Дали би и кажал/а на некој/а ТЕ САКАМ иако знаеш дека има Партнер?

  • Креатор на темата Креатор на темата Sara_Hott
  • Време на започнување Време на започнување
може само да ми се допаѓа...дури и кога сум со девојка некое време, се размислувам дали воопшто ја сакам и дали не се лажам себеси пред се’ а после тоа и неа, ако и кажам те сакам...а камо ли на некоја што ми фатила око и згора на тоа има дечко,
друга работа, гледам сите го терата муабетот на насока - не сакам да расипувам врска...тух тух...некој одма ја растури врската, небаре чекаше вие да му кажете оти го сакате...а тој цел живот копнее и е несреќен со друга чекајки го твоето ај лав ју....барем ја таков впечаток добив од повеќето, единствено бон џови беше различен...

- јас си иам проблем да признаам дека „ми се свиѓаш’’, оти после тоа повеќето девојки кои мислам дека вредат да им го признаам, по дознавањето на таа работа осеќаат дека ме имаат на мал прст и можат да си играат мачка и глушец со мене, т.е. добиваат чуство дека во секое време сум на располагање за нив...дека повторно ќе ги побарам за кафе и сл. (барем ја добивам таков впечаток, и се откажувам веднаш по првото одбивање...се помирувам и веднаш потоа девојката ја губи вредноста за која погоре зборам, дека е вредна да и признаам оти имам симпатии кон нејзе, со тек на време и секаков контакт со нејзе ми е одбивен, на крајот почнувам да осеќам мржња кон нејзе....зашто? - затоа!

ај може малце(читај многу) забегав од темава ама тоа е, во овие часови коа ќе почнам да зборам, поготово за љубов секогаш ми се дешава ова..извинете.
 
Jas Mislam deka ljubovta ne e sramota da se iskazhi..a ako prekjutish , samo ke ti bide tesko i potoa ke se kaes...dlaboko ke se kaesh...
 
од искуство и ви препорачувам да и кажете .... Мене ми се свиѓаше една женска и таман таа вечер да бидне нешто, гледам се вратила на бившиот...:S помина 2 дена и ја поздравив по другарка и, и после одредено време ја среќавам сама у град и така малку муабет и после тоа и викам, ќе те поканев да идеме на кафе ама имаш дечко нејќам да растурам врски ....и оваа, еееееее таман работа и вика добра идеа, оотидовме на кафе и после тоа и реков дека ја сакам после 2 дена раскина со тој, да не биде многу забележително се гледавме без да не знаат, да не речат само шо раскина и одма со друг, и така после месец време сите не дознаа... за жал не идам веќе со неа :(
 
може само да ми се допаѓа...дури и кога сум со девојка некое време, се размислувам дали воопшто ја сакам и дали не се лажам себеси пред се’ а после тоа и неа, ако и кажам те сакам...а камо ли на некоја што ми фатила око и згора на тоа има дечко,
друга работа, гледам сите го терате муабетот на насока - не сакам да расипувам врска...тух тух...некој одма ја растури врската, небаре чекаше вие да му кажете оти го сакате...а тој цел живот копнее и е несреќен со друга чекајки го твоето ај лав ју....барем ја таков впечаток добив...

ех мој драги, како се менува светот, луѓето..па ти си ко божем некое чудо а да останеш доследен на себе...
што, ништо бе, само еден месец е разлика ништо повеќе...не е месец дена, повеќе е...40 дена...каква бројка јебемти....помен на ставот и веднаш можам да продолжам со нов нели? небаре некоја растурикуќа вдовица па, после 40 дена ке продолжам со друг..

чудно но прв пат ми се дешава кога ке се најдам во лага на сопствено мислење, а да не почувствувам засрамен од тоа....дали дека се работи за љубов....

па што....не сум само јас....и не и кажав дека ја сакам....само и признав: „svidzas mi se``

и повторно безсрамно си го кажувам ова, со измешани чувства како кога донирам стара облека...

уффф да си легнам, утре....покрај се друго, утре, се надевам, ке имам побистра глава, чувства, желби..

ај може малце(читај многу) забегав од темава ама тоа е, во овие часови коа ќе почнам да зборам, поготово за љубов секогаш ми се дешава ова..извинете.
 
Не. Мене кога ми се допаѓа некој што нема девојка не му признавам, камо ли на некој што веќе е во врска. Емотивна сум многу од една страна, ама страв ми е да покажувам емоции или да ги искажам ептен апла... Башка глупаво ми е некако, незгодно е, не е фер, ќе го ставам него во непријатна ситуација, а за тоа нема потреба. Башка и не би било фер према девојката, пошто не е убаво да го правиш она што не сакаш тебе да ти го прават. И јас не би сакала кога ќе бидам во врска некоја друга да му изјавува љубов на дечко ми. Ќе си преќутам, како што секогаш правам и ќе си ја трескам главата од ѕид (не буквално нормално). Ако нешто треба да биде ќе биде, не треба јас да го форсирам, ниту пак да се мешам во нечија врска. Не е фер.
 
Се согласувам со делот кај што зборуваш дека не е убаво да го правиш тоа што не сакаш да ти го прават тебе,но што ако понатаму се запрашаш што би било кога би му признала?Па дечкото ако си ја сака својата партнерка и покрај твоето признание нема да раскине со неа,а доколку не ја сака неа тоа ке му биде како плус причина за раскинување :)Остави тоа,не се мешаш ти во ничија врска (според мене)чуствата не се за криење туку за искажување.
Ако се мисли секогаш што би рекла таа/тој е ништо од тоа...треба некогаш да мислиш и на себе.
Јас доколку би се нашла во таква ситуација би кажала без око да ми трепне...а тоа што тој ке помисли е веке друго.
 
А зошто би бил он со својата партнерка ако нема чувства спрема неа или што ако е во подолга врска? Не ме зезај не се работите толку едноставни. :) Знам дека чувствата се за искажување, тоа е точно, и јас сум за тоа луѓето да се отворени со своите чувства, но не секогаш. Во вакви работи најгрдо е човек да се меша.
Да, секако дека би се прашувала што би било кога би било, што би било кога работите би биле поинакви, ама јазикот ќе си го држам за заби и никогаш нема да му признаам и да му кажам, особено не ничим изазвана да му признаам чувства и да му биде и него и мене незгодно. Нема потреба од такви компликации. Ако сака да биде со мене, најверојатно не би бил со девојката. :) Викаш ако ја сака ќе остане со неа, ако не ја сака ќе му биде дополнителна причина за раскинување. Па и у двата случаи пак има простор некој да е повреден и да му е незгодно и да е грдо... У првиот случај ќе има секогаш непријатна тишина и незгодно чувство у воздухот што ќе лебди, а у вториот одвратна е помислата дека јас сум причина за нечиво раскинување. Додатна не додатна, не сакам да се мешам кај што не ми е место, а во туѓи врски дефинитивно не ми е место.
 
А зошто би бил он со својата партнерка ако нема чувства спрема неа или што ако е во подолга врска? Не ме зезај не се работите толку едноставни. :) Знам дека чувствата се за искажување, тоа е точно, и јас сум за тоа луѓето да се отворени со своите чувства, но не секогаш. Во вакви работи најгрдо е човек да се меша.
Да, секако дека би се прашувала што би било кога би било, што би било кога работите би биле поинакви, ама јазикот ќе си го држам за заби и никогаш нема да му признаам и да му кажам, особено не ничим изазвана да му признаам чувства и да му биде и него и мене незгодно. Нема потреба од такви компликации. Ако сака да биде со мене, најверојатно не би бил со девојката. :) Викаш ако ја сака ќе остане со неа, ако не ја сака ќе му биде дополнителна причина за раскинување. Па и у двата случаи пак има простор некој да е повреден и да му е незгодно и да е грдо... У првиот случај ќе има секогаш непријатна тишина и незгодно чувство у воздухот што ќе лебди, а у вториот одвратна е помислата дека јас сум причина за нечиво раскинување. Додатна не додатна, не сакам да се мешам кај што не ми е место, а во туѓи врски дефинитивно не ми е место. :)

Aбе види сега,те разбирам што сакаш да кажеш но од кај знаеш ти дали тој навистина си ја сака девојката или е со неа само од забава,не заборавај дека денес постојат врски чисто онака за да не си сам...а ти ке се стискаш мислејки дека тој ја сака и дека нема да имаш шанси.
Не знаеш што се врти во неговиот ум и дали има или нема чуства за тебе...А повредени нормално дека ке има,дали заради тебе или друга причина,а сега дали сакаш да признаеш или не твој е проблемот само што чуствата повремено ке те издаваат.
 
Да бидам искрен, сум бил во ваква ситуација. Од една страна ќе се сложам со Рубин Ред дека ништо не се знае се` додека не се испроба. Да бидам реален, кај мене не успеа. Што е и најлошото можеби ги расипавме оние блиски другарски односи што ги имавме предтоа. Така да, КАко јас би правел за во иднина е тоа дека не би признавал. Но тоа сум само јас.

Од друга страна „разумниот“ одговор на Crazy in love е тоа дека не треба... Пак има доза реалност. Ако преубаво си поминувате заедно и без тоа да му/и` признаеш дека ја сакаш, зошто би ја правел таа грешка? Така да тука би се сложил со Crazy in love.

Но... да бидеме реални... Кој, кога имал јаки чувства, не бил доволно смел и не и` признал на личноста, па макар и таа да имала свој партнер?
 
Ја би и кажал иако може да си расипеме другарство. Мора да знае што чувствувам за неа, овака да го држам во себе нема шанси...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom