НЕ, не би сменил го сменил моето образование, барем средно не. За факултетот треба да помине определена временска дистанца за да се покаже дали сум го направил правилниот избор, иако мислам дека не згрешив . За средно не се каам, ниту за факултетот.
Кога се запишував прва година средно, моите ме советуваа за друго училиште, да се запишам стручно. Не ги послушав, осум години подоцна сметам дека постапив правилно што не му подлегнав на притисокот. Сакав да се запишам во ЈБТ или правно во Борис заради друштво, ама просекот не ми го дозволуваше тоа, така што одбрав да отидам во сосема трето училиште - локална гимназија. Денеска можам со сигурност да кажам дека доколку сум се запишел во Борис/ЈБТ би се заебал, бидејќи 10 пати полесно со учење поминав во мојата гимназија, а ми се погоди и добра палета на професори посебно класна, која ми даде едно добро животно школо како плус уште една гимназија да сум завршил.
Кога матурирав моите планови за на факултет се поклопуваа со тие на родителите, бидејќи уште од втора година средно имав идеја што да студирам. Искрен да бидам неколку недели пред уписите страшно се двоумев дали да се запишам на Филолошки, како што сакав претходно или нешто друго. Сепак се одлучив за филолошки, исто и на моите им се допадна. 3 години после запишувањето, сметам дека направив правилен избор иако треба да помине определен временски период за да се потврди тоа, задоволен сум од факултетот .
Така што , за средно не ги послушав родителите - не се заебав, за факултет ги послушав (иако беше и моја желба) - не се заебав. Краток сублимат не би го мењал моето образование , задоволен сум од истото и сметам дека во животот барем за тоа направив вистински избор.
