Дали би донирале јајце клетки или сперма?

  • Креатор на темата Креатор на темата Ineka
  • Време на започнување Време на започнување

Дали би донирале јајце клетка или сперма за 5000$???

  • Да

    Гласови: 166 68,3%
  • Не

    Гласови: 77 31,7%

  • Вкупно гласачи
    243
Абе,мора име презиме.Ја дојде братучедка ти шо сака да изврши вештачко оплодување и зеде твојата сперма...после кривулентни деца
 
Малку ме збунува насловот на анкетата. Дали би ДОНИРАЛ за 5000$ ? Па не е тоа донација бе... Anyways.. јас би ги давал и за по 1000 долари, само да завршуваат некаде од каде што нема да можат да ме најдат преку емисија или слично... Јас и да ги дознаам, I don't give a shit, е сега ако станат милијардери, ќе им се јавам за пари...
 
Би донирал, во вакви банки не бараат име и презиме или било каков контакт на тој што донирал, само запишуваат како изгледа физичкиот опис на донаторот, крвната група и здравствени проблеми и никој пат нема да знаете дали некој ги одбрал баш вашите донации. Тој што ќе ги одбере баш нашите не го интересира кој сме, од каде сме, го чита само нашиот опис надевајќи се дека бебето ќе е баш убаво како нас. На никого не му е лошо од нешто плус пари, камо да имаше само нешто вакво кај нас. :)

Има и кај нас... Поточно има луѓе кои имаат потреба од тоа, но нема кај да се обратат, кај да побараат, а тие од другата страна нема кај да кажат дека сакаат да донираат.
Убаво и многу корисно би било кога би имало место каде може секој кој што сака да донира, и секој кој што сака да може да најде
 
Бидејќи мојата сперма е света и многу жени не ја сакаат,тешко дека би дал ваков генетско совршено машко да го продолжи своето потекло.
Мора да се убиеме и да ги исечеме јајцата да останеме уникатни :P
 
Ја за беспари донирам а не па за пет илјади долари :)
 
Абе,мора име презиме.Ја дојде братучедка ти шо сака да изврши вештачко оплодување и зеде твојата сперма...после кривулентни деца

Извини, морам да прашам, какви се тие "кривулентни" деца?

Бидејќи мојата сперма е света и многу жени не ја сакаат,тешко дека би дал ваков генетско совршено машко да го продолжи своето потекло.
Мора да се убиеме и да ги исечеме јајцата да останеме уникатни :P

Стеф, ако жените не ја сакаат, кому ќе ја даваш? Ако, поарно сечи одма, да не се шири тој генетски материјал. Што помалку од него, тоа подобро.

Он - за пари не би, но кога би се работело за некоја моја блиска личност, кога би можела, би го направила тоа.
 
Извини, морам да прашам, какви се тие "кривулентни" деца?



Стеф, ако жените не ја сакаат, кому ќе ја даваш? Ако, поарно сечи одма, да не се шири тој генетски материјал. Што помалку од него, тоа подобро.

Он - за пари не би, но кога би се работело за некоја моја блиска личност, кога би можела, би го направила тоа.
Е за инат нема да ги сечам.
Ќе направам 100 деца и сите по мој терк,да ве побудалам :)
 
Е за инат нема да ги сечам.
Ќе направам 100 деца и сите по мој терк,да ве побудалам :)
Со кого тоа? За 100 деца треба минимум 20 жени, ете, под претпоставка секоја по 5 да ти роди. Ќе ги најдеш толку жени желни за коитус со тебе?
 
Е за инат нема да ги сечам.
Ќе направам 100 деца и сите по мој терк,да ве побудалам :)

Стеф, темава е малку поосетлива од ЧДА, ти дал сечел или праел ние нема да ти ги раниме у секој случај, муабетот е дали би донирал, помогнал некому кој неможе.. да се задржиме на темата сепак.
 
Со кого тоа? За 100 деца треба минимум 20 жени, ете, под претпоставка секоја по 5 да ти роди. Ќе ги најдеш толку жени желни за коитус со тебе?
Па не мора да најдам ќе донирам хехе :)
--- надополнето: 12 февруари 2013 во 01:03 ---
Стеф, темава е малку поосетлива од ЧДА, ти дал сечел или праел ние нема да ти ги раниме у секој случај, муабетот е дали би донирал, помогнал некому кој неможе.. да се задржиме на темата сепак.
Да знам ок ќе се држам на поентата :)
 
Извини, морам да прашам, какви се тие "кривулентни" деца?

Доколку се спојат јајце клетка и сперматозоид на блиски роднини,многу големи се шансите детето да има генетски пореметувања. Затоа и инцестот е забранет.

Иначе на темава....шо знам, ваљда би.
Од една страна тотално се нарушува "балансот" на природата, нели, природна селекција, се отфрлуваат помалку способните и преживуваат најсилните. Така било со години уназад и поради тоа човекот дошол на ниво на кое е денес.
Трагично е дека некои не можат да имаат деца од разноразни причини, а технологијава е толку напредната што во суштина се е можно, so why not use it. Етички и морално колку е океј, не знам...Сакал, не сакал, тоа дете е твое, колку и да не си го направил од љубов. Ќе носи скоро ист генетски материјал како она кое си го направил свесно, ај така да се изразам. Можда никогаш нема да го видиш, ама тоа не го прави помалку твое.
Сума сумарум, ако би се одлучила на ваков чекор, би сакала детето да знае за мене и јас да знам за него, да имам право да го гледам и на некој начин да бидам дел од неговиот живот и тоа од мојот. Како родители нека си ги рачуна тие кои го израснале, пошо јас нема да го учам да оди,да зборува,нема да седам над него додека не ја заврши домашната,нема да трчам по доктори кога ќе му се растече носето... Aма ете, нека ме има како "тетка" барем. :)
 
Во странство се прават генетски компарации за да се елеминира вкрстување на родбински линии. Верувам дека ако имаме вакви установи овде, или ги направат истите во иднина, дека истото и тука ќе се проверува.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom