Да и помогнеме на Јулијана!

  • Креатор на темата Креатор на темата Princ
  • Време на започнување Време на започнување
P

Princ

Гостин
Прилогов го прочитав на сајтот на А1 а и го видов на вестите.

----------
Ѓорѓиевска Јулијана има атрофија на мозокот. Последните 4 години таа е врзана за креветот. Првите симптоми на болеста се јавиле на новогодишната ноќ пред 12 години, кога Јулијана добила епилептичен напад.
Оттогаш болеста напредува, сега таа на 37 години не може да се движи ниту да зборува.
Во куќата од 30 метри квадратни во скопската населба Кисела Јабука за неа сама се грижи нејзината мајка Виолета.
„Сама се грижам за неа, сама за леб, сама за лекарства, сама за матичен доктор. Гледа на телевизија Коледе ќе се прави, Нова година, празници се ближат, и само си кажува, мамо празници се ближат. Кај мене никој не сака да дојде да ме види“, изјави, Виолета, мајка на Јулија.
На температури под нулата греење имаат доколку соседите им донесат дрва. Целата пензија од 10 илјади денари ја трошат за лекови пелени и превоз за до лекар. Виолета сама ја крева својата ќерка.
Како последица на тоа има здравствени проблеми. Треба веднаш да оди на операција но на тоа не се осмелува бидејќи нема каде да ја остави Јулијана.
„Кој ќе се нафати со ваква дијагноза да чува дете. Јас сум родител па многу ми е страв кога ќе дојдат тие моменти, верувајте“, вели Виолета.
Јулијана не прима помош за туѓа нега. Побарале и инвалидска пензија но веќе една година чекаат одговор од комисијата.
На божиќ во нивниот дом владее тага и надеж дека еден ден празничната среќа ке дојде и во нивното семејство.
----------

Ова мислам дека е од ужасно поужасно. 37 годишна жена е дојдена на таа мака. Во овој случај и сите останати слични случаеви државата е онаа која треба да помогне со основните работи, но ете, како и во се друго и тука попуштила. Ама затоа ние сме овде, нели?
Сакам да ве замолам да и помогнеме како што можеме и колку што можеме на Јулијана. Според она што го видов во прилогот, имајќи ја во предвид нејзината здравствена состојба и околностите во кои живее, знаејќи дека и требаат дрва, лекови, пелени... дојдов до идеја да собереме некоја пара па да и ги однесеме. За таа цел спремен сум уште утре да отворам посебна жиро сметка во банка специјално за оваа намена па да почнеме да префрламе кој колку што може, и 100 денари се доволно.
Се надевам овој мој повик ќе допре до сите вас и ќе придонесете барем трошка да и го олесниме животот на Јулијана.

Се согласувате со мене, можам да сметам на вас?
 
Би било згодно и да се отиде до мобилниве оператори за бројче мислам дека ќе биде полесно за донирање...се надевам ќе успееме колку толку да и помогнеме
 
Се сложувам дека подостапно за сите е бројче на некој оператор. Јас не знам тоа како се изведува и што е потребно, ама ако можеш Принц, јас, а и многу кои би прочитале би донирале.
 
Отвори жиро-сметка или мобилна телефонска линија за помош и објави ги на форумов.
 
Се обидувам да стапам во контакт со т-мобајл за број, ама тоа ќе биде многу тешко... бирократија тешка е да добиеш таков број, плус верувам дека уште потешко ќе биде бидејќи ние бараме број за да помогнеме некому, не сме директно "загрозените". Но се трудам и во тоа поле. Најдов број од одговорни во Т-мобајл за таа работа, се трудам да ги добијам но не ми креваат.

Сега инаку ќе појдам до ПроКредит да отворам жиро сметка само за оваа намена. Штом се вратам ќе ве известам за бројот па секој што сака, нека прати нешто пари деновиве. Една недела ќе собираме што можеме, до наредниот петок на пример (16.01.2009) и ќе појдеме да ги однесеме парите. Инаку, откако ќе ја завршиме акцијава ќе побарам изводи од банката и ќе ги објавам на интернет за да биде се транспарентно.

Едит: Ги добив од Т-Мобајл. Ми беше кажано дека треба да соберам лекарска документација од Јулијана, да дадам барање во нивна дирекција за телефонски број, па бордот на директори ќе го разгледал барањето и доколку го одобри ќе ни доделеле број.
Бидејќи на Јулијана не и треба одредена сума на пари со коишто би го оправдале бројот, мислам дека најдобро е сепак да останеме на жиро сметка. Се согласувате?

Уште еден едит: Тукушто го добив бројот на мајка и на Јулијана од новинарот на А1 кој го објави прилогов (фала Елена).

Отворена е денарска штедна сметка во ПроКредит Банка само за оваа намена.

Вашите прилози можете да ги пратите на
Сметка број: 380210411402174
Банка: ПроКредит
со ознака: За Јулијана

Ајде луѓе, на Јулијана и е потребна нашата помош!
 
Браво за иницијативава. Сметката запишана, па до наредниот петок, кога ќе можам, ќе уплатам!
 
Уште една информација.
Се слушнав со мајка и на Јулијана, сакав да ја прашам инвалидска количка дали им треба, ми кажа дека имаат каква-таква.
Исто така, ја известив за инцијативава, ми се заблагодари и ми кажа дека е добредојдена секоја помош.
А да, неколку пати ни посака на сите многу здравје.
 
Од сестрата на малата Стефанија и јас сакам колку толку да помогнам ако неможе бројче некоја жиро сметка.Ве молам побргу.Знам што значи помош во ваква ситуација.Ги молам сите кој имаат поголеми сретства да помогнат.
 
Од сестрата на малата Стефанија и јас сакам колку толку да помогнам ако неможе бројче некоја жиро сметка.Ве молам побргу.Знам што значи помош во ваква ситуација.Ги молам сите кој имаат поголеми сретства да помогнат.
Ќе се цитирам себеси :)
Отворена е денарска штедна сметка во ПроКредит Банка само за оваа намена.

Вашите прилози можете да ги пратите на
Сметка број: 380210411402174
Банка: ПроКредит
со ознака: За Јулијана
 
Денес пристигна првата донација. Ви благодарам.

Принц, Принц, Принц....


Принц, Принц, Принц....
Принц, Принц, Принц....
Принц, Принц, Принц....
Принц, Принц, Принц....
Принц, Принц, Принц....
Принц, Принц, Принц....
Принц, Принц, Принц....
Принц, Принц, Принц....
Принц, Принц, Принц....
Принц, Принц, Принц....
Принц, Принц, Принц....
Принц, Принц, Принц....


Некогаш, навистина сум горд (ама НАВИСТИНА) шо познавам вакви луѓе!!!!!

*иако гордоста е грев, нели :)


Прва прилика, донирам!
И ќе се обидам да раширам инфо што повеќе можам.

За почеток, блогери, копирајте ги постовите на принц или извлечете ја поентата...или Принц нека спреми некој краток текст - кој би го ширеле насекаде по нет....

Ајмо!
 
Стварно ми падна жал коа ја гледав Јулијана на ТВ и обавезно донирам .. Жими мене.. не се само празни збороциви:nesum:
 
Јас донирав сега ги молам сите да помогнат.Божица сестра на малата Стефанија.
 
Уште една благодарност до Божица, нека е здрава и жива.
 
Да ве потсетам само дека уште се собираат средства за Јулијана.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom