Дали би го испушиле...

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.167
Поени од реакции
702
Возраст
39
...вашето последно цигаре, во пресрет на новиот закон кој ќе стартува на 01.01.2010? Верувам дека сега построго ќе биде практицирана забраната за пушење по кафулиња, диска, кафеани. Просто, ќе може да се пуши дома, во кола и на улица (веројатно до некоја канта за ѓубре).

Планирате да ги баталите пустинските тутуни, жлти отрови, или балканската ќе се тера? Што мислите?
 
Имаме дефицит,намалено индустриско производство,економски проблеми...така да таман е законов-ем балканската ќе се тера,ем и казни:toe:

Ова е буллсај
 
...вашето последно цигаре, во пресрет на новиот закон кој ќе стартува на 01.01.2010? Верувам дека сега построго ќе биде практицирана забраната за пушење по кафулиња, диска, кафеани. Просто, ќе може да се пуши дома, во кола и на улица (веројатно до некоја канта за ѓубре).

Планирате да ги баталите пустинските тутуни, жлти отрови, или балканската ќе се тера? Што мислите?
Ја ги баталив пред 4 месеци и сум вери хепи поради тоа :je:
 
Ја не сум запознает со законот кој ке биде, а не е нешо објаснето во првиот пост....некој?
 
Ја не сум запознает со законот кој ке биде, а не е нешо објаснето во првиот пост....некој?
Забрането пушење цигари по дискотеки, кафичи, ресторани.... :helou:
 
Да, кј и да е мислам да го испушам моето последно цигаре.
Ова законов голема услуга ми прави:wink: Од одамна постојано велам од утре не пушам и еден ден, два максимум и ете ме повторно со цигаре. Ама сега нема каде да бегам или до пред нова година сам ќе го откажам постепено или после нова нагло.
 
мислам дека закон како закон нема да помогне многу за луѓето на се откажат од цигари.

Имаме многу закони кои ептен строго ќе се казнувале, ама сеуште не застануваат на пешачки, поминуваат на портокалово, плукаат по улици, фрлаат ѓубре и така натака.

Ако не си го смениш чипчето, ништо.
 
Планирате да ги баталите пустинските тутуни, жлти отрови, или балканската ќе се тера? Што мислите?
И тоа како ќе се тера...конкретно за Скопје може џандарите да се фураат само од "нашава" страна на Вардар и да пишат по некоја казна на почтокот, и дефинитивно никој не може да ме убеди во спротивното. А кога Законот ќе почне да се применува во Зајас, Количани или Кондово во локалната чајџилница, нека дое некој од МВР, нека слика и нека покаже. :)

*ќе ги прекинам коа ќе бидам на место кај што се служи јадење, и во други јавни установи, секако.
 
мислам дека закон како закон нема да помогне многу за луѓето на се откажат од цигари.

Имаме многу закони кои ептен строго ќе се казнувале, ама сеуште не застануваат на пешачки, поминуваат на портокалово, плукаат по улици, фрлаат ѓубре и така натака.

Ако не си го смениш чипчето, ништо.
Ама овде ќе биде построго. Ако фрлиш ѓубре на улица, пикавец, плукаш и слични прекршоци те казнуваат само тебе. Вака во кафана, кафиќ и тебе и сопственикот ќе го казнат затоа нема да ти биде дозволено да пушиш внатре.
 
Би сакал да кажам дека ќе помине и ова како минатите што поминаа, ама по се изгледа дека ова хиениве писнале на пунат буџет на секакви основи-глупи и поглупи.
Откажување не иде во обзир, со импровизирање ќе се снајдеме.
 
Ама овде ќе биде построго. Ако фрлиш ѓубре на улица, пикавец, плукаш и слични прекршоци те казнуваат само тебе. Вака во кафана, кафиќ и тебе и сопственикот ќе го казнат затоа нема да ти биде дозволено да пушиш внатре.

ама темата е ко што разбрав, да го испушите последното цигаре, поточно да се откажете :) така да нема врска сопственик на локал со чипчето :)))

инаку во школи на пример, или јавни установи веќе е забрането пушење, ама нема смисла да се самоказнуваат така?

А сега ко изроди ќе удрат по кафаните. Инаку сум слушнала само за една казна пишана на еден факултет за пушење во канцеларија/кабинет. А каде се сите основни, средни школи. Значи закон веќе има, само сега почнува да се применува + за кафаните и рестораните, оти таму се парите од казни уствари :))
 
Не верувам дека ќе се откажам, макар што не би било тоа лоша идеја. Ама сепак, откажување тешко дека ќе се случи. :) Од инат. Се нервирам кога на нешто сум приморана, ако ги оставам, ќе ги оставам зошто ЈАС така сакам, а не заради некој си закон таму.
 
ТАКА Е, сто процентна поддршка ти давам!

Дои утре до камени мост, ќе ти кажам дека НЕ СМЕЕШ да рипаш.

И што е па со тој закон не смееш гол на јавно место???
Еби му матер и на него, они тебе ќе ти кажуваат!
 
ќе пробам да ги откажам... некако не ми се верува али ајде...
закон си е закон,понекогаш мора да се почитува :nesum:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom