Да се ќути или не - прашање е сега!

  • Креатор на темата Креатор на темата spooky
  • Време на започнување Време на започнување
зависи од личноста оти како што кажа pppv некои мн. се љутат
некои не треба да процениш
 
Ако се случи тоа веднаш би кажал не за друго во Тетово како што се знае секој со сите некој друг може да и каже ако тоа се случи веднаш би се дознало. Не морам да бидам јас тој што ќе и каже. :)
 
Ако се случи тоа веднаш би кажал не за друго во Тетово како што се знае секој со сите некој друг може да и каже ако тоа се случи веднаш би се дознало. Не морам да бидам јас тој што ќе и каже. :)
..кажи..тетово си е тетово...
..инаку јас би рекла..знам не е убоо да се мешам сеа у нечија веза..ама ипак..би рекла..заш ја би сакал да ми кажат(не некој кој не го познавам..туку некој др ..односно некој кој ми е близок):pipi:
 
се ќе кажам,само на најблиските другари,ама само ако фатам на дело,значи не од муабети ово оно што се шири,ако фатам на дело кажувам па нека си ја мислат они понатака.Незнам зашто викате нема да кажете,како може најдобар другар да не ви верува???а и ако подеднакво ми се блиски и двајцата,пак ќе кажам,ама незнам до сега и понатака ретко може да ми се исто блиско двајцата???
 
Pa ako dvajcata mi se podednakvo bliski ne bi se meshal... Zatoa shto ako kazam edniot premnogu kje se naluti... A shansite se golemi i drugiot da ti svrti grb... Bi go prekjutil toa shto kje go vidam i kje si prodolzam pravo :) Taka jas mislam...
 
Зависи од тоа колку ми се блиски. Ако некој ја изневерува сестра ми или братучедите, секако дека ќе кажам. Ако дознаам дека другарка ми е изневерена, хмм..ќе подразмислам малку, бидејќи имам едно лошо искуство. Сега веќе не дружам со тоа девојче, а нејзиниот “прекрасен“ дечко и понатаму ја изневерува.
 
Како што мене не сакам да ми се мешаат, така и јас нема да се мешам во другите врски. Прочитав многу од вас би се умешале без никаков пардон. Со кое право само ме интересира?? Дали на вас ви е убаво ако некој ви се умешува во вашата врска, без разлика за што станува збор. И на крај, секогаш, ама буквално секогаш ќе излете вие како губитниците од тој исход, бидејќи не треба да заборавите дека меѓу нив двајца постои љубов, која искрено им е поважна од вас и вашите новости, и секогаш ќе бидете број два во тој поглед. Затоа мој совет е размислете дали воопшто и би помислиле да се вмешате...
 
Ni na sopstveniot brat ne bi mu se smesala da mu kazam a ne na prijateli ,drugari poznanici nema sansi....
 
Епа јас сум многу зборлеста не знам моја тајна да чувам а не на некој друг.. Одма би кажала.. Ама ако е изневерн некој мој близок. Ако мојата другарка го изневери дечкото ќе ќутам и ќе избегавам средби со него :)
 
Сведок на неверство

Што би направиле кога би биле сведок на неверство?
Дали е паметно да кажете на вашиот/вашата пријател/ка дека партнерот ја изневерува?
Дали би се замешале во нечиј живот и би ги поднеле последиците на раскинување на врска/брак поради суровата вистина?
Или можеби решението е "лицемерно" премолчување на вистината?
 
Ако сум сведок на варање на моја блиска особа-одма би и кажала.
Не би размислувала 1 единствена секунда.
Луѓето што ми се во тој фолдер не заслужуваат да бидат варани и не би дозволила такво нешто.
И нема тоа да биде растурање на врска од моја страна, туку соопштување на вистината и не дозволување на некој да ги прави глупи моите блиски луѓе.
Ако дечкото на другарка ми ја вара, тогаш она не заслужува таков глупак покрај неа.
My girls are better than that.

Ако станува збор за некоја подалечна особа, тогаш ич не се мешам.
Ќе си ја чувам “тајната“, јез да многу е смешно и непријатно да знаеш таква информација и да си замислуваш рокчиња кај вараниот партнер...
 
Не знам колку е лицемерно да ќутиш, пошо у суштина, све шо се дешава у креветите и "останатите соби" на двајца (или у случајов, тројца луѓе) is none of mine business.

Може евентуално да се напраи муабет со оној кој изневерува, да се разменат ставови...али нишо поише. Пошо, кога идеш и ко гласник известуваш за она шо си го видел, ти уствари се ставаш у улога на оној кој ќе суди и ќе решава што со нивниот интимен однос (у кој и без тоа едвај има место за тројца, а не па и за четврт нос кој ќе се пика у туѓи манџи)

Плус, гласникот, баш пошо сака да се става ко судија, редовно наебуе. Двете странки (извараниот и оној шо вара) имаат тенденција, индиректно да го обвинуваат оној кој им кажал за неверството, пошо им ја срушил илузијата. А, највесело е кога парот ипак ќе се измири...тогаш ти ко гласник, по правило стануеш непожелен и наебуеш.
 
Ако ми е блиска особата што е изневерена би и кажала без размислување,колку и да е болно тоа за нивната врска не би сакала да носи "рогови".Зарем не е доволно што е изневерен/а од партнерот,па уште и јас да го/ја изневерам со самото тоа што лицемерно ќе го премолчам неверството од партнерот?:nenene:
А ако сум сведок на неверство на некоја не толку блиска особа,едноставно би си премолчила.
 
Не знам колку е лицемерно да ќутиш, пошо у суштина, све шо се дешава у креветите и "останатите соби" на двајца (или у случајов, тројца луѓе) is none of mine business.

Може евентуално да се напраи муабет со оној кој изневерува, да се разменат ставови...али нишо поише. Пошо, кога идеш и ко гласник известуваш за она шо си го видел, ти уствари се ставаш у улога на оној кој ќе суди и ќе решава што со нивниот интимен однос (у кој и без тоа едвај има место за тројца, а не па и за четврт нос кој ќе се пика у туѓи манџи)

Плус, гласникот, баш пошо сака да се става ко судија, редовно наебуе. Двете странки (извараниот и оној шо вара) имаат тенденција, индиректно да го обвинуваат оној кој им кажал за неверството, пошо им ја срушил илузијата. А, највесело е кога парот ипак ќе се измири...тогаш ти ко гласник, по правило стануеш непожелен и наебуеш.

Без оглед што вака кажано изгледа сосем во ред, сигурно мислиш дека е правилна таквата постапка? Што ако (пу пу пу) твоја блиска другарка го фати твојот дечко со друга. Сакаш да ти премолчи и да ти се смее или сожалува уз секое кафе кое ќе си го пиете или сакаш да ти каже што знае?
Знам дека е лошо да си таков гласник, ама па подобро ќе соберам храброст и ќе кажам без оглед на последиците, отколку моја блиска личност да гледам лажно среќна. Да не дискутирам за тоа колку е уште полошо изневерената личност да дознае дека сме знаеле, а не сме и кажале. Од трите, јас во случајов би го избрала пократкиот:)
 
Јас би зборувала со субјектот-преварант, не со изневерениот. Овa ако станува збор за блиски луѓе. Ако го видам дечкото на другарката на другарка ми, колај работа! Не е моја одговорност да се грижам за нечиј живот и постапки, уште помалку да судам и да придонесувам за нечија иднина во која јас не сум ама баш никаков фактор. Ако тој ја изневерува а цурата не приметува дека нешто не чини, тогаш претпоставувам дека и да кажам малата нема да ги симне бајковитите, розеви наочари. Living in а pink illusion feels good. Фраерот ќе ја убеди дека не е така и...?

Зборувам за константно изневерување, емоционална и физичка афера. Крај краева, кога ќе го видам јас Јанко како ја изневерува Јана, од каде да знам дали се работи за one night stand или нешто подлабоко.
Затоа реков, прво збор два со оној кој прекршува божја заповед, која и да е по ред!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom