Дали бившиот/бившата можат да ја загрозат вашата сегашна врска?

  • Креатор на темата Креатор на темата DimceY
  • Време на започнување Време на започнување

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.882
Поени од реакции
5.790
....или што е во минатото таму и останува??
 
Зависи од тоа колку ти ке дозволиш да се деси тоа, или колку ке придонесиш со своето однесување.
 
Да. Последната моја врска беше нарушена и заврши со раскинување токму од таква причина. Барем според мене.
 
Да, само во случај сеуште да го/ја сакаме или да имаме партнер кој се сомнева во нас, па со тоа да наседне на секакви лаги од бившиот/ата (доколку сака да не раздели) и да не остави.
 
Може, секако дека може. Тоа и ми го направи. Премногу притисок ми вршеше бившиот, а дечко ми почна да се нервира и да се расправа по телефон со него, па сега забележувам дека оладил малце, дури и се плашам дека имаме криза во врската... Јас не чувствувам ништо за бившиот, но овој сега е параноичен... Па ќе видиме како ќе се справиме.
 
Може, секако дека може. Тоа и ми го направи. Премногу притисок ми вршеше бившиот, а дечко ми почна да се нервира и да се расправа по телефон со него, па сега забележувам дека оладил малце, дури и се плашам дека имаме криза во врската... Јас не чувствувам ништо за бившиот, но овој сега е параноичен... Па ќе видиме како ќе се справиме.

Мојот втор пример ете го. Не е тука проблем твојот бивши кога веќе кажуваш дека не го сакаш, туку дечко ти и ти. Ако ти верува, ќе си ја терате врската и нема да се замарате со другите. Љубовта треба да е посилна од такви смешни работи.
 
Нема шанси како прво да дозволам некој бивш да ми се меша во сегашната врска, како второ ако е некое неразбрано суштество има и друг начин ако не се разбира со убаво кажан збор, така да се е до вас не до тој кој сака да се меша кај шо не му е местото, само треба да се сака таквото нешто да се прекине, а не да се ужива во глетката на двајца љубоморни мажјаци или женки.
 
Секогаш зависи од тоа како ќе ги поставиме работите уште на самиот старт.Ако навистина има љубов, не, привлечност и допаѓање, туку љубов, во новата врска.Бившиот може да влијае, но премалку за да ја загрози врската која што се создала.

Јас лично, сум борбен тип, не знам како да се откажам од тоа што го сакам и се борам до крај, без разлика дали станува збор за мои, негови бивши или тотално банални работи како каснење.Тука нема црно или бело, туку само доволно љубов за да се бориш за тоа што го сакаш, да ги преминеш сите пречки што се на патот за да можеш среќен да заспиеш во раце кај тој што вистински го љубиш.

Ништо не е поважно од љубовта.:smir:
 
minato e minato..nesto zavrseno,ako dozvolis sekako deka moze da ti ja unisti vrskata,ako si dovolno resen/a deka e minato naravno deka nemoze:toe:
 
Може, како не може.
Се разбира дека има луѓе кои едноставно не го прифаќаат значењето на поимот крај, па подоцна се однесуваат не баш нормално, се со цел да го повратат партнерот назад, па ако треба и ги бркаат сите оние кои пробуваат да му се приближат.

Сепак, сметам дека ако има доверба во врската, нема да може никој и ништо да ја расипе. Може за момент да ја разниша, но сепак не и да ја уништи.

Според мене, минатото е минато и треба да остане таму каде што си е. Сепак, не сите луѓе размислуваат како мене.:)
 
Може..ако сеуште немате расчистено со чувства. Односно ако се уште има нешто што би ве смирило и повторно би биле заедно.

Или пак нема доверба помеѓу новиот партнер и вас. Верувате во се што ќе слушнете од околу.
 
тоа зависи само од тоа дали си лично спремен да се откажеш од минатото со таа личност, ако не си секако дека ќе правиш трансфер на чувства од старата во новата врска и нема да приметуваш колку вреди новиот човек во твојот живот...затоа пред да вовлечеш некој нов во твојот живот треба да расчистиш со старите чувства, за да не направиш колатерална штета
секој има свое минато, со убави и лоши моменти во љубовта, кои секао дека не може да се заборават, но тоа не значи дека треба да се воскреснуваат
Лично ми се има случено да раскинам со дечко поради тоа што не можел да ја надмине бившата, грозно е
 
Мојот втор пример ете го. Не е тука проблем твојот бивши кога веќе кажуваш дека не го сакаш, туку дечко ти и ти. Ако ти верува, ќе си ја терате врската и нема да се замарате со другите. Љубовта треба да е посилна од такви смешни работи.
Е да ,доверба да се има,ама едноставно тие ,,смешни работи,,те гризаат одвнатре и не ти даваат мир и спокојство!
и колку и да сакаш да заборавиш на тоа,едноставно ке зазвони бившиот/та и ке почне да замара,а не си од камен да бидеш рамнодушен на тоа!
 
Не може бившиот да има можност да ја загрози врската, ако таа е заснована на потполна доверба, искреност и љубов.
Можеби ќе се обиде да влијае, но кога ќе согледа дека мава со главата во цврсто изграден ѕид, самиот ќе се повлече.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom