Дали би заминале во странство?

  • Креатор на темата Креатор на темата VeGaS
  • Време на започнување Време на започнување

Дали би прифатиле да одите во странство?

  • Да

    Гласови: 485 77,7%
  • Не

    Гласови: 139 22,3%

  • Вкупно гласачи
    624
Доколу не би имала услови за живот тука би заминала во странство зошто да не? Да ја имам шансата за подобар живот на кое било друго место на планетата не би ја пропуштила а сигурна сум дека секој еден така би постапил спред мене.
 
И после година дена,се уште го имам истото мислење.
Категорично НЕ.Поголем предизвик ми е тука да останам,тука да направам нешто,да се изборам за она што е мое,да бидам своја на своето.Премногу ја сакам државава,да би ја напуштила.Можеби на 2- 3 месеци би отишла на патување,во Англија рецимо,да видам таму како функционираат работите,ама би се вратила со искуство повеќе и толку.
Тука сум се родила,тука ќе умрам.
 
Никогаш!
Ни метар подалеку од Струмица.
Туристички сум шетал и ќе шетам, но животот ми е тука.
 
Одма би заминала без размислување..патриотизмот измурина на гладен стомак. Би заминала и не би се свртела наназад!!!!!
 
Site tie sto kje ja napustaat drzavava.Se izdavaat rabotnicki vizi pa aj na zdravje.
 
Сега за сега, само за шетање да.
Тука ми се скоро сите оние кои ги сакам, се' она што го сакам.
Сум размислувала и на тоа дека некогаш можеби ќе треба да се одлучам за живот надвор од тука, но сега за сега не би можела да се замислам далеку од овде. Се надевам нема да морам да донесам таква одлука.
 
Цел мој живот мечтаев да заминам од тука. Имав негативни чувства спрема сопствента земја и се она што се случува во неа. Мислев дека ако некогаш си одам од тука ќе го имам она победоносно чувство во градите како сум побегнала далеку од се и сум нашла мир во некоја багателна западноевропска земјичка.
Во последно време мислењето ми е апсолутно променето. Врска сум немала за тоа што значи да се сака сопствента земја, сопствениот народ, да се поседува она национално чувство кое се чини дека е во изумирање во последно време. И тоа е она што на многумина од нас ни фали: тврда волја и непокорност. И воопшто нема да ми биде грижа ако некој смета дека таквите принципи се застарени или непрактични.
Затоа што некои вредности немаат нити цена нити рок на траење.
А, тоа се издржливоста и љубовта кон сопствената земја, и излишно е да се каже дека се соочувме со многу тешкотии и незнам ти шо затоа што секоја една земја се соочува со најразлични проблеми и тешкотии и тоа не е причината да се ,,избега,,. Напротив ако вредиме и ако некогаш нешто сме вределе треба да си останиме тука и да и помогнеме на нашата земјичка да излезе од калта.
 
Жално но вистинито е дека нашата земја е на раб на пропаст и кај нас нема просперитет, и иако ја сакам Македонија би заминал без размислување!!
 
само би си отишил ако имам шанса за куба, иначе не би
 
Сега за сега, само за шетање да.
Тука ми се скоро сите оние кои ги сакам, се' она што го сакам.
Сум размислувала и на тоа дека некогаш можеби ќе треба да се одлучам за живот надвор од тука, но сега за сега не би можела да се замислам далеку од овде. Се надевам нема да морам да донесам таква одлука.

Ехее ја најде темава хехе:pos2: не те пуштам толку лесно не не има да останеш тука и . Инаку идеме на едукација малку а? Само за тоа би отишла и да се прошетам , значи да, би заминала но само за шетање и до едуцирање и толку, добро и за работа ако е толку потребно, ама би се вратила. Таму сме третирани како најниска класа и тешко е да се биде некој и нешто, обично не се работи тоа што си го учел или тоа што го сакаш. Браво за оние што постигнале, не викам дека нема такви. Сепак би се вратила, тоа за мене би претставувало само патување и не крајна дестинација, нормално се враќам дома, каде што е најубаво и си свој!
 
Би сакала да одам странство на некое време барем. Обожавам да шетам, само не знам што би правела без моите дома.:icon_conf
 
Моментално не би мрднал од Скопје,ама за 2-3 год тогаш да,а и онака у план ми е
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom