Дали 2015 ќе биде подобра?

  • Креатор на темата Креатор на темата Brutus
  • Време на започнување Време на започнување

Дали 2015 ќе биде подобра од 2014?

  • Вкупно гласачи
    125
  • Гласањето е завршено на .
Ај дека секоја година сум оптимиста и се надевам на подобра година, оваа година решив да не посакувам ништо, затоа и одбрав не. Не дека беше лоша годинава ама некако некој дел ми беше монотон и лош, ми фалеше некој и нешто.
Ајде шта буде нека буде :D:brlav:
 
Ова нешто како против уроци изгледа. Добра тактика. Не заборавај долната маица наопачки да ја облечеш вечер.
 
Ова нешто како против уроци изгледа. Добра тактика. Не заборавај долната маица наопачки да ја облечеш вечер.
И црвени гаќи за да ни тргне у љубовта :pos:
 
Оваа анкетава исто како еден твит, цитирам:

-Како е во Македонија?
-Паа.. не можеме да се пожалиме.
-Тогаш значи не е лошо..
-Не. Реков дека не можеме да се пожалиме.

Инаку, да се фаќа патот уште од сега ...нема радости овде.
 
На крајот од краиштата: добар, подобар, - тоа се све етички категории. Не може еден временски интервал да има етичка поларизираност.
 
латас рече дека ќе биде пред малце и триесет и некои у свет сме биле по дуинг бизнис па решив да им верувам и сега светот го гледам со розови наочари
 
"Македонците во 2014 година се чувствувале среќни. Педесет и четири проценти од граѓаните кои биле анкетирани во рамки на истражувањето на Брима Галуп изјавиле дека во текот на изминатата година биле среќни, а 11 проценти несреќни.

Осум проценти од среќните граѓани се изјасниле дека биле многу среќни, а четириесет и шест проценти дека биле среќни.

10850177_884909144873715_1043930371605674474_n.jpg
 
Тоа не БРИМА Галуп не на мене :)

Не ме сваќај погрешно, во ред е да постои дебата, судир на ставови, песимизам и оптимизам. Луѓе сме.

Меѓутоа реално гледано, форумов е СПЕЈС ШАТЛ за тие таканаречените "независни" институти и организации што се бават со истражување на јавното мислење. Нема ни 12 часа кај што е отворена темава, а резултативе се кристално јасни.

Се поставува прашањето, од каде оваа контрадикторност во статистикиве?
 
Па едноставно само погледни колку членови биле активни денес - над 1000. Од нив само 100 одговориле овде. Не е никаков репер ова освен за расположението на Кајгана Форум :) и тоа на микро ниво. Форумот е пред се забава :)
П.С. од овие што рекле НЕ пола стиснале ради мене :-)
 
Меѓутоа реално гледано, форумов е СПЕЈС ШАТЛ за тие таканаречените "независни" институти и организации што се бават со истражување на јавното мислење. Нема ни 12 часа кај што е отворена темава, а резултативе се кристално јасни.

Се поставува прашањето, од каде оваа контрадикторност во статистикиве?
Не баш. Форумов не може да го отслика јавното мислење, бидејќи не ги покрива сите социјални и многу побитно образовни и возрастни категории во државава.

Дури и да го лимитираш на „мислењето на младите“ повторно има сериозни отстапки помеѓу публиката на форумов и тоа што би требало да го анкетираш за да го добиеш мислењето на младите.

Статистиките воопшто не се контрадикторни, повеќе се одраз на ниво на образование и очекувања.
 
Статистиките воопшто не се контрадикторни, повеќе се одраз на ниво на образование и очекувања.

Ако сме искрени, овие агенции фунционираат на принципот
mijwo7.jpg

тука е разликата
 
Ако сме искрени, овие агенции фунционираат на принципот
mijwo7.jpg

тука е разликата
Зависи. Брима Галуп е една од најдобрите агенции во светски рамки, кога се истражувања на јавно мислење во прашање. Ако од нив нарачаш анкета, ќе биде стварно квалитетна. На крај ти нудат да си избереш дали сакаш да ги објават резултатите или не.

Во Македонија, а и другите држави со ниско образование има еден проблем. Треба да внимаваш како ги поставуваш прашањата, бидејќи народот што го прашуваш мисли дека има правилен одговор. Не е научен да даде мислење, туку има желба да задоволи.

Затоа имаш и вакви резултати:
- Државите во Африка и Азија се најуверени дека претстојната година ќе биде подобра од 2014, а во западна Европа само 12 проценти од граѓаните веруваат дека 2015 ќе биде година со економски просперитет.

Што е типичен показател за разликата во образование помеѓу тие од западна Европа кои знаат дека кога државите најавуваат рецесија не може да имаат економски просперитет и тие од држави каде каде што рецесија е збор што го споменуваат политичарите на вести, а Господ дава бериќет.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom