Дали бог е совршен? Зошто?

  • Креатор на темата Креатор на темата Sara_Hott
  • Време на започнување Време на започнување
богу ипси :cuc: може ли свинско да јадеме (ако немаме да си купиме овошје и зеленчук)? ;)
ај доста шегување, ..... бог не е совршен, затоа што НЕ постои (нема емпириски доказ), само пусти желби и честитки за проста раја.
 
Ах, пусти желби твои. Ти самопрогласен еретику,:mad: без оглед која титула ќе си ја присвоиш, ова не ти бега доколку не се покаеш:
Се обидуваш да ме заплашиш? :)
Не се плашам јас ни од луѓе, ни од богови ни од судбини море муслиманче! Стравот е предвесник на неуспехот! Само кукавиците потклекнуваат пред заканите.
Не правам никаква разлика дали е човек или не, доколку се обиде да застане на патот на мојата Волја, ќе биде сметан за непријател.
 
Се обидуваш да ме заплашиш? :)
Не се плашам јас ни од луѓе, ни од богови ни од судбини море муслиманче! Стравот е предвесник на неуспехот! Само кукавиците потклекнуваат пред заканите.
Не правам никаква разлика дали е човек или не, доколку се обиде да застане на патот на мојата Волја, ќе биде сметан за непријател.

Не те заплашувам, ти укажувам! :) Но, нели ниеден човек не се чувствува сигурен за следната недела. Ниеден човек не знае каде оди. Зарем загубата на моралните санкции не е едната од главните причини за сегашната универзална анархија? На патот на твојата Волја, пред се ти застанува државата, па дали ја сметаш за непријател?
 
Reci: "O vi nevjernici,
ja se neću klanjati onima kojima se vi klanjate,
a ni vi se nećete klanjati Onome kome se ja klanjam;
ja se nisam klanjao onima kojima ste se vi klanjali,
a i vi se niste klanjali Onome kome se ja klanjam
A vama - vaša vjera, a meni - moja! (sura Al-Kafiroon)
 
Не те заплашувам, ти укажувам! :) Но, нели ниеден човек не се чувствува сигурен за следната недела. Ниеден човек не знае каде оди. Зарем загубата на моралните санкции не е едната од главните причини за сегашната универзална анархија? На патот на твојата Волја, пред се ти застанува државата, па дали ја сметаш за непријател?
Реченицата од текстот кој се наоѓа на линкот од мојот потпис се однесува за вас профаните, на кој ви се потребни спасители, господари и овчари да ве водат.
На патот на мојата Волја во никој случај не застанува државата. Зошто? Па види ги правата на човекот во Liber Oz и види ги правата на човекот во уставот на истата држава.;)
 
Влегуваш во Божјата промисла и ги менуваш улогите со Него: -се обидуваш да ја оспориш Неговата совршеност, и со тоа наметнеш твојата несовршеност. Тоа нема да ти успее.

На Бога не Му е потребно казнувањето ,туку нам ни е потребно, и тоа токму поради нашата несовршеност. На крајот на краиштата нека ти биде и вака: Бог не не казнува, ние самите се казнуваме! Амин!
Ни тебе не ти успева. Како на човек може да му е потребно казнувањето ако вечно гори во пеколот? Која тоа потреба се задоволува со цела вечност во казан?!

Како може казната да е поради нашата несовршеност? Зарем сме ние самите одговорни за тоа што сме направени несовршени?

Нема резон никаков.
 
Незнам дали несакате или неможете да разберете, ама резултатот е тој - дека ја промашувате поентата.
Не е работата во тоа како ќе изгледа, туку како и да изгледа, судењето, казнувањето и наградувањето се контрадикторни доколку доаѓаат од совршено битие! Исто како што е контрадикторно и глупо креаторот на некоја машина вината за нејзините перформанси да ја бара во неа а не во себе.

Доколку Судот Христов го сведеш на судење кое се врши според човечките закони и мерила, си ја утнал поентата од Судот Христов.

Судот Христов не се сведува на судски процес, каде на судените им се припишуваат вакви или такви докази за нивните сторени злодела, оти тоа веќе се случува на поединечниот суд за секоја душа, поодлено, односно, Судот Христов е просто разделување на праведните од неправедните и нивно позиционирање: оддесно до Христа ќе бидат праведните кои заработиле Рај, а одлево од Христа, ќе бидат неправедните, кои заработиле пекол.

Заработувањето Рај или пекол е последица од личниот избор во кој поединецот го поминал овосветовниот живот, така да секој од нас, по личниот избор и по последиците од истиот тој избор, сам себе се осудува или наградува, така да „кривицата„ за судењето не можеме и не смееме да Му ја припишеме на Христа Бога. Христос ќе биде крајна судска инстанца, кој(а) ги одредува/разделува луѓето, според нивната вера и дела.
 
Како мислам дека религиозните од Авраамските религии мислат дека е создаден светот - нека ме поправат ако грешам

Бог создал време, простор и услови за живот ==> но не прашувај како - Бог е совршен (по Негови, Божји стандарди) и знае како.

Бог создал човек без оригинален грев - Бог нема прецизно определени познавања за иднината, т.е. со други зборови знае дека човекот може да направи нешто што Нему нема да му се допаѓа ама остава на човекот да го направи изборот. ==> Но не прашувај зошто совршено битие би Си создало дополнителна работа за себеси во иднина и зошто човекот треба да страда за да може да се искупи за гревот на своето постоење. Се си има Свои причини кои ќе ги дознаеме на крајот (можеби).

Исто така, Божјиот стандард за совршеност е различен од човечкиот и поради тоа не значи дека Бог ги знае исходите од сите можни сценарија. => Го решаваме проблемот со омнипотентноста и слободната волја.

--

Епа ако ова е барем до некаде точно, жал ми е верници, но не можете да се жалите што 100% од светското население не е желно да го прифати тој „мисловен скок“ и да се предаде на вашата омилена религија кога самиот Бог одлучил така да биде. Прифатете го Божјиот избор да секој човек си ги креира своите патишта и не бидете упорни во проповедувањето религија.

Со самото тоа што сакате 100% од светското население да верува во вашата религија вие одите против изборот на Бог секој да си го избере својот пат во животот.

Ако Бог сакал сите да веруваат во него, ќе го направел тоа на самиот почеток.

Ве прашувам искрено. Која ќе биде целта на вашата религија ако 100% од светското население верува во Бог?
 
Ве прашувам искрено. Која ќе биде целта на вашата религија ако 100% од светското население верува во Бог?

Уште еден атеист аматер...:facepalm:

Која е твојата цел ако останеш заспан атеист цел живот?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom