Дали би возеле "Пеглица" или "Фиќо"?

  • Креатор на темата Креатор на темата deXterche
  • Време на започнување Време на започнување

Што би возеле?

  • Пеглица

    Гласови: 76 32,5%
  • Фиќо

    Гласови: 158 67,5%

  • Вкупно гласачи
    234
баш ке бидеш ЅВЕР!!! они немаат појма шо е пеглица!!! ај фичо можда познато ке им биде.. али моментот е ПЕГЛА!!!

Пегла!!! од поише причини.. прво со фичо си на постојан ризик да не ти се скине спојка и нема мрдање... башка помалце троши... инаку за стајлинг.. незнам би одбал некоја црна боја со некои жолти нијанси... би искомбинирал некако нешо... Инаку би одбрал фичо али од оние првне вратите што им се отвараат обратно!!! е тие се нај нај нај ѕверски!!!!

и фичо и пеглица се на спојки... колку за инфо... со таа разлика за фиќото е по познато дека се кине спојка затоа што во државава на една пеглица му доаѓаат околу 200 фичовци и едноставно не дошло до муабет дека и на пеглица се кине спојка. а види бељата, сум имал и од двете коли и спојките СЕ ПОТПОЛНО ИСТИ и си одговараат ид пегла на фичи и обратно....

а инаку на анкетава гласав за пегле.... фичото ми е издегустирана појава, мислев на пимпувања, средувања и такви ствари... премногу фичовци се направени кај нас (минато свршено) ама затоа пеглици нема баш нешто приправени... на пеглето можеш да му опнеш мотор од полонез 1600 кубика, му ги ставаш истите зглобови како и на фичо, од 101 и добиваш нешто многу јако. плус му вадиш или вртиш едно од федер платната, за да се спушти. на кровот може да му се монтира сончев кров што ќе се отвара, додека на фичото неможеш, премногу е заоблено... и последна работа е што пеглицата е за 30% по комотна од фичото. по габаритна е, по висока и по прегледна... и секако со коцкастите фарови и штопови ми е мнооооооогу по шмекерска одколку фичото со округли фарови и стапчиња штопови....

пеглица, дефинитивно...
 
Би возела да.:smir: Имам фичо возено само шо не низ град и пред дискотеки! :pos2:

Извини мадам, инфлуенцата на малограѓанштинта те прогонува, или немаш бензин за до таму?
 
Фиќо, се разбира... сум го возел, а богами и тоа ме возело доволно долго...и сум лежел под него... и покрај него... и во него, да да, сум лежел во него! Сум го фаќал од позади... и од напред...сум го бањал и бришал... го удирав и чукав... сум го буткал и влечел... го фарбав....ееееее...фиќо, фиќооо...тоа беа времиња...
 
И двете би ги возел... само добро средено каросериски, солидно моторче и јако озвучење (а и то ми се вртка само да го средам појачалото 400W ) и ко ќе се лупа бас штрафој да летаат хахахаххаа
 
Пеглица дефинивно! Не дека се разбирам нешто у коли, така по вкус ми е повеќе него фиќото :) Ама средена да е така каросериски, црна или бела или можда црвена боја, добри звучници (немора нешто којзнае што, онака солидно) и добро исчистена како од надвор така и внатре уфф закон :)
 
да не продава некој пеглица докај 100 и нешто евра ?
 
Да би возел,и барам да купам кој продава слободно нека понуди во пп.
 
:pos: Пред некој ден го правев овој муабет. Би ги возела и двете, можда фиќо за нијанса повеќе. И тоа би си ги обоила во некои јаки бои и би им залепила апликации од цветови на нив. :P
 
Дефинитивно Фико,бидејки моите први чекори:vozbud::vozbud: беа со него...Ауто со голема историја посебно на нашиве простори.За некои Ферари,за некои конзерва но сепак остана симбол на нашите патишта.

Го возеше и полицијата,го возеа и почетници кои немаа поим од волан,го возеа млади и стари.Знаеше да те заебе со спојка на излегување во град:vozbud::vozbud:,знаеше да лечи реума и ишијас поради ненормалното парно што го имаше.

Не нудеше удобност ниту брзина,ама имаше душа:(:(.....

Знаеше да се влече како желка на Стража и да формира огромна колона на автомобили позади себе,ама се знаеше кој ја предводи таа колона:pos::pos:

Но знаеше и да помине покрај вас,па да се чудите што машина има тоа ауто во газот:pos::pos::pos:

Ја одбележа Националната Класа во авт мото трките каде сите надежни возачи ја почнуваа кариерата токму со него.Знаеше да се врти на 6-7000 вртежи во минута и со своите не цели 605кг да има забрзување и брзина која и денес повекето автомбили можат да му завидуваат....

Се пензионира дамнешната 1986 та со прозведени 300 000 папчиња на територијата на екс-југославија......

Мое видување за една реинкарнација....

Спуштено плочка,со 13 бандаж 5.5 цола.Машина од Фиат 127 903цм3 средено до некои си 70КС.Менувач строго од Фико Комбе 850 или 903 АК.Внатре само поубава шал-табла во ретро стил.Значи у средина обртомер,па брзиномер,притиско на уље,температура...Волан у стил на 101 Комфорт.Седишта од 101 комфорт пилотски......

Едно радивце ама не нешто јако зошто повеке би сакал да го слушам машинчето како ке се врти со рапав глас на 5-6000вртежи.....

Боја...Хмммммммм,бела со црни рејсинг линии по цела должина......

Јас би играл вака,а вие????
 
Што убаво со љубов си го напишал текстов, мерак да читаш. :D
 
Баш ме интересира дали би се паркирале пред дсискотека со "пегла" или "Фиќо", или воопшто дали би возеле таква "класика" :)
се имам паркирано (повеќе пати) со фичо пред дискотека Парк во Охрид ... редовно излегување ми беше со фичото ... на лето најдобра кола за паркирање во охридската гужва ...
--- надополнето: 2 ноември 2013 во 18:40 ---
а другар си фати женска со фичото ...:)
 
Би возел пеглица... сеа скоро положив и сакам да купам или пеглица или рено 4... па ќе може ли некој да ми каже дали пеглицата е безбедна кола за во Скопје.
 
Возев фичо на времето, секој 3--ти ден лежи под него мењај му спојки, јебем ти живот :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom