Дали Александар Македонски е во рајот или пеколот?

  • Креатор на темата Креатор на темата Let 3
  • Време на започнување Време на започнување

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.280
Ова прашање ме копка некое време, и се прашувам, спрема божјите закони, дали Александар Македонски (по христијански правила) е ојден во рајот или во пеколот.

колку што знам тој му се поклонувал на пагански богови, и наредувал убиствва а и самиот извршил убиство.... али можда постојат некои олеснителни околности.... или пак моижеби тој пошто не бил христијанин сега е во некој пагански рај (или пекол)
 
Каде е Ацо Македонски, знае само Оној кој го создал и Кој му пресудил-не верувам дека има јунак кој ќе ти даде точен одговор. Можам да посочам само една работа: на Метеори, во еден од манастирите, постои фреска на која е насликан еден од Светителите (не му го памтам името) а кој на сликата е поставен така, да го гледа скелетот од Александар Македонски. Фреската има една порака: еве што останало од тој историски многу познат војсководец, кој, додека бил жив, веројатно сакал да биде владетел на Светот, како и многумна слични на Александра...
А имајќи на ум дека Александар ни оддаелку не бил христијанин, туку по лично убедување бил чисто световен човек, се сомневам дека отишол во Рајот-понајмалку во паганскиот рај.
 
Според Данте, сите пред наша ера се во пеколот... Пошто нели, пеколот има девет круга, а првиот е за некрстените...

Иначе и по други основи Аце е во пеколот, ама ова беше најкратко.
 
Библијата не учи што се случува на оние кои се коцкаат (записи има дека Аце се коцкал) кои убиваат Записи има дека убивал) оние кои му се клањаат на пагански идоли и кипови (записи има дека му се клањал)

На страна името и личноста, дали таков човек спрема христијанските закони оди во рајот или пеколот? Постојат и други ликови низ историјата кои правеле слично (Џингис Кан, Јулие Цезар, Атила) војсководци кои освојувале туѓи земји, воделе војни, уништувале и палеле градови и биле пагани. Дали тие сите (вклучително и Аце) воопшто спаѓаат под христијанскиот Бог дали му одговараат за своите дела и недела и како према вас би била праведна казната или наградата?
 
Не може да спаѓаат под христијанскиот Бог, затоа што живееле пред Исус, то ест, пред појавата на христијанството. Логика малце.
 
Дали она кое го набројуваш во болтуваниот текст, според тебе, е христијански начин на живеење? Каде Бог заповедал крадење, освојување, убивање, уништивање, геноцид и сл.?

Под христијанскиот Бог, т.е. под Неговата волја и Заповеди, подлежи секое човеколико битие, независано дали некој верува во Него или не.
 
Уххх бе пак и ти, а господ постоел ли и тој пред Исус???
 
Ацо Македонецот е во земја некаде, или во вода, па го изеле рибите и сл... Каков рај, каков пекол...
 
Дали она кое го набројуваш во болтуваниот текст, според тебе, е христијански начин на живеење? Каде Бог заповедал крадење, освојување, убивање, уништивање, геноцид и сл.?

Под христијанскиот Бог, т.е. под Неговата волја и Заповеди, подлежи секое човеколико битие, независано дали некој верува во Него или не.

Значи Александар наш се пржи во вечниот оган во пеколта. Ова е загрижувачки за Македонија и Македонците кои го славиме и обожаваме Александар и му подигаме кипови и споменици и именуваме улици и плоштади по него.
Зарем никој од МПЦ не излегол со став дека славиме безбожник и злотвор кој е во пеколот?!?!?
 
Не може да спаѓаат под христијанскиот Бог, затоа што живееле пред Исус, то ест, пред појавата на христијанството. Логика малце.
Логиката колега не помага овде...Сепак се работи за паганизам така да чорба..Инаку Христос е Бог...т.е. Господ..
Значи Александар наш се пржи во вечниот оган во пеколта. Ова е загрижувачки за Македонија и Македонците кои го славиме и обожаваме Александар и му подигаме кипови и споменици и именуваме улици и плоштади по него.
Зарем никој од МПЦ не излегол со став дека славиме безбожник и злотвор кој е во пеколот?!?!?
Па го славиш и Ченто и Гоце и....Сепак "славиш" луѓе кои не ги воздигаш на ниво на Бог..Ако е спротивно тогаш е проблем..
 
Мислев дека Христос е син Божји... или сам себе татко си е?
 
Ќе мора да отворам тема за ова..Да Христос е Бог(божји син)
..отелотворување..
 
Значи Александар наш се пржи во вечниот оган во пеколта. Ова е загрижувачки за Македонија и Македонците кои го славиме и обожаваме Александар и му подигаме кипови и споменици и именуваме улици и плоштади по него.
Зарем никој од МПЦ не излегол со став дека славиме безбожник и злотвор кој е во пеколот?!?!?

Незнам кој на форумов пресуди дека Ацо е во пеколот.
А незнам и кои се тие ко Ацо го „обожуваат„, прекршувајќи ја првата и втората Божја заповед.
А каква е врската на МПЦ со Александар? Тој во МПЦ не фигурира под никој основ.
 
Пеколот е измислен за да ги заплашува скептиците кај кои полека почнале да го оттргнуваат влијанието и контролата од црквата. Така да, за мене пекол не постои затоа што основно, религијата не треба никој да заплашува.

ПЕКОЛ НЕМА.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom