебелиш и тука не е болест, туку спореден ефект на некоја друга болест.
 
Дебелината е причина да дојдете до заболувања, во оваа смисла да. А доколку е последица на некое друго заболување тоа е друго. Голема причина за да се здебелите е заболената тироидна жлезда и тоа доколку не лачи доволно тироксин но и за тоа постои терапија. Само треба да пронајдете која е причината што се здебеливте:toe:
 
Да, дебелината е болест но Болест на зависност исто како што е зависноста од дрога, зависноста од цигари, така дебелината е болест на зависност од храна, колку што му е тешко на пушач да се откаже од цигарите или на наркоман од дрогата или пак н а алкохоличар од алкохолот толку му е тешко на дебелиот човек да се откаже од храната. Но и за тие болести има лек само треба цврста волја, истрајност и цврст карактер.
И не е точно тоа дека за дебелината се криви гените. Има и такви случаеви ама се многу ретки односно само еден процент од дебелите луѓе се дебели поради наследеност на дебелината.
 
Дебелината е симптом, а големиот вишок сеедно од кои причини е склон кон дополнителни метаболитички проблеми.
 
ова е налик- Дали Височината е болест??
Дали Сумо борачите се болни,или се спортисти?
 
Не е болест, туку е пореметување што може да се третира како болест.
Инаку кај некои луѓе тоа Е болест не заради прекумерното јадење или сл, туку заради хормонски деформации.
 
Не е болест, туку е пореметување што може да се третира како болест.
Инаку кај некои луѓе тоа Е болест не заради прекумерното јадење или сл, туку заради хормонски деформации.

сосема точно се согласувам:helou:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom