Дали би...

  • Креатор на темата Креатор на темата marsovka
  • Време на започнување Време на започнување
M

marsovka

Гостин
Инспирана од темава каде веќе се продаваат роботи бебиња со оглед дека технологијава оди се понапред и понапред не би се зачудила да утре почнат да се произведуваат комплексни роботи кои можат да имитираат емоции на деца од 5-10 години кои ќе претставуваат еден вид придружник на се поосаменото човеково битисување.
Дали утре доколку би излегла таква софистицирана играчка би ја купиле и на некој начин би ја прифатиле и третирале како човеково битие.
Темава ја отворам со оглед дека кучиња, мачиња па дури и коли се третирани на сличен начин како мали дечиња кои никогаш не растат .
Не ни знам како да ја дефинирам ниту која насока да ја фати темава освен мое лично видување на тоа зошто е можно ова да се случи.
Човекчките односи се комплексни е неретко комлицирани до бескрај човечкото битие е растргнато меѓу идеалот кој му се сервира секојдневно преку медиумите и реалноста која ја вкусува преку живеењето. Реалноста е дека сите односи со луѓето некогаш знаат да бидат заморни и дека не се само нашите желби и потреби во прашање туку и надругите. Може звучи себично но зарем јадрото на егзистенцијата на човековото битие е токму тоа задоволување на своите потреби.
Во ваков свет не ретко сите сакаме не толку demandable друштво кое е едноставно и ве гледа како центарот на неговиот универзум кое секогаш ве дочекува со весели очиња и уште повесел тон за разлика од вашите пријатели, љубовници, фамилија која морате да се справувате со нивното сегашно расположение и потреба за гушка, тешење или пак да преминувате преку некои нивни навики и мани .
За да завршам на крај моето излагање кое делува чудно би ставила линк од филмов http://en.wikipedia.org/wiki/A.I._Artificial_Intelligence во филмов се збори за дете-робот кое креирано да биде дете по сите нишани, од однесување па се до емотивни реакции само што е послушно мирно дете кое центарот на неговиот универзум и постоење е неговата мајка посвоител. Тажна и језива приказна но која ме тера да мислам... зарем не би сакале сите дете придружник кое не старее расте и кое никогаш нема да не напушти и на некој начин сака се до нашата смрт? Језиво знам али јбг 4 саат сабајле а јас не сум спиела со денови како што треба ...

Значи прашањето дали би посвоиле и прифатиле робот според горенаведените параметри и карактеристики ?
 
Дефинитивно не!

Таквите програмирани емоции никогаш нема да можат достојно да ги заменат реалните емоции.
Што ке ми е нешто што ке ме смета за центар на својот универзум кога ќе знам дека тоа нема да биде вистинско, кога ќе знам дека мора да се однесува така и дека моите постапки нема да имаат влијание врз неговите. Убавината во емоциите е тоа што можеме ние да ги предизвикаме. Сите хејтер4иња тука контраат по теми токму поради ефектот што ке го предизвикаат кај некој. Што би било кога би имале некој кај кој не би можеле да предизвикаме лутина, револт кон нас, кој не би можеле да го изнервираме до тој степен да ни ја тресне вратата.

Па и љубовта и вниманието и нежноста многу повеќе ги вреднуваме кога ке се избориме за нив, кога ке ги заслужиме и добиеме the hard way, и кога ке знаеме дека можеме да ги изгубиме поради нашите постапки
И само тогаш тие се реални.
А набавување на ваков вид на играчка би било очаен чекор на некој кој не може да се избори за вистински емоции.
 
Одгледувањето на мачки и кучиња и посветувањето внимание на нив е една приказна, додека пак одгледување на роботи и пластични кукли е нешто сосема друго. Животните се живи суштества кои сепак имаат емоции, а децата на батерии се далеку од тоа. Не би купила многу јасно. Сум пораснала во овој свет и ја знам разликата меѓу реално и виртуелно, природно и вештачко, но се плашам дека истово нема да важи и за моите деца кои ќе живеат во апсолутно вештачки свет што мене лично воопшто не ми се свиѓа.
 
Nema sansi,tolku vestacko i programirano nikogas ni odblisku nema da moze da gi dolovi vistinskitei realni emocii:pipi:
 
Значи прашањето дали би посвоиле и прифатиле робот според горенаведените параметри и карактеристики ?
Нема причина за вакво нешто, напротив. Од друга страна, доколку причината е нешто налик на ова
Во ваков свет не ретко сите сакаме не толку demandable друштво кое е едноставно и ве гледа како центарот на неговиот универзум кое секогаш ве дочекува со весели очиња и уште повесел тон за разлика од вашите пријатели, љубовници, фамилија која морате да се справувате со нивното сегашно расположение и потреба за гушка, тешење или пак да преминувате преку некои нивни навики и мани .
тогаш може да се замени/прифати робот (сајборг) и наместо партнер/момче/сопруг/сопруга од крв и месо и без чип. Во тој случај понатаму би се одело на замена на пријателите со машина која ќе не дружи без тешки муабети, секогаш насмеана, постојано на услуга... во краен случај зошто тогаш би постоеле и ние како нечии пријатели, партнери, деца...
 
Jok .. poarno ke si zemam G.I.Joe od plastika za 200 denara :pipi:..

Ozbilno , koja e poentata na bebe-robot ?!!? Da se lazes ?? ...gluposti ..
 
Дали утре доколку би излегла таква софистицирана играчка би ја купиле и на некој начин би ја прифатиле и третирале како човеково битие.

Денеска луѓето меѓусебно не се третираат како човечки битија а на некоја чипичан играчка чисто сумњам.
 
Не би. Порадо би една топка и ќе замислам дека е Земјата, а јас сум Господ. Ќе ги создадам Адам и Ева и новиот светски напоредок. Што убо ќе ми е така, ќе мислам дека сум најголемиот.
 
Не би. Порадо би една топка и ќе замислам дека е Земјата, а јас сум Господ. Ќе ги создадам Адам и Ева и новиот светски напоредок. Што убо ќе ми е така, ќе мислам дека сум најголемиот.


Тоа ќе го прават (ако воопшто има вакво нешто во блиска иднина) безгрижници кои немаат никој на светот, и не се способни да станат мајки (или татковци) зошто се егоистични и арогантни суштества, со изградена фасада нормално на почеток, и гледаат низ призмата на разноразни работи, но не и низ призмата на љубовта, луѓе кои не познаваат грижа и немаат совест ама баш никаква!......Ќе посвојуваат бебиња роботи, нормално или ќе измислат нормално дете со емоции, а тие луѓе спаѓаат во групата на психопати (сепак ова е мое мислење, но и мислењето на поголемиот дел од луѓето нормално барем јас така мислам...).Но чисто се сомневам дека ќе има роботи од ваков тип, роботите попрво ќе бидат измислени за сосем други работи како на пр: ископување на ресурси на месечината, и др. планети, ќе бидат изградени се со цел да завршат побрзо со изградба на некој објект и сл. (зошто со употребата на роботите се скратува времето на изградба на некој објект, брод и.т.н. добиваш непрекинато работење 24/7, без одмор, без храна, имун работник на секаков вид на болести и.т.н.).Нормално, ќе се употребуваат и во војската, имаме денес такви случаи односно употреба на безпилотни летала во Авганистан, Ирак и.т.н.И што е најинтересното тие роботи немаат емоции, и немаат свест. :)
Така да тие што чекаат на овие работи, слободно нека се убијат и онака се штеточини за човечкиот род. Ако ништо друго ќе ги зголемат ресурсите на нафта за една година плус (односно од 50 на 51 година нафта за човечкиот род.)
 
Денеска луѓето меѓусебно не се третираат како човечки битија а на некоја чипичан играчка чисто сумњам.

Таа нема да отстапи од зададените инструкции т.е секвенци.(претпоставувам да е таква).

Инаку ете чист пример каде чипичан роботи произведуваат Мерцедеси,фолксвагени(ауу лентата да ја видиш..чисто ко лабораторија) потоа кадилак,крајслер...истите произведуваат матични плочи па Процесори...абе не се лоши ама баш ИЧ-туку начинот на нивна(зло)употреба е лош оти за минимум недела дена ќе ги риаранџ кон производство наместо автомобили луксузни и џипови...сега ќе прават топови,делови за тенкој,а баерн фарма наместо аспирин ќе прави други работи..

На крај краева пиштол кога не е во Човечка рака е безопасен.

П.С борг...добро напишано..

Нема причина за вакво нешто, напротив. Од друга страна, доколку причината е нешто налик на ова
тогаш може да се замени/прифати робот (сајборг)

Разликата е што роботот мора да ги почитува трите основни закони и да нема крв ил месо.

А Киборг мора да има органска компонента,и не секогаш мора да има инструкции или пак да биде програмиран т.е дали е лошо ако некој човек кој ете при несреќа на работа изгубил горен екстремитет...лошо е ако го замениме со машински кој соодветно ќе ги разбира сигналите од мозокот т.е Човекот повторно ќе има Рака.


Овие чипичан за гејови се добра опција(сега засега):toe:
 
Инспирана од темава каде веќе се продаваат роботи бебиња со оглед дека технологијава оди се понапред и понапред не би се зачудила да утре почнат да се произведуваат комплексни роботи кои можат да имитираат емоции на деца од 5-10 години кои ќе претставуваат еден вид придружник на се поосаменото човеково битисување.
Поентата на воведниот коментар да се дискутира за нови роботи бебиња, способни да емитираат емоции на деца, а не да се дискутира за машини и роботи кои се употребуваат за индустриски цели. Затоа не забегувајте многу.
 
Разликата е што роботот мора да ги почитува трите основни закони и да нема крв ил месо.

А Киборг мора да има органска компонента,и не секогаш мора да има инструкции или пак да биде програмиран т.е дали е лошо ако некој човек кој ете при несреќа на работа изгубил горен екстремитет...лошо е ако го замениме со машински кој соодветно ќе ги разбира сигналите од мозокот т.е Човекот повторно ќе има Рака.


Овие чипичан за гејови се добра опција(сега засега):toe:
Нешто вештачко...сеедно. Битно да е секогаш насмеано, да не бара ништо, оптимист, да не сере у пелени, да не се трча со него по доктори, да не се мачиш да учиш со него географија и хемија, да не трчаш ручек да му обезбедуваш, да... заузврат...и таквија работи.
 
Таа нема да отстапи од зададените инструкции т.е секвенци.(претпоставувам да е таква).

Инаку ете чист пример каде чипичан роботи произведуваат Мерцедеси,фолксвагени(ауу лентата да ја видиш..чисто ко лабораторија) потоа кадилак,крајслер...истите произведуваат матични плочи па Процесори...абе не се лоши ама баш ИЧ-туку начинот на нивна(зло)употреба е лош оти за минимум недела дена ќе ги риаранџ кон производство наместо автомобили луксузни и џипови...сега ќе прават топови,делови за тенкој,а баерн фарма наместо аспирин ќе прави други работи..

Ок е да се користат за тие цели (во индустријата).

Но што ќе биде ако се користат за лични потреби т.е. по дома како деца (да ја задоволи потребата за фамилија, љубов, внимание и тра ла лајки) ?

Ќе биде совршено! Што му кажеш тоа ќе прави. Ќе си мести кревет, ќе готви, ќе учи, до 12 часот дома...

Совршено дете... ама и на ѓаволот му ќе му здосади совршенството.
 
Back
На врв Bottom