Дали би се вратиле во времето да смените една одлука? Која?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Најголема грешка во животот ми е што отидов на факултет. Ќе бев далеку посреќен и поуспешен ако не потрошев време и нерви таму. Ми ги еба најубавите години, сите празници ми ставаа испити, колоквиуми и на крај никаков ќар од него.
 
Интересна тема, овде имам многу да пишувам, сум поминал и низ сито и низ решето, многу падови и подеми, настани/моменти каде кај некој неискуството си го направило своето, некогаш судбинта така решила, други фактори го насочиле текот на настаните.
Али ќе напоменам две работи каде што генерално сам сум одлучил.

Првата, кога видов/гледам какви фудбалски играчи направија карииери, а и денес секакви слепци прават пари, не смеев така лесно да се откажам од фудбалот и талентот што ми беше даден од господ, за потоа да фатам сосема други патишта.

Другата, се оженив и створив фамилија на 32 год, мислам требаше порано барем 5-6 години.
 
Ништо не би менувал освен некои делови од тинејџерството додека тренирав кошарка и начинот на кој го правев тоа. Не дека беше нешто погрешно, условите и финансиите беа тие, ама со сегашниов памет во тогашно време би се поставил малце другачие. Мада, се се случува со причина и во најголем процент самите си ја кроиме судбината така да не можам да кажам дека не сум задоволен од ова што го имам во моментов. Не треба премногу да се гледа во минатото, него на сегашноста и иднината. Минатото е нешто кое поминало и не може да се поправи или измени па макар на глава застанале.
 
Немаше да запознаам некои гадотинки. Ми се правеа другари и другарки, а ми се смееја зад грб.
Да можев да се вратам во времето пред да ме викнат на Дискорд сервер, немаше да прифатам.
Последниве години и премногу се разочарав од семејството (добив ножеви во грб да речеме). Да можев да се вратам назад во денот кога правев операција за здравствен проблем, немаше да се оперирам. Бар немаше да доживеам многу ужасни денови.
 
...никогаш нема да посакам да се враќам назад, убавината на животот е во тоа што не го знаеме :)
 
Времето. Моја тема :cool:

Ацид не прецизираше дали оперираме во сопственото минато или општото минато (хе хе). Иако едното и другото се поврзани сепак ја бирам опцијата да се вратам точно 77 милениуми сметајќи од пишувањето на постов.

Сметам дека во тоа време не постојам, затоа сакам да сум таму. Да го видам почетокот кога изгубените души ми се обратија за помош.

Последната епизода беше бескатна зграда со отворени кујни на секој кат, ходници и скалила каде јас бев невидлив. Млади и стари беа среќни, гладни и се спремаа за фамилијарна вечера. Седев на кауч додека се спремаше вечерата за 7 луѓе и јас бев среќен покрај нив. Станав и тргнав низ ходникот десно, ме разминаа две млади девојчиња обземени од детската игра. Се насмевнав и продолжив.

Ходникот кој претходно блештеше од светлина како кујните, се затемни. Ме застана еден старец со прашање „Каде одиш?“. Му одговорив „Не знам, одам каде што патот ќе ме одведе. Сакам да знам што има понатаму“.

Старецот видно се налути и рече: „Не е твоето време за да погледнеш, но продолжи“.

Ги искачив скалите и влегов во мојата соба иако немав соба со број 3 и две бројки кои недостасуваат. Веднаш разбрав дека не треба да бидам таму а сепак ја отворив вратата. Пак ја видов кујнската светлина и осетив 2 раце околу врат. Го кренав погледот и гледав во две крвави очи. Со удар од десна рака во гради го откачив и пак ме фати за врат, на вториот удар исчезна.

Си помислив ова е луд сон и легнав на земја да одморам. Се разбудив, 08.08.2025 Петок.

Мора барем еднаш да го прашам Старецот каде е почетокот?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom