А зошто сметате дека ако човек згреши еднаш-сигурно ќе згреши и втор пат? Зошто така генерализирате? Зошто не сте способни да дадете втора шанса, не велам на било кој, не велам на секој туку на вашата љубов, на човек во кој сте ја гледале иднината до вчера? Зошто да не му дадете втора, само втора шанса? Не велам да простувате милијарда неверства, само едно, првото, ако се случи...Секој има право на втора шанса.Секој.Ќе му ја дадам зашто никој не е совршен.
Нема да бидам кукавица која се плаши од понатамошниот тек на врската.Не.Напротив, можам да разговарам со него и да ја увидам причината за тоа неверство.Да ја најдам вината, дали е во мене или е во него.Ако е во мене-ќе дадам се од себе никогаш повеќе да не го разочарам..Јас на пример иако сум му верна, можеби во нешто друго сум промашила...
А не знам зошто беше тој коментар дека личи како филм или книга.Јас пак мислам дека да заминам би било како на филм зашто тоа ми изгледа најлесно а реалноста секогаш бара храброст, сила.
Долг беше постот, па го скратив, само за тие работи за кои не се согласувам. Зошто велиш кукавица? Ти кажа дека не се сметаш за наивна и дека нејќеш таква категоризација, а сега велиш дека тие се кукавици. Не, не се кукавици. Неверството е знак дека не се работи за вистинска љубов. А во таков случај - си одам.
И обично кој изневерил еднаш, изневерил и втор пат. А не велам дека нема исклучоци.
Да барам вина во себе, затоа што ме изневерил???? Леле, па уште крива да се осеќам. Колку само нема шанси. Ако имало проблем во врската, како луѓе ќе сме седнеле и ќе сме разговарале, па ако треба ќе дојде и до прекин на врската, па после нека иде и нека брка други.
Во секоја врска има кризи, ама сакам да биде доволно МАЖ да дојде и да ми каже што му пречи кај мене, што мисли дека треба да се смени, а не како најголема кукавица (да, кукавица) да оди и да се мува/ебава/whatever со друга. И како ќе ги реши проблемите во врската? Никако. Само ќе придонесе јас да си одам.
И баш да си одиш од тој што го сакаш е потешко. Но, некогаш, тоа е тоа што ти останува.
И погрешно ми го разбравте коментарот за книгата или филмот. Не реков дека се филмате.
прекрасни зборови, и вистинити што е најважното, ако љубовта во мене е силна јас знам дека таа низ се ќе помине, а кога срцето знае дека тој е мојата вистинска љубов јас во него најсилно верувам, во неговите очи, во неговото срце, а моето срце ќе е она кое би се искршило на парчиња ако знам дека јас можам него со нешто да го повредам, повеќе ја сакам мојата болка од неговата, мојата љубов за него секогаш може да прости се,да помине низ се, и како што толку прекрасно кажа ти, ќе дадам се за да го поправам она што сум направила погрешно. се што можам да направам, се што можам да му кажам се чини малку, за него јас живеам и од себеси по силно го сакам. на тоа нежно срце никогаш не можам да му прекорам ништо, само уште посилно да го сакам, за него да дишам:sun:.
А дали неговото срце мислело, се скршило на парчиња кога се мувал/имал секс со некоја друга? Не, затоа што тогаш му било убаво.
Многу убаво пишувате и двете и во деловите за љубовта се согласуваме, ама зошто вие да се менувате по неверството и да му исполнувате негови желби???
Ако му сметале некои работи кај вас, ќе дојде и ќе рече: вака, вака и вака, а не да се теши во туѓи прегратки.
Колку не е само како во филм, како во книга и.т.н... Барем не кај мене т.е. ја не го презентирав мојот став за неверство на тој начин. (евентуално Кат ние е малку попоетична

)
Јас сум ти голем реалист и човек што тешко верува, и често се сомнева... Така да, да ширам розови, позитивни мислења само онака ама воопошто не ми оди.
Сакав да кажам штом кажувам некој став, значи тој има поминато низ призмата на мојата реалност, сомнеж, долго набљудување, мислење, споредување, анализирање...
Имам видено конкретни случаи на изневерување... Како луѓе реагирале... Па сум ја слушала истовремено и личноста што изневерила и таа што била изневерена, како едната гледа на работата, како другата... Па како се одвивале натаму настаните...
А дека личност што изневерила еднаш, дека пак ќе изневери, неможеш никако, ама никако да генерализираш... :nesum:
Колешке и ти ли не ме сфати? Не реков дека се филмате или дека живеете во облаци.
Е па како што ти имаш разгледувано и набљудувано, така и јас од многу случаи имам приметено дека кој еднаш изневерил, после простување на неверство, неретко се случува пак да изневери, затоа што знае дека девојката/момчето го/ја сака и дека пак би му/и простил/а.
И знам дека и кога било простено неверството и од сите примери, никогаш, ама никогаш не опстоила таа врска повеќе од месец дена.
Добро, вие никогаш не сте згрешиле нешто во животот? Ако погрешиш не значи дека фрлаш нешто во вода.Вие сте тие што ќе фрлите во вода се и ќе си заминете.Не тој.
Неверството не реков дека е ништо и реков дека ќе биде тешко да се продолжи.Но можам да го надминам.Барем ако не друго, ќе се потрудам.Се за љубовта...
.Еве виде колку сум храбра.Види колку голема е мојата љубов што веднаш се предавам, готово, ме изневери..Нема што да барам јас кај тебе...Види колку силна може да биде љубовта.Види само колку е подготвена да прости се...Види само колку е скромна, колку не бара човек да биде совршен...
Ве молам...
Хаха, и на нив ако им раскинам ќе останам стара мома.:potsmev:
Зошто не сфатите еднаш и засекогаш дека никој нема да биде совршен?
Тој со самото тоа што бил со друга особа, ја фрла во вода довербата и се она што сме го граделе.
Не, не сум совршена. Сум правела грешки, но за љубов секогаш сум се борела... Никогаш не сум бегала од пречки и секогаш цврсто сум стоела и сум била подготвена на многу работи за љубовта. Не сум кукавица, но во врска која гледам дека нема љубов - неверството е доказ за тоа - ќе си одам.
Реков, тоа се за мене лабилни личности и не дај Боже кога ќе имаме посериозни проблеми, ќе избега и ќе ме остави сама.
Ај те молам прочитај го пак болдираното што си го пишала:
А он колку бил храбар и колку ти кажал дека му пречи рецимо тоа што си емотивна (давам пример, не ме сфаќај погрешно, не се однесува на тебе.

), зарем не е кукавички чин да го премолчиш тоа што ти пречи и тоа да го побараш во друга?
Ај за едновечерно мување, сфатив, ти би опростила.
А ако иде со тебе, а напоредно иде со друга долго време (еве две- три недели) и ти вели не ја сака, ќе опростиш?