Времето. Моја тема
Ацид не прецизираше дали оперираме во сопственото минато или општото минато (хе хе). Иако едното и другото се поврзани сепак ја бирам опцијата да се вратам точно 77 милениуми сметајќи од пишувањето на постов.
Сметам дека во тоа време не постојам, затоа сакам да сум таму. Да го видам почетокот кога изгубените души ми се обратија за помош.
Последната епизода беше бескатна зграда со отворени кујни на секој кат, ходници и скалила каде јас бев невидлив. Млади и стари беа среќни, гладни и се спремаа за фамилијарна вечера. Седев на кауч додека се спремаше вечерата за 7 луѓе и јас бев среќен покрај нив. Станав и тргнав низ ходникот десно, ме разминаа две млади девојчиња обземени од детската игра. Се насмевнав и продолжив.
Ходникот кој претходно блештеше од светлина како кујните, се затемни. Ме застана еден старец со прашање „Каде одиш?“. Му одговорив „Не знам, одам каде што патот ќе ме одведе. Сакам да знам што има понатаму“.
Старецот видно се налути и рече: „Не е твоето време за да погледнеш, но продолжи“.
Ги искачив скалите и влегов во мојата соба иако немав соба со број 3 и две бројки кои недостасуваат. Веднаш разбрав дека не треба да бидам таму а сепак ја отворив вратата. Пак ја видов кујнската светлина и осетив 2 раце околу врат. Го кренав погледот и гледав во две крвави очи. Со удар од десна рака во гради го откачив и пак ме фати за врат, на вториот удар исчезна.
Си помислив ова е луд сон и легнав на земја да одморам. Се разбудив, 08.08.2025 Петок.
Мора барем еднаш да го прашам Старецот каде е почетокот?