Јас имам малку поинаква филозофија... Да се погазиш себеси за љубов или не? Ако се работи формални и процедурални однесувања, тогаш е глупост. Во љубов нема тактики, нема „јас се јавив, на него е редот“... Или го сакаш и се трудиш или е уште една градска шема полна со извештачени манири.
Во целата приказна има една граница која треба да се препознае и која ни кажува дали некој е заинтересиран за тебе или не. Ако постои шанса, треба да се искористи и да се направи се; тоа може да биде и убавината во додворувањето.
Ако проценката вели дека нема интерес од другата страна, еднонасочност во чувствата не е баш дефиниција за љубов. Тогаш темата нема издржаност.
Инаку, обично си ја газам гордоста за повисоки цели како што е љубов: не ми е мака да кажам „те сакам“, не ми е мака јас да се јавувам прва... Балансот ќе се постигне понатаму со заедништво.