Дали бог е совршен? Зошто?

  • Креатор на темата Креатор на темата Sara_Hott
  • Време на започнување Време на започнување
Мене ми е јасно, ти нешто си побркал. Јас дискутирав за концептот на Бог кој има потреба да суди, казнува и наградува. Тоа не е мој концепт на бог.

Не,не ти е јасно.
Таков концепт на бог не постои,погрешна ти е констатацијата дека има потреба,не нема потреба од тоа, луѓето сами си го заслужуваат поради изборот кој им е дозволен со слободната волја.
Постои уште една фаза од твоето искусување на животот кој сеуште според пишувањето го немаш искусено,а тоа е да бидеш татко.
 
Совршен=неограничен.

Просто и едноставно, нели?...
 
Ednostavnoto ne e za site....
Tie ednostavnoto sakaat da gi komliciraat.....inaku kako ke mislat deka se mnogu pametni.

„Зашто да е едноставно, кога може сложено„ е девиза од денешните атеисти.

Нивниот проблем е во тоа што не сакаат да ги примат вистините онака како ни‘ се објавени „од озгора„, туку истите тие вистини, атеистите ги „филтрираат„ низ својот ум, кој е оптеретен со егоизам, со „непогрешливост„ и со обид за објаснување на објавените вистини со користење овосветовна логика. Уште поголем е проблемот кога атестот сака да не ја разбере објавената вистина, затоа што умот му е полн со предрасуди од овосветовниот хуманизам и секуларизам, кои за секоја објавена вистина, имаат своја контра-вистина и еквивалент, кои ни оддалеку немаат ништо заедничко со објавените вистини.

Објавените вистини се совршено едноставни и прифатливи за умовите кои се отворени и за таков тип вистини, а не само за (нечии) вистини од овој Свет, кои атеистите ги примаат како готова изџвакана вистина, во која нема место за сомнеж во нејзината вистинитост, затоа што токму таа овосветовна вистина е „докажана„, а каде, како и од кого, не е битно...
 
:cuc:+:cuc:+:cuc:=:cuc:
 
Не,не ти е јасно.
Таков концепт на бог не постои,погрешна ти е констатацијата дека има потреба,не нема потреба од тоа, луѓето сами си го заслужуваат поради изборот кој им е дозволен со слободната волја.
Постои уште една фаза од твоето искусување на животот кој сеуште според пишувањето го немаш искусено,а тоа е да бидеш татко.
Море човек! Си ги измешал лончињата скрос. Јас неверувам во Бог кој има потреба да суди, членот со кој дискутирав верува во такво нешто, затоа користев споредби каде креаторот бара одговорност од креацијата за да ја потенцирам апсурдноста на таа ситуација!:facepalm:
--- надополнето: 3 септември 2013 во 10:52 ---
Совршен=неограничен.

Просто и едноставно, нели?...
И глупоста е неограничена, но не е совршена.
--- надополнето: 3 септември 2013 во 10:56 ---
Објавените вистини се совршено едноставни и прифатливи за умовите кои се отворени и за таков тип вистини, а не само за (нечии) вистини од овој Свет, кои атеистите ги примаат како готова изџвакана вистина, во која нема место за сомнеж во нејзината вистинитост, затоа што токму таа овосветовна вистина е „докажана„, а каде, како и од кого, не е битно...
Ај види го болдов и спореди го со твоите "вистини" во кои веруваш.
 
И глупоста е неограничена, но не е совршена.

Уопште не пишував за глупоста човекова, оти темава се однесува за совршеноста Божја.
--- надополнето: 3 септември 2013 во 11:03 ---
Ај види го болдов и спореди го со твоите "вистини" во кои веруваш.

Вистините во кои верувам се објавени од Бога до човекот, за човековото арно и човековото спасение, а ради Божјото човекољубие.

Вистините во кои не верувам се вистини објавени од човек до човек, за чисто „забављање„. без посебна смисла и цел.
 
Уопште не пишував за глупоста човекова, оти темава се однесува за совршеноста Божја.
Да, но ја посочи неограниченоста како еквивалент на совршеноста, а јас ти дадов пример за нешто кое исто така е неограничено а нема врска со совршенство.
 
Човекот е ограничен, а ограничена е и неговата глупост.
Бог Е совршен, а Неговата совршеност е неограничена.

Апсурдно е да ја поистоветуваш ограниченоста човекова со совршеноста Божја.
 
Вистините во кои верувам се објавени од Бога до човекот, за човековото арно и човековото спасение, а ради Божјото човекољубие.

Вистините во кои не верувам се вистини објавени од човек до човек, за чисто „забављање„. без посебна смисла и цел.
Тоа ти така мислиш, што се однесува до другите верници, твоите вистини може да биле објавени од ѓаволот лично. Што значи дека твојата вистина се сведува на:
готова изџвакана вистина, во која нема место за сомнеж во нејзината вистинитост, затоа што токму таа овосветовна вистина е „докажана„, а каде, како и од кого, не е битно...
--- надополнето: 3 септември 2013 во 11:08 ---
Човекот е ограничен, а ограничена е и неговата глупост.
Бог Е совршен, а Неговата совршеност е неограничена.

Апсурдно е да ја поистоветуваш ограниченоста човекова со совршеноста Божја.
Ако човекот е ограничен, од каде си сигурен дека совршеноста на Бог е неограничена? Нели ти како ограничено битие немаш способност да осознаеш неограничени нешта?
 
Тоа ти така мислиш, што се однесува до другите верници, твоите вистини може да биле објавени од ѓаволот лично.

Во природата од ѓаволот лежи неговата склоност кон непрекидно лажење: лагата е неговото основно оружје.
Кој сака да биде непрекидно лажен и кој ужива во лагата, тој веќе е близок со ѓаволот.

Христос Е Вистината, Патот и Животот.
 
Епа тогаш уживај и понатаму. ;)
 
Ако човекот е ограничен, од каде си сигурен дека совршеноста на Бог е неограничена? Нели ти како ограничено битие немаш способност да осознаеш неограничени нешта?

Совршен=неограничен.
„...Бидете совршени како што Е совршен вашиот Отец Небесен...„, би рекол Христос.

Јас како ограничен, верувам дека Бог Е неограничен, оти Он така ни‘ се објавил, а не затоа што јас можам да ја измерам Божјата неограниченост.
 
Да веруваш не е исто со и да знаеш.Ти можеш да веруваш и дека можеш да леташ, ама ај скокни од прозор.
 
Во природата од ѓаволот лежи неговата склоност кон непрекидно лажење: лагата е неговото основно оружје.
Кој сака да биде непрекидно лажен и кој ужива во лагата, тој веќе е близок со ѓаволот.

Христос Е Вистината, Патот и Животот.

Немој Мики да зборуваш за природата на нештата, затоа што тоа е клизав терен посебно за авРАмските религии. Ќе треба да објасниш кој му ја дал.....незнам дали ти е јасно.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom