Дали би простиле неверство?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување
Ако се десило еднаш, ќе се деси и втор пат, а чим те изневерил значи дека не те сака. Па види можеби ,прости му или не. А уствари што се замарам па јас со ова , нека му ја мислат тие шѕо го имаат во план ова. Искрено кажано ако мене ми се деси ваква пиздарија , да ја фатам какко ме изневерува , фино и лепо си заминувам од местото на злосторството и од тогаш нашата врска е минато.
Затоа паметот в глава ,а не во алатот. :vozbud:

Многу убаво кажано.
Се согласувам целосно.

Тендер, Кат, Еспањола...
Се беше многу убаво кажано - но, како за на филм или за во книга.
Во реалниот живот, сепак работите се малку поинакви.
Оној што изневерил еднаш е лабилен карактер кој не може на едно искушение да оддолее (на кое ќе оддолее, ако е искрено заљубен) и кога тогаш ќе изневери пак. Особено кога ќе знае дека другата особа е подготвена да му прости пак. И вториот пат нормално ќе гледа како тоа подобро да го скрие.
Не дај Боже евентуално подоцна, ако ми биде тешко во животот, ќе се исплаши и прв ќе избега.
Мене покрај љубов ми е потребна и сигурност. Човек што изневерува, не може да ми го обезбеди тоа.
 
Тендер,Кат,Еспањола...
Се многу убаво беше кажано - но како за на филм или за во книга.
Во реалниот живот сепак работите се малку поинакви.
Оној што изневерил еднаш е лабилен карактер,кој не може на едно искушение да оддолее (на кое ќе оддолее ако е искрено заљубен) и кога тогаш ќе изневери пак.Особено кога ќе знае дека другата особа е подготвена да му прости пак.И вториот пат нормално ќе гледа како тоа подобро да го скрие.
Не дај Боже евентуално подоцна ако ми биде тешко во животот,ќе се исплаши и прв ќе избега.
Мене ми е потребна покрај љубов и сигурност.Човек што изневерува не може да ми го обезбеди тоа.

колку само не е книга, и да е,најправедната е од сите. Ако е искрен и гледаш во неговите очи покајание, а тоа да се очите без кои не можеш, не знам како би можела да не простиш, сепак, тоа е твое мислење и јас целосно го почитувам :sun:
 
Тоа што го пишувате е прекрасно за читање. И да, таа книга, таа сторија е најправедната.
Но, не би имала друг избор освен да си заминам.
 
Тоа што го почитувате е прекрасно за читање.И да таа книга,таа сторија е најправедната.
Но,стравот е поголем од се.Не би имала друг избор освен да си заминам.

баш тие неколку месеци што поминаа пред да ја започнам таа книга одново и праведно, многу повеќе од тоа што беше претходно, оние во кои вистински живеев, направија и вистински да умрам, и од нив само стравот беше она што остана, сега знам дека со вера и него го снема. И не можеш ништо друго да направиш ако гледаш во неговите очи дека не си ти неговата среќа, нема што друго да сториш освен да си заминеш, но ако сеуште е тука истата онаа нежна љубов за тебе:sun:?
 
Таа негова нежна љубов во неговите очи ќе ја негувам и ќе се борам за таа љубов.
Но, доколку се случи неверство - ќе ми биде јасно дека не сум јас за него, не сум јас таа правата, не сум јас the one. И ќе си заминам. Можеби ќе ризикувам никогаш повеќе да не се заљубам, ама ќе си отидам.
Кога сум заљубена, се посветувам на човекот во кој сум вљубена, истото го очекувам и од другата страна. Да ме сака и да ме почитува.
Ако имало некој проблем во врската, очекувам да ми каже, а не да оди со друга.
Нема да бидам огорчена, нема да го мразам, затоа што не знам да мразам - ама врската нема да ја продолжам.
 
Зависи какво неверство. Ако е само бакнеж на пример, и ако бил пијан (или ако ме помешал на пример со некоја :)) би размислила, но доколку е спиење со друга е овде веќе не знам, тешко многу тешко...

Да си се поправам...

Не, не би простила неверство!
Ако навистина ме сака ни на крај памет нема да му падне да ме изневери!
А, ако му падне на памет, тогаш значи не ме сакал доволно, и во тој случај ќе го оставам.

Таа негова нежна љубов во неговите очи ќе ја негувам и ќе се борам за таа љубов.
Но,доколку се случи неверство - ќе ми биде јасно дека не сум јас за него,не сум јас таа правата,не сум јас the one.И ќе си заминам.Можеби ќе ризикувам никогаш повеќе да не се заљубам,ама ќе си отидам.
Кога сум заљубена се посветувам на човекот во кој сум вљубена,истото го очекувам и од другата страна.Да ме сака и да ме почитува.
Ако имало некој проблем во врската очекувам да ми каже,а не да оди со друга.
Нема да бидам огорчена,нема да го мразам,зашто не знам да мразам - ама врската нема да ја продолжам.

Колку добро е кажано ова.
Се согласувам, би требало да поразговара со мене за проблемот, а не да лета “во прегратка“ кај некоја друга.
Долколку не поразговара со мене значи нема муда да се бори за она што го сака во врската. И затоа ќе отиде кај некоја радодајка, фала богу.
 
Многу убаво кажано.
Се согласувам целосно.

Тендер,Кат,Еспањола...
Се многу убаво беше кажано - но како за на филм или за во книга.
Во реалниот живот сепак работите се малку поинакви.
Оној што изневерил еднаш е лабилен карактер,кој не може на едно искушение да оддолее (на кое ќе оддолее ако е искрено заљубен) и кога тогаш ќе изневери пак.Особено кога ќе знае дека другата особа е подготвена да му прости пак.И вториот пат нормално ќе гледа како тоа подобро да го скрие.
Не дај Боже евентуално подоцна ако ми биде тешко во животот,ќе се исплаши и прв ќе избега.
Мене ми е потребна покрај љубов и сигурност.Човек што изневерува не може да ми го обезбеди тоа.

Многу паметно !!! Браво!
Точно, многу убаво за читање и слушање (како што вели Crazy in Love) но, токму и поради тоа престанав да читам љубовни ромачиња и се свртев на криминалистика и трилери. Во реалноста работите функционираат на друг начин за жал. Тој ќе си вара, јас ќе му простувам, швалерката негова ќе ме сожалува... ах колку е само прекрасно.
А последнава реченица посебно ми остави впечаток и ме замисли. И навистина е така.Сите ние бараме некој врз кого ќе се потпреме, некој којшто ќе не подржува во се дури и да грешиме, некој којшто секогаш ќе биде тука за нас како и ние за него и најважно од се за мене некој којшто ЌЕ НЕ ПОЧИТУВА. А ако некој ме вара и повеќе од очигледно е дека не ме почитува. Можеби ме сака, но не ме почитува и тука е и крајот затоа што повредената гордост е најлошата работа за една личност.
 
не би простила (т.е. можеби некогаш ќе простам,ама во никој случај нема да ја продожам врската)....

ми се случило, ама учам од своиве грешки де...
со тој чин многу се повредува човековата личност, и секако ако му дадеш толкава слобода, со тоа шо ќе му простиш што си шарал наоколу губиш и самодоверба и вредност и во никој случај нема да се чувствуваш убаво повеќе покрај таа личност...

не знам како воопшто тој ќе биде уште со вас?! зарем нема да има грижа на совест...? или можеби (во најлош можен случај ќе помисли дека тоа е нормално) и нема да се чувствува воопшто виновен...

немам друго што да кажам на темава, дека се` има во постовите погоре....
 
Оној што изневерил еднаш е лабилен карактер,кој не може на едно искушение да оддолее (на кое ќе оддолее ако е искрено заљубен) и кога тогаш ќе изневери пак.Особено кога ќе знае дека другата особа е подготвена да му прости пак.И вториот пат нормално ќе гледа како тоа подобро да го скрие.
Мене ми е потребна покрај љубов и сигурност.Човек што изневерува не може да ми го обезбеди тоа.

А зошто сметате дека ако човек згреши еднаш-сигурно ќе згреши и втор пат? Зошто така генерализирате? Зошто не сте способни да дадете втора шанса, не велам на било кој, не велам на секој туку на вашата љубов, на човек во кој сте ја гледале иднината до вчера? Зошто да не му дадете втора, само втора шанса? Не велам да простувате милијарда неверства, само едно, првото, ако се случи...Секој има право на втора шанса.Секој.Ќе му ја дадам зашто никој не е совршен.
Нема да бидам кукавица која се плаши од понатамошниот тек на врската.Не.Напротив, можам да разговарам со него и да ја увидам причината за тоа неверство.Да ја најдам вината, дали е во мене или е во него.Ако е во мене-ќе дадам се од себе никогаш повеќе да не го разочарам.Ако вината е негова тогаш останува само да проценам дали навистина се кае и дали вреди да му простам.Можеби некогаш нема да вреди-не велам дека не, но никако не можам да генерализирам.Тоа не.
Само мислам дека понекогаш вреди да се даде втора шанса, и на него, и на тебе, и на љубовта.
Најлесно е човек да си замине и да не се соочи со стравот кој подоцна најверојатно ќе настапи.Тешко е да останеш, знаејќи дека те изневериле и живеејќи со страв но треба да бидеме силни, да го надминеме тој страв и повторно да имаме доверба во партнерот.Секако, се зависи од неговото понатамошно однесување но не можеме да ја исклучиме можноста тој навистина да се промени.
А исто така, понекогаш и не е потребна некоја посебна промена зашто можеби тој немал намера да те изневери но животот е непредвидлив.Сите грешиме.Јас на пример иако сум му верна, можеби во нешто друго сум промашила...
Што ако си заминам? Што ако наредниот партнер ми биде верен а јас не можам пак да бидам среќна? Што ако ми биде верен а се однесува лошо спрема мене? Што ако сме верни еден на друг а не не врзува никаква емоција? Тоа го набројав со цел да сфатите дека секогаш може нешто да фали, ако не тоа-нешто друго ќе фали.
И замислете само заради едно неверство, заради некој што воопшто не вреди да се нервирам да си ја уништам врската (тој ја уништил-ќе кажете).Вие и вашата љубов треба да верувате дека можете и тоа и се друго што ќе ви се попречи на патот да го надминете.
Се разбира, постојат различни примери, ситуации, различни луѓе.Едни можеби ќе знаат да ја искористат таа втора шанса, други може да не знаат и на таквите јасно е дека им нема лек.
Но исто како што јас сум направила многу грешки во животот и сум знаела да ја научам лекцијата за да не ги повторам, така верувам дека може и некој друг да згреши и искрено да се покае.
А не знам зошто беше тој коментар дека личи како филм или книга.Јас пак мислам дека да заминам би било како на филм зашто тоа ми изгледа најлесно а реалноста секогаш бара храброст, сила.
 
Еве не мора да се случи по втор пат,нека е само еднаш,ти би продолжила да одиш со некој за кој би направила се,дури и животот би го дала за него,а тој некој тоа се го фрлил во вода и те изневерил,те заборавил само за една вечер и уживал со друга.Ти би го простила тоа, ќе замижиш и ќе продолжиш како неверството да не е ништо?
Еве ситуација,сте се искарале за нешто,ти си крива,одиш дома и плачеш,се мислиш утре како да му се изнаизвиниш,се обвинуваш себеси за тоа како си можела така да постапиш итн итн,плачеш дека сте се скарале,а тој во тие моменти додека ти плачеш е со друга,се лапа,се мази и којзнае што уште не,не ни му е гајле дали ти ваму плачеш,се секираш,туку си ужива со другата,само една вечер.
Би му простила за неверството и ќе речеш јас сум виновна,јас доведов до кавга,оправдано што ме изневерил пошо јас го налутив?

Ниедна направена грешка дали од твоја или од негова страна не е оправдување ниту причина за неверство.Ако има некој проблем со тебе може да поразговара со тебе,а не да го “решава“ проблемот со друга.

Сите грешиме.Јас на пример иако сум му верна, можеби во нешто друго сум промашила...

И сепак кој и да е што и да погрешил,не може со тоа да го оправда неверството.

Што ако си заминам? Што ако наредниот партнер ми биде верен а јас не можам пак да бидам среќна? Што ако ми биде верен а се однесува лошо спрема мене? Што ако сме верни еден на друг а не не врзува никаква емоција? Тоа го набројав со цел да сфатите дека секогаш може нешто да фали, ако не тоа-нешто друго ќе фали.
И замислете само заради едно неверство, заради некој што воопшто не вреди да се нервирам да си ја уништам врската (тој ја уништил-ќе кажете).

Ако наредниот партнер не ти одговара поштено ќе му раскинеш,нема ваљда да го изневериш.Никој не е вреден за да си го трошиш животот на него,а тој не те почитува.
Или ако сте верни еден на друг а не ве врзува никаква емоција не знам зашто би биле заедно.

Тендер ништо лично против тебе :smir:
 
Нема шанси, во никој случај не би простил неверство!
 
А зошто сметате дека ако човек згреши еднаш-сигурно ќе згреши и втор пат? Зошто така генерализирате? Зошто не сте способни да дадете втора шанса, не велам на било кој, не велам на секој туку на вашата љубов, на човек во кој сте ја гледале иднината до вчера? Зошто да не му дадете втора, само втора шанса? Не велам да простувате милијарда неверства, само едно, првото, ако се случи...Секој има право на втора шанса.Секој.Ќе му ја дадам зашто никој не е совршен.
Нема да бидам кукавица која се плаши од понатамошниот тек на врската.Не.Напротив, можам да разговарам со него и да ја увидам причината за тоа неверство.Да ја најдам вината, дали е во мене или е во него.Ако е во мене-ќе дадам се од себе никогаш повеќе да не го разочарам.Ако вината е негова тогаш останува само да проценам дали навистина се кае и дали вреди да му простам.Можеби некогаш нема да вреди-не велам дека не, но никако не можам да генерализирам.Тоа не.
Само мислам дека понекогаш вреди да се даде втора шанса, и на него, и на тебе, и на љубовта.
Најлесно е човек да си замине и да не се соочи со стравот кој подоцна најверојатно ќе настапи.Тешко е да останеш, знаејќи дека те изневериле и живеејќи со страв но треба да бидеме силни, да го надминеме тој страв и повторно да имаме доверба во партнерот.Секако, се зависи од неговото понатамошно однесување но не можеме да ја исклучиме можноста тој навистина да се промени.
А исто така, понекогаш и не е потребна некоја посебна промена зашто можеби тој немал намера да те изневери но животот е непредвидлив.Сите грешиме.Јас на пример иако сум му верна, можеби во нешто друго сум промашила...
Што ако си заминам? Што ако наредниот партнер ми биде верен а јас не можам пак да бидам среќна? Што ако ми биде верен а се однесува лошо спрема мене? Што ако сме верни еден на друг а не не врзува никаква емоција? Тоа го набројав со цел да сфатите дека секогаш може нешто да фали, ако не тоа-нешто друго ќе фали.
И замислете само заради едно неверство, заради некој што воопшто не вреди да се нервирам да си ја уништам врската (тој ја уништил-ќе кажете).Вие и вашата љубов треба да верувате дека можете и тоа и се друго што ќе ви се попречи на патот да го надминете.
Се разбира, постојат различни примери, ситуации, различни луѓе.Едни можеби ќе знаат да ја искористат таа втора шанса, други може да не знаат и на таквите јасно е дека им нема лек.
Но исто како што јас сум направила многу грешки во животот и сум знаела да ја научам лекцијата за да не ги повторам, така верувам дека може и некој друг да згреши и искрено да се покае.
А не знам зошто беше тој коментар дека личи како филм или книга.Јас пак мислам дека да заминам би било како на филм зашто тоа ми изгледа најлесно а реалноста секогаш бара храброст, сила.

прекрасни зборови, и вистинити што е најважното, ако љубовта во мене е силна јас знам дека таа низ се ќе помине, а кога срцето знае дека тој е мојата вистинска љубов јас во него најсилно верувам, во неговите очи, во неговото срце, а моето срце ќе е она кое би се искршило на парчиња ако знам дека јас можам него со нешто да го повредам, повеќе ја сакам мојата болка од неговата, мојата љубов за него секогаш може да прости се,да помине низ се, и како што толку прекрасно кажа ти, ќе дадам се за да го поправам она што сум направила погрешно. се што можам да направам, се што можам да му кажам се чини малку, за него јас живеам и од себеси по силно го сакам. на тоа нежно срце никогаш не можам да му прекорам ништо, само уште посилно да го сакам, за него да дишам:sun:.
 
Многу убаво кажано.
Се согласувам целосно.

Тендер,Кат,Еспањола...
Се многу убаво беше кажано - но како за на филм или за во книга.
Во реалниот живот сепак работите се малку поинакви.
Оној што изневерил еднаш е лабилен карактер,кој не може на едно искушение да оддолее (на кое ќе оддолее ако е искрено заљубен) и кога тогаш ќе изневери пак.Особено кога ќе знае дека другата особа е подготвена да му прости пак.И вториот пат нормално ќе гледа како тоа подобро да го скрие.
Не дај Боже евентуално подоцна ако ми биде тешко во животот,ќе се исплаши и прв ќе избега.
Мене ми е потребна покрај љубов и сигурност.Човек што изневерува не може да ми го обезбеди тоа.

Колку не е само како во филм, како во книга и.т.н... Барем не кај мене т.е. ја не го презентирав мојот став за неверство на тој начин. (евентуално Кат ние е малку попоетична :pipi: )
Јас сум ти голем реалист и човек што тешко верува, и често се сомнева... Така да, да ширам розови, позитивни мислења само онака ама воопошто не ми оди.
Сакав да кажам штом кажувам некој став, значи тој има поминато низ призмата на мојата реалност, сомнеж, долго набљудување, мислење, споредување, анализирање...
Имам видено конкретни случаи на изневерување... Како луѓе реагирале... Па сум ја слушала истовремено и личноста што изневерила и таа што била изневерена, како едната гледа на работата, како другата... Па како се одвивале натаму настаните...

А дека личност што изневерила еднаш, дека пак ќе изневери, неможеш никако, ама никако да генерализираш... :nesum:
 
Еве не мора да се случи по втор пат,нека е само еднаш,ти би продолжила да одиш со некој за кој би направила се,дури и животот би го дала за него,а тој некој тоа се го фрлил во вода и те изневерил,те заборавил само за една вечер и уживал со друга.Ти би го простила тоа, ќе замижиш и ќе продолжиш како неверството да не е ништо?

Добро, вие никогаш не сте згрешиле нешто во животот? Ако погрешиш не значи дека фрлаш нешто во вода.Вие сте тие што ќе фрлите во вода се и ќе си заминете.Не тој.
Неверството не реков дека е ништо и реков дека ќе биде тешко да се продолжи.Но можам да го надминам.Барем ако не друго, ќе се потрудам.Се за љубовта...

Еве ситуација,сте се искарале за нешто,ти си крива,одиш дома и плачеш,се мислиш утре како да му се изнаизвиниш,се обвинуваш себеси за тоа како си можела така да постапиш итн итн,плачеш дека сте се скарале,а тој во тие моменти додека ти плачеш е со друга,се лапа,се мази и којзнае што уште не,не ни му е гајле дали ти ваму плачеш,се секираш,туку си ужива со другата,само една вечер.
Би му простила за неверството и ќе речеш јас сум виновна,јас доведов до кавга,оправдано што ме изневерил пошо јас го налутив?

Нема да коментирам за примеров зашто постојат милион други.
Не ми е јасно како може на секој што изневерил веднаш да лепите етикети дека се тие лошите од филмот, дека немаат чувства (не им е гајле).
Не генерализирајте...колку пати да повторам.
Добро рече Ла Еспањола, човековиот ум е комплексен...

Ниедна направена грешка дали од твоја или од негова страна не е оправдување ниту причина за неверство.Ако има некој проблем со тебе може да поразговара со тебе,а не да го “решава“ проблемот со друга.

За секоја грешка постои вина.А вината може да биде во било кој, во било што...
Јас не го оправдувам неверството, секако дека тоа не е начин на решавање на проблемите.Но згрешил и што сега?-Не ти простувам, си заминувам.Не ме сакаш зашто си бил со неа.Јас си одам.Чао.Аста ла виста.Еве виде колку сум храбра.Види колку голема е мојата љубов што веднаш се предавам, готово, ме изневери..Нема што да барам јас кај тебе...Види колку силна може да биде љубовта.Види само колку е подготвена да прости се...Види само колку е скромна, колку не бара човек да биде совршен...
Ве молам...

Ако наредниот партнер не ти одговара поштено ќе му раскинеш,нема ваљда да го изневериш.Никој не е вреден за да си го трошиш животот на него,а тој не те почитува.
Или ако сте верни еден на друг а не ве врзува никаква емоција не знам зашто би биле заедно.

Хаха, и на нив ако им раскинам ќе останам стара мома.:potsmev:

Зошто не сфатите еднаш и засекогаш дека никој нема да биде совршен?
 
А зошто сметате дека ако човек згреши еднаш-сигурно ќе згреши и втор пат? Зошто така генерализирате? Зошто не сте способни да дадете втора шанса, не велам на било кој, не велам на секој туку на вашата љубов, на човек во кој сте ја гледале иднината до вчера? Зошто да не му дадете втора, само втора шанса? Не велам да простувате милијарда неверства, само едно, првото, ако се случи...Секој има право на втора шанса.Секој.Ќе му ја дадам зашто никој не е совршен.
Нема да бидам кукавица која се плаши од понатамошниот тек на врската.Не.Напротив, можам да разговарам со него и да ја увидам причината за тоа неверство.Да ја најдам вината, дали е во мене или е во него.Ако е во мене-ќе дадам се од себе никогаш повеќе да не го разочарам..Јас на пример иако сум му верна, можеби во нешто друго сум промашила...
А не знам зошто беше тој коментар дека личи како филм или книга.Јас пак мислам дека да заминам би било како на филм зашто тоа ми изгледа најлесно а реалноста секогаш бара храброст, сила.
Долг беше постот, па го скратив, само за тие работи за кои не се согласувам. Зошто велиш кукавица? Ти кажа дека не се сметаш за наивна и дека нејќеш таква категоризација, а сега велиш дека тие се кукавици. Не, не се кукавици. Неверството е знак дека не се работи за вистинска љубов. А во таков случај - си одам.
И обично кој изневерил еднаш, изневерил и втор пат. А не велам дека нема исклучоци.
Да барам вина во себе, затоа што ме изневерил???? Леле, па уште крива да се осеќам. Колку само нема шанси. Ако имало проблем во врската, како луѓе ќе сме седнеле и ќе сме разговарале, па ако треба ќе дојде и до прекин на врската, па после нека иде и нека брка други.

Во секоја врска има кризи, ама сакам да биде доволно МАЖ да дојде и да ми каже што му пречи кај мене, што мисли дека треба да се смени, а не како најголема кукавица (да, кукавица) да оди и да се мува/ебава/whatever со друга. И како ќе ги реши проблемите во врската? Никако. Само ќе придонесе јас да си одам.
И баш да си одиш од тој што го сакаш е потешко. Но, некогаш, тоа е тоа што ти останува.
И погрешно ми го разбравте коментарот за книгата или филмот. Не реков дека се филмате.:)
прекрасни зборови, и вистинити што е најважното, ако љубовта во мене е силна јас знам дека таа низ се ќе помине, а кога срцето знае дека тој е мојата вистинска љубов јас во него најсилно верувам, во неговите очи, во неговото срце, а моето срце ќе е она кое би се искршило на парчиња ако знам дека јас можам него со нешто да го повредам, повеќе ја сакам мојата болка од неговата, мојата љубов за него секогаш може да прости се,да помине низ се, и како што толку прекрасно кажа ти, ќе дадам се за да го поправам она што сум направила погрешно. се што можам да направам, се што можам да му кажам се чини малку, за него јас живеам и од себеси по силно го сакам. на тоа нежно срце никогаш не можам да му прекорам ништо, само уште посилно да го сакам, за него да дишам:sun:.

А дали неговото срце мислело, се скршило на парчиња кога се мувал/имал секс со некоја друга? Не, затоа што тогаш му било убаво.
Многу убаво пишувате и двете и во деловите за љубовта се согласуваме, ама зошто вие да се менувате по неверството и да му исполнувате негови желби???
Ако му сметале некои работи кај вас, ќе дојде и ќе рече: вака, вака и вака, а не да се теши во туѓи прегратки.
Колку не е само како во филм, како во книга и.т.н... Барем не кај мене т.е. ја не го презентирав мојот став за неверство на тој начин. (евентуално Кат ние е малку попоетична :pipi: )
Јас сум ти голем реалист и човек што тешко верува, и често се сомнева... Така да, да ширам розови, позитивни мислења само онака ама воопошто не ми оди.
Сакав да кажам штом кажувам некој став, значи тој има поминато низ призмата на мојата реалност, сомнеж, долго набљудување, мислење, споредување, анализирање...
Имам видено конкретни случаи на изневерување... Како луѓе реагирале... Па сум ја слушала истовремено и личноста што изневерила и таа што била изневерена, како едната гледа на работата, како другата... Па како се одвивале натаму настаните...

А дека личност што изневерила еднаш, дека пак ќе изневери, неможеш никако, ама никако да генерализираш... :nesum:

Колешке и ти ли не ме сфати? Не реков дека се филмате или дека живеете во облаци.

Е па како што ти имаш разгледувано и набљудувано, така и јас од многу случаи имам приметено дека кој еднаш изневерил, после простување на неверство, неретко се случува пак да изневери, затоа што знае дека девојката/момчето го/ја сака и дека пак би му/и простил/а.
И знам дека и кога било простено неверството и од сите примери, никогаш, ама никогаш не опстоила таа врска повеќе од месец дена.
Добро, вие никогаш не сте згрешиле нешто во животот? Ако погрешиш не значи дека фрлаш нешто во вода.Вие сте тие што ќе фрлите во вода се и ќе си заминете.Не тој.
Неверството не реков дека е ништо и реков дека ќе биде тешко да се продолжи.Но можам да го надминам.Барем ако не друго, ќе се потрудам.Се за љубовта...

.Еве виде колку сум храбра.Види колку голема е мојата љубов што веднаш се предавам, готово, ме изневери..Нема што да барам јас кај тебе...Види колку силна може да биде љубовта.Види само колку е подготвена да прости се...Види само колку е скромна, колку не бара човек да биде совршен...
Ве молам...

Хаха, и на нив ако им раскинам ќе останам стара мома.:potsmev:

Зошто не сфатите еднаш и засекогаш дека никој нема да биде совршен?

Тој со самото тоа што бил со друга особа, ја фрла во вода довербата и се она што сме го граделе.
Не, не сум совршена. Сум правела грешки, но за љубов секогаш сум се борела... Никогаш не сум бегала од пречки и секогаш цврсто сум стоела и сум била подготвена на многу работи за љубовта. Не сум кукавица, но во врска која гледам дека нема љубов - неверството е доказ за тоа - ќе си одам.
Реков, тоа се за мене лабилни личности и не дај Боже кога ќе имаме посериозни проблеми, ќе избега и ќе ме остави сама.
Ај те молам прочитај го пак болдираното што си го пишала:
А он колку бил храбар и колку ти кажал дека му пречи рецимо тоа што си емотивна (давам пример, не ме сфаќај погрешно, не се однесува на тебе.:)), зарем не е кукавички чин да го премолчиш тоа што ти пречи и тоа да го побараш во друга?

Ај за едновечерно мување, сфатив, ти би опростила.
А ако иде со тебе, а напоредно иде со друга долго време (еве две- три недели) и ти вели не ја сака, ќе опростиш?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom