Дали ако слушаме рок/метал сме неверници?

  • Креатор на темата Креатор на темата TheShadow
  • Време на започнување Време на започнување
-Да: „турбото„ е изродено од „фолкот„, со тоа што „турбото„, за да биде актуелно, посебно кон поновите генерации, се прилагодува на тековните музички трендови и со тоа („турбото„) станува лесно прифатливо.
- Грев е кога верниците слушаат несоодветна музика, како што е металот, поглемиот дел од рок-музиката, исто како што е штетно и слушањето „турбо„, кое пати од празнотија, површност, некреативност, репетитивност, сугестибилност, идолатрија, хедонизам, бесмисленост, бесцелност, гревовност...
Значи ти не слушаш ништо друго освен таа црковна музика?! Или пак слушаш блус или џес...?

И нормално тука се расипува теоријата дека инспирацијата за креирањето на рокот како музички правец потекнува од турбофолкот.:)

(болд) (y)
 
После оваа тема, ќе следи нова со наслов - дали ако играме/гледаме фудбал, кошарка, тенис, ракомет, одбојка,.....сме неверници и богоборци.
 
Слушам музика во распон од изворна македонска, преку поп, џез па се‘ до класика, што значи дека конзумисам о-хо-хо музика, како душевна храна.

За „турбото„, веќе се изјаснив.

Да, заборавив; слушам и црковна...[DOUBLEPOST=1408558728][/DOUBLEPOST]
После оваа тема, ќе следи нова со наслов - дали ако играме/гледаме фудбал, кошарка, тенис, ракомет, одбојка,.....сме неверници и богоборци.

Музиката е изузетно комплексна појава, која за основна цел го има насочувањето на умот кон Бога, а може да биде и сосема стпротивното: неповратен пат кон пеколот...[DOUBLEPOST=1408558815][/DOUBLEPOST]

Овој е (ис)пратен од самиот пекол...
 
Твоето неразбирање на мојата вероисповест не може да прејде во вистина, туку ќе си остане лична заблуда.

Така:
- проповедта значи поучување, кое свештенството го практикува на секоја литургија, а кое (поучување) се однесува на одредена тековна тема или тековен празник, каде свештенството го предава своето познавање на верата врз верните.
- Светите Тајни се начин на кој вените Го примаат Бога во себе, односно ја примаат благодатната и нестворена енергија Божја, без која нема вечен живот. Само крштевањето и венчавањето се наплаќаат.
- молитвите и требите се начин на живеење во верата, преку кои Црквата ја покажува својата грижа кон членовите од Црквата, односно кон упокоените.

Према томе:
- проповедта не е Света Тајна.
- проповедта не е треба и имолитва,
- а незнаењето си останува незнаење.
Не се работи за никакво неразбирање или незнаење, туку за класична дволичност и лицемерие од твоја и од страна на оние кои го негираат очигледното - тоа што сте го добиле бесплатно, бесплатно да го давате! Наспроти оваа едноставна, јасна и недвосмислена порака, црквата наплаќа и прави тарифници за услуги од "духовен" карактер, иако пораките во евангелијата го велат токму спротивното. Дали и што било за вас света тајна, дали за проповед требало или не молитва е тотално небитен муабет во случајов, бидејќи вие наплаќате за нешто за кое ви е кажано да го давате бесплатно!
Што се однесува до моето наводно извртување на евангелието, ситуацијата е слична на претходната: пак покажуваш основно непознавање на истото, односно покажуваш идолатриско-протестантски однос кон Писмото. Кога Христос советува откажуавње од нешата од овој Свет, со тоа Он ни укажува на опасноста од неумерено врзување за овосветовните нешта, а кога Он советува раздавање на имотот и врвење по Него, како што беше случајот со советот до богатиот младич, тоа е совет кон се однесува на оние (поединци) кои сакаат да бидат совршени и кои навистина се одвојуваат од Светот и сиот световен луксуз, како што тоа го чинат монасите.

Сега, кога ти би бил во право, тоа би значело дека сите треба да станат монаси и монахињи, со што би се довело во прашање опстојувањето на родот човеков на Земјава, а последично, со тоа би била доведена во прашање промислата Божја за иднината и за крајот од Светов.
Повторно лажеш. Ти во конкретниот случај намерно го премолче - го изостави стихот што следеше и со тоа ја смени комплетно смислата на пораката - на текстот! Значи текстот одеше одприлика вака (да не го копирам пак, ќе парафразирам) - "Не се грижете што ќе јадете и што ќе пиете, затоа што Бог мисли на своето стадо..." и тука ти прекина алудирајќи дека Бог предвидувал материјална награда за оние што наводно го заслужиле тоа. Арно ама, стихот што следеше го велеше следново: "Продајте ги имотите ваши, затоа што богатството ваше е на небото, каде молец не го јаде...." (парафразирам). Значи стихот што ти го изостави даваше објаснување дека наградата за која ти тврдеше дека е материјална и дека била наменета за оние кои ја заслужиле....всушност воопшто не била материјална, бидејќи била на небото - каде молец не ја јаде!
Ти сега се обидуваш да го занемариш тоа, вртејќи ја поентата кон тоа, кому било тоа наменето, а не што било наменето. Како и секогаш - префригано и дволично.
 
Последно уредено:
Музиката е изузетно комплексна појава, која за основна цел го има насочувањето на умот кон Бога, а може да биде и сосема стпротивното: неповратен пат кон пеколот...[DOUBLEPOST=1408558815][/DOUBLEPOST]

Овој е (ис)пратен од самиот пекол...

Еве на пример оваа песна мене ме насочи кон други нешта, и ми е спомен за други нешта, кои не се во корелација со болдот.

ТИ што мислиш оваа песна по кој пат ќе те однесе?
 
Кај ги најде циркузантиве? Има далеку подобри бендови кои прават далеку подобра музика.

Ова, според мене, е глупава песна, која има “маркенг карактер“. Поткрепа е фактот дека евровизија е едно исценирано шоу. :)
 
тоа што сте го добиле бесплатно, бесплатно да го давате! Наспроти оваа едноставна, јасна и недвосмислена порака,.

Христос вели:
„...бесплатно добивте, бесплатно давајте!...„. (Матеј, 10.8).

Ако е овој стих толку едноставен и јасен, дај подобјасни ми што подразбира Христос под „добиеното„ и како тоа ќе го докажеш...
 
Последно уредено:
Еве на пример оваа песна мене ме насочи кон други нешта, и ми е спомен за други нешта, кои не се во корелација со болдот.

ТИ што мислиш оваа песна по кој пат ќе те однесе?
Немој ти вакви песни жити се. Побудува прашања кои Мики1 ги смета за реторички :P
 
Еве на пример оваа песна мене ме насочи кон други нешта, и ми е спомен за други нешта, кои не се во корелација со болдот.

ТИ што мислиш оваа песна по кој пат ќе те однесе?

Песничево е од Крис Ајсак, таќе?....Некаде од 1990/91 г.

Ова песниче е евтин летен поп-хит за еднократна употреба, (еден од многуте), кој може да ти пробуди пријатни сеќавања на некои минати времиња (проста сентименталност), а неговото визуелно обликување со разголено женско тело, е прилично соблазнително за окото (наведува на блудни мисли и намери).

Расуди самиот кон што те води...голем си, нели?
 
Христос вели:
„...бесплатно добивте, бесплатно давајте!...„. (матеј, 10.8).

Ако е овој стих толку едноставен и јасен, дај подобјасни ми што подразбира Христос под „добиеното„ и како тоа ќе го докажеш...
Па сигурно мислел кога ќе имаш добиено менструација, што друго.
 
Па сигурно мислел кога ќе имаш добиено менструација, што друго.

Еве го прашањето „ше ен крат„: што им дал Христос на Апостолите, а што овие требало да го раздаваат бесплатно?
 
Еве го прашањето „ше ен крат„: што им дал Христос на Апостолите, а што овие требало да го раздаваат бесплатно?
Колку му плати Исус на Јован за крштевката и според кој тарифник? Оној на МПЦ или на СПЦ?
 
Песничево е од Крис Ајсак, таќе?....Некаде од 1990/91 г.

Ова песниче е евтин летен поп-хит за еднократна употреба, (еден од многуте), кој може да ти пробуди пријатни сеќавања на некои минати времиња (проста сентименталност), а неговото визуелно обликување со разголено женско тело, е прилично соблазнително за окото (наведува на блудни мисли и намери).

Расуди самиот кон што те води...голем си, нели?

Абе знам кај ме носи и кај ме однело.

Ама не се слагам дека тоа е пат кон пеколот.[DOUBLEPOST=1408560041][/DOUBLEPOST]
Колку му плати Исус на Јован за крштевката и според кој тарифник? Оној на МПЦ или на СПЦ?
Твојот обид да ги девалвираш моите ставови преку иронија и сарказам одсекогаш ти биле и секогаш ќе ти бидат залудни.
.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom